Потребно време за читање: 18 минути

90. Слобода-Ропство-Независност

Може ли човек да биде слободен меѓу заробени и во ропство? Се разбира дека не може.
Може ли човек  да биде независен меѓу зависни? Се разбира дека не може.
Може ли човек сам да се бори и да се избори за сопствената слобода? Секако не.
Може ли човек да
се бори за сопствено слободоумие против заробени умови?Секако може.
Што е суштина на човековата слобода и независност

Македонски народни пословици и изреки

Ако немаше темница, ич не ќе се милуаше виделината.

Ако немаше темница, не ќе требаше свеќа.

Со топуз чес не се крепит.

Зулум дури не биди, Царсто не гинит.

Зулумот кога навали, луѓето тргаат триста маки.

Од апсаана потамо нема, нема да му се бојам.

Пословици и изреки на народи во светот

Ако ја пуштиш рибата во сад со вода, не мисли дека си ѝ дал слобода. (Корејска)

Слободата за едно општество е она што е здравјето за поединецот. (Српска)

На слободата не ѝ е потребен папа. (Бугарска)

Богатството е убаво, но слободата е уште поубава. (Монголска)

Робот не го избира својот господар. (Мадагаскарска)

Домисла, гесло, мисла водилка

Биди слободен, но имај на ум дека твојата слобода е подложна на слободата на други.
Анонимус

Латински изреки

Да ѝ се отвора пат на слободата. (Libertati viam facere.)

Рекле, издумале

Кој е слободен? Само мудрецот кој знае да владее со себе, кој не се плаши од сиромаштија, окови и смрт; кој знае да им пркоси на страстите и да ги презира славата и почестите.
Хорациј

Слободен е оној што ништо не сака и од ништо не се плаши.
Жил Петие

Човекот е слободен само тогаш кога ѝ служи на вистината.
Лав Николаевич Толстој

Човекот живее со дух, а не со тело. Ако го сфати тоа, тогаш можеш да го оковаш во синџири и да го фрлиш во зандана, а тој секогаш ќе остане слободен.
Лав Николаевич Толстој

Кој сам не мисли, се потчинува на мисли на други, а потчинувањето на својата мисла на туѓа значи ропство кое понижува повеќе од ропството на телото.
Лав Николаевич Толстој

Има ли човек на овој свет што не му робува никому или на нешто?
Емилио Чеки

Може ли од орел да се очекува да се вивне во висини и да ја почувствува величестевената убавина на бескрајните пространства ако е прикован?
Јохан Волфганг Гете

Законодавци или револуционери кои ветуваат целосна еднаквост и слобода или се утописки сонувачи или измамници.
Јохан Волфганг Гете

Слободни сте ако ви е чиста совеста.
Јохан Волфганг Гете

Колку имаме помалку потреби, толку сме послободни.
Чезаре Канти

Ако разумно дејствуваме, ќе бидеме слободни; ако допуштиме со нас да владеат слабости и страсти, ќе станеме робови.
Готфрид Вилхелм Лајбниц

Сите им се покоруваме на законите за да бидеме слободни.
Марко Тулиј Цицерон

Слободата е можност на живеење како што сакаш.
Марко Тулиј Цицерон

Единствено мудрецот е слободен.
Марко Тулиј Цицерон

До некоја мера ропството го споредив со смртта.
Марко Тулиј Цицерон

Роб е оној што очекува други да го ослободат.
Езра Паунд

Слободата не е вредна ако не ја вклучува и слободата да се греши.
Махатма Ганди

Насилни средства ќе дадат насилна слобода.
Махатма Ганди

Слободата е како воздухот; не се чувствува сè додека не почне да исчезнува.
Вилјем Гледстон

Слободата е како парите; на едни им помага, други расипува.
Фридрих фон Халденберг ди Новалис

Постојат две добри работи во животот: слобода на мислата и слобода на акцијата.
Сомерсет Могам

Вистинска зависност, достојна за слободен и зрел човек, е покорување на законите на моралот.
Божидар Кнежевиќ

Слободата мора да има свои граници.
Станислав Јержи Лец

Умно независни се единствено гениите и глупаците.
Станислав Јержи Лец

Не може да се свират песни на слободата со помош на инструменти на насилството.
Станислав Јержи Лец

Ропството го прави пријателството невозможно.
Гинтер Штајнер

Никој не е слободен кој му служи на телото.
Луциј Анеј Сенека

Среќните робови се најлути непријатели на слободата.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Слободата не може да се сочува без општо знаење меѓу луѓето.
Џон Адамс

За човек да биде слободен потребни се две нешта: да сака и да умее да биде слободен.
Жил Франсоа Симон

Кога ќе фати корен, слободата е билка која брзо расте.
Џорџ Вашингтон

Милостиња бараме со отворена, слобода со затворена дланка.
Франческо Доменико Гераци

Одрекувањето од слобода значи исто што и одрекување од своето човечко достоинство, човечките права, па дури и своите должности.
ЖанЖак Русо

Слободата е можност на избор на сопствени окови.
Жан-Жак Русо

Парите кои ги има човекот се оружје на слободата. Парите по кој човекот трча се оружје на ропството.
Жан-Жак Русо

Слободата на човекот не е во тоа да може да прави сè што сака, туку во тоа да не мора да го прави она што не го сака.
Жан-Жак Русо

Мене ми е подрага опасната слобода одошто мирно и сигурно ропство.
Жан-Жак Русо

Ништо не е полесно одошто во име на надворешната слобода да му се уништи внатрешната слобода на човекот.
Рабиндранат Тагоре

Да се излезе од границите на  нашата сензибилност и нашата ментална претстава, како и да се постигне бескрајна слобода, такво е значењето на бесмртноста.
Рабиндранат Тагоре

Јас сум слободен, без оглед на правилата што ме опкружуваат.
Роберт Ансон Хајнлејн

Слободата значи одговорност. Затоа повеќето стравуваат од неа.
Џорџ Бернард Шо

Сè додека имаме затвори, малку е важно кој од нас престојува во ќелии.
Џорџ Бернард Шо

Да се биде заробеник, тоа не е прашање; станува збор само за тоа човек никогаш да не се предава.
Назим Хикмет Ран

Ми рекоа: „Ако најдеш заспан роб, не буди го-можеби сонува за слобода“. Јас одговорив: „Ако најдеш заспан роб, разбуди го и зборувај му за слобода“.
Калил Џибран

Природата ми рече: не биди сиромав; уште помалку: биди богат. Но ми клика: биди независен.
Калил Џибран

Трудбеникот му робува на трговецот, трговецот му робува на војникот, војникот му робува на гувернерот, гувернерот му робува на кралот, кралот му робува на верскиот поглавар, верскиот поглавар му робува на идолот, а идолот е само земја од која го создале сатаните и го поставиле на рид од черепи.
Калил Џибран

Да се биде сиромав и независен е речиси невозможно.
Вилијам Кобет

Луѓето се борат за слобода, а најчесто го менуваат господарот.
Џорџ Савил Халифакс

Кога слободата би ја уживале само оние кои знаат што значи таа, на светот не би имало многу слободни луѓе.
Џорџ Савил Халифакс

Моќта е наклонета кон бес, а слободата кон дрскост, и поради тоа ретко се во добри односи.
Џорџ Савил Халифакс

Ниедна птица не лета премногу високо ако лета со сопствени крилја.
Вилјем Блејк

Додека не се покориш, не си изгубен. Исто тогаш, кога ќе ја бакнеш ногата што те гази, исто тогаш си роб и тоа засекогаш.
Владимир Фран Мажураниќ

Ако твојата слобода повредува други, не си слободен.
Свами Вивекананда

Слобода значи: да се биде слободен од сите илузии.
Свами Вивекананда

Ако се осмелиш да кажеш дека си слободен, од тој час ти си слободен.
Свами Вивекананда

Само глупавите самоволието го нарекуваат слобода.
Тацит

Својата независност да ја започнеме со тоа што за некоја година однапред на сите свои познајници ќе им обезбедиме помилување на гревовите од секој вид.
Фридрих Вилхелм Ниче

Слободата е волја да бидеме одговорни за себе.
Фридрих Вилхелм Ниче

Ако си роб, не можеш да бидеш пријател. Ако си тиранин, не можеш да имаш пријатели.
Фридрих Вилхелм Ниче

Да биде самостојно помало малцинство, тоа е привилегија на јаки.
Фридрих Вилхелм Ниче

Најдобрите подароци што можете да им ги дадете на своите деца се корени на одговорноста и крилја на независноста.
Денис Вајтлеј

Независноста на мислите е најблагородна аристократија.
Рене де Шатобријан

Светот е независен од мојата волја.
Лудвиг Витгенштајн

Секој облик на зависност е лош, било тоа да е алкохол, дрога или идеализам.
Карл Густав Јунг

Претераната слобода секој да работи што сака нема да биде во состојба да го задржи злото што живее во секој човек.
Аристотел

Оној што ќе ги надмине своите стравови, ќе биде вистински слободен.
Аристотел

Светот никогаш го немал добро дефинирано зборот слобода.
Абрахам Линколн

Ропството се темели на себичноста на човековата природа-спротивставувањето му е негова љубов спрема правдата. Овие принципи се вечен антагонизам и кога се доведуваат во судир така жестоко, како што ги донесува продолжувањето на ропството, шоковите и грчевите мораат да следат непрестано.
Абрахам Линколн

Слободата на печатот е темел на политичката слобода.
Томаш Масарик

Кај што постои еден, нема слобода.
Шарл Монтескје

Слободата е добро што ни овозможува да уживаме во други добра.
Шарл Монтескје

Независноста не е во одбивањето, таа е во избирањето.
Леополд Седар Сенгор

Гладен човек не е слободен човек.
Едлај Евинг Стивенсон II

Моја дефиниција за слободно општество е општество во кое е безбедно да се биде непопуларен.
Едлај Евинг Стивенсон II

Најубавите соништа за слободата се сонуваат во зандана.
Фридрих Шилер

Железниот синџир и свилениот гајтан се подеднаква врска.
Фридрих Шилер

Понекогаш е побезбедно да се биде во синџири одошто во слобода.
Франц Кафка

Дали слободата ќе умее да пее како што робовите пеат за неа?
Бранко Миљковиќ

Гулабот станува орел кога се отима да излезе од замка.
Мохамед Икбал

Политичка слобода и мир-тоа се две страни на иста идеја.
Жан-Батист Ерио

На слободата ѝ се заканува опасност не од јаки, туку од слаби владетели, зашто државата ја укинува слободата тогаш кога ќе ѝ се закани опасност.
Едвин Томас Мередит

Слободата која не знае на себеси да си постави граници неизбежно преминува во анархија.
Јован Шера

Слободата и еднаквоста се наши права, братството е наша должност.
Алфред Фулие

Помеѓу слободата и здравјето сличноста е во тоа што нивната вистинска вредност ја осознаваме дури откако ќе ги изгубиме.
Анри-Франсоа Бек

Слободата не е доволно да се стекне, туку е многу поважно да се стане достоен за слобода.
Иво Андриќ

Слободата на мислите може да постои само тогаш, кога државата верува дека е сигурна.
Бертранд Расел

Слободата не е никаква привилегија што може да се ужива; таа мора постојано одново да се освојува за да се одржи.
Бертранд Расел

Машините се почитуваат зашто се убави и ценети и даваат моќ, а ги мразат зашто се грозни и одвратни и наметнуваат ропство.
Бертранд Расел

Со милост божја во нашата земја имаме три драгоцени нешта: слобода на говорот, слобода на мислењето и разборитост да не користиме ниедна.
Марк Твен

Слободата е секогаш само слобода на оној што мисли поинаку.
Роза Луксембург

Народ кој со своето однесување признае дека за време на војна опсадната состојба е нужна, признал и дека е одвишна и политичката слобода.
Роза Луксембург

Најголемите тешкотии за човекот почнуваат тогаш кога ќе стекне слобода да прави што сака.
Олдоус Хаксли

Никој не може да ја затвори човековата душа-и во зандана таа останува слободна.
Хенри Дејвид Торо

Тајната на слободата почива во храброста.
Перикле

Подобро да се умре борејќи се за слобода одошто да се робува цел живот.
Боб Марли

Ослободете се себеси од менталното ропство. Ништо освен вас не може да го ослободи вашиот ум.
Боб Марли

Алчноста е постојано ропство.
Али Ибн Аби Талиб

Не сум ослободител. Ослободители не постојат. Луѓето самите себеси се ослободуваат.
Че Гевара

Слободата не е ништо друго, освен шанса да бидеш подобар.
Албер Ками

Слободата значи пред сè да не се лаже. Таму кај што се множи лагата, се најавува тиранија или таа продолжува.
Албер Ками

Човекот е секогаш слободен на нечија туѓа сметка.
Албер Ками

Бунтот не е никакво барање за семоќна слобода. Напротив, тој води процес против семоќната слобода. Бунтовникот сака да се признае фактот дека слободата има граници кај што се наоѓа некое човечко суштество, зашто границата е токму моќ на бунт на тоа суштество.
Албер Ками

Чудна желба е тоа: да се бара власт и да се изгуби слобода; или: да се бара власт над други, а да се изгуби над самиот себе.
Френсис Бекон

Од слободен човек не може да се направи роб, зашто слободниот човек е слободен и во затвор.
Платон

Човекот станува слободен со своја одлука, отпор и несогласување.
Меша Селимовиќ

Тајната на среќата е слободата. А тајната на слободата е храброста.
Тукидид

Сè на човек може да му се одземе, освен последната од човечките слободи-право на избор на став во какви било дадени околности, право на избор на сопствен пат.
Виктор Франкл

Препорачувам Кипот на слободата на Западниот брег да се дополни со Кип на одговорноста.
Виктор Франкл

Не е доволно само да се живее!-рече пеперугата. Потребно е да се има малку сонце, малку слобода и малку цвеќе!
Ханс Кристијан Андерсен

Ако слободата значи што било, тогаш значи право на луѓето да го кажат она што не сакаат да го слушнат.
Џорџ Орвел

Бракот е двобој кај што загинува личната слобода.
Плутарх

Слободата и радоста не постојат надвор од тебе. Кажи дека се во тебе и во тебе се. Кажи дека се твои-и твои се.
Ричард Бах

Вие сте секогаш слободни да го промените своето мислење и да изберете поинаква иднина или некое друго минато.
Ричард Бах

Повеќе слобода им давата не луѓето да прават добро, повеќе слобода кога морате лошото да го направите добро.
Тед Вилијамс

А покорноста на законот, што сме си ја припишале на самите себеси, е слобода.
Имануел Кант

Историјата на светот е напредување на свеста за слобода.
Георг Вилхелм Фридрих Хегел

Природно право е слободата, а натаму одредувањето на истото е еднаквост пред законот.
Георг Вилхелм Фридрих Хегел

Конформизмот е затворски чувар на слободата и непријател на напредокот.
Џон Фицџелард Кенеди

Најдобар пат во прогрес е патот на слободата.
Џон Фицџералд Кенеди

Слободата е често фраза, а тиранијата секогаш вистина.
Бранислав Нушиќ

 

Владите кои не дозволуваат слобода на говорот, зашто на тој начин шират вистини кои на владите им се товар, работат сосема иста работа како дете кое ќе ги затвори очите за никој да не го види.
Лудвиг Борн

 

Разликата меѓу слободата и слободите е толку голема, како меѓу бог и боговите.
Лудвиг Борн

 

Човекот е слободен ако може да избере, а може да избере ако доволно знае за да може да спореди.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА, 135

Карл Маркс

 

Слободата не може да се спушти до луѓето; луѓето мораат да се извишат до неа; тоа е благословот кој најнапред треба да се заслужи, а потоа во него да се ужива.
Чарлс Калеб Колтон

 

Јас само барам да бидам слободен. Пеперугите се слободни.
Чарлс Дикенс

 

Слободниот човек мисли што сака, а јаде што има.
Брана Црнчевиќ

Не постои поголема слобода од онаа да бидеш свој. Подари си го на себеси тој подарок и опкружи се со луѓе што те ценат токму поради тоа што си.
Дое Зантамата

Образованието е клуч за отклучување на златната врата на слободата.
Џорџ Вашингтон

Кога ќе фати корен, слободата е растение што брзо расте.
Џорџ Вашингтон

А слободните луѓе би требало…да бидат вооружени.
Џорџ Вашингтон

Единствен вистински затвор е стравот, а единствена вистинска слобода е да се ослободиш од страв.
Аунг Сан Су Чи

Секое човечко суштество има четири основи: самосвесност, совест, слободна волја и креативна фантазија. Тие ни даваат ултимативна човечка слобода-моќ да избираме, реагираме и менуваме.
Стивен Ричардс Кови

Слободата е моќ да кажеме не.
Џејмс Клир

Лесно е да се сфати слободата на лесен начин, ако никогаш не ти била ускратена.
Дик Чејни

Прифаќам дека луѓето ќе ме нарекуваат со одвратни имиња секој ден, и засекогаш ќе го штитам нивното право да го прават тоа.
Барак Обама

Слободата е единственото нешто што не можете да го имате доколку не сте подготвени да го делите со други.
Ралф Валдо Емерсон

Мислам дека мораме да се ослободиме од ропството или мораме да се ослободиме од слободата.
Ралф Валдо Емерсон

Не постои само слободна држава која сега би ја воспоставиле, а не постои ни држава на роб која, да имала слободна алтернатива како што имаме сега, би основала ропство.
Вилијам Хенри Сјуард

Човекот е суштество што е осудено нуждата да ја претвори во слобода.
Хозе Ортега и Гасет

Слободата на изборот е нешто што го земаме здраво за готово, сè додека некој не се обиде да ни го одземе.
Маргарет Тачер

Слободата е она што го работите со она што ви е дадено.
Жан Пол Сартр

Луѓето бараат слобода на говорот која ретко ја користат; јас компензација за слобода на мислата.
Серен Кјеркегор

Оној што е зачнат во кафез, копнее по кафез.
Евгениј Евтушенко

Лесно е да се ослободиш; тешко е да се биде слободен.
Андре Жид

Ниедно злосторство што го прави човекот за своја слобода не може да биде толку големо, како злосторството на оние што му ја ускратуваат слободата.
Ерих Фром

Во време на финансиска несигурност не може да има индивидуални слободи.
Честер Боулс

Човек не може да биде слободен ако не владее со себе.
Епиктет

Слободата е наше ракување со сè она што мораме да го сакаме.
Гане Тодоровски

Слободата е корка на леб.
Весна Парун

Секој човек е роден слободен.
Жак Рабемананџарам

Слободата…е смртна, ние знаеме, и е создадена
Во претстава на едноставни луѓе кои не сакаат крвопролевање,
Но порадо убиваат и умираат, одошто да ја видат таа слика изневерена.
Сесил Даг Левис

Кај што секој го прави она што го сака, таму владее анархија; а слободата владее таму кај што секој го прави она што никој друг не би можел да го прави подобро.
Мартин Кесел

Мораме да бидеме слободни не затоа што бараме слобода, туку затоа што ја спроведуваме во дело.
Вилијам Фокнер

Реков дека слободата е илузија, фикција…Никогаш не се работеше за слобода. Секогаш се работеше за власт, за земја, за леб, за работа. Сè уште ниедно општество не можело на сите да им пружи еднакви права. Слободата е единствено научен поим, и поетски. Но на секоја политика ѝ е потребна песна…
Јуш Козак

Слободата е право на човечка работа.
Арчибалд Маклиш

Секако, дисциплината е круна на слободата. Во неред и во анархија не може да се напредува.
Алфонсо Рејес

Слободните духови не сакаат да избегаат од светот. Тие се обидуваат да го поправат.
Сарвапали Радакришнан

Слободата не е гола енергија која е самата на себеси цел и со која не управува разумот. Слободата е мислење зашто е одлучување меѓу пониски и повисоки можности.
Јозеф Чапек

Луѓето се борат за слобода и ја постигнуваат со тешка мака. Нивните деца, израснати во мир, пуштаат да им се оттргне, јадни луѓе. И нивните внуци се повторно робови.
Дејвид Херберт Лоренс

Слободата не е само аспект на човечкиот живот, како што е богатството или бедата, мирот или војната, здравјето или болеста. Слободата е самата суштина на животот.
Салвадор де Мадаријага

Ние порадо би умреле на нозе одошто да живееме на колена.
Франклин Делано Рузвелт

Природата е најдобриот учител на слободата; зашто е сè слободно што во неа дише и оди, сè освен човекот.
Антун Густав Матош

Сè што е живо се стреми кон слобода, а сепак секое битие е вљубено во своите окови. Тоа е првиот парадокс и неразрешлив јазол на нашата природа.
Шри Ауробиндо

Слободата не е само идеја, апстрактен поим. Таа е моќ.
Џон Дјуи

Оние што го познаваат обичниот живот на сиромавиот…ќе увидат дека без економска сигурност слободата не вреди ништо.
Харолд Џозеф Ласки

Слобода без идеал многу повеќе штети одошто користи.
Артуро Граф

Среќаваме многумина луѓе кои зборуваат за слобода, но наоѓаме многу малку кои сиот свој живот не го посветиле на тоа на себеси да си исковаат окови.
Гистав Ле Бон

Слободата не е средство за повисока политичка цел. Таа самата е највисока политичка цел.
Џон Далберг Актон

Најсигурно мерило со кое ја оценуваме стварната слобода на некоја земја се границиите на сигурност што ги ужива малцинството.
Џон Далберг Актон

За човекот нема ништо попримамливо од слободата на неговата совест, но ни ништо потешко.
Фјодор Михајлович Достоевски

Што се однесува на слободата, вистина е дека човекот е создаден за слобода.
Јосип Јурај Штросмаер

Кому му се допаѓа слободата, нека му се допаднат и трошоците што одат со неа; бесплатна е само смртта; слободата чини неволи, опасности, а и пари.
Ференц Дек

Да се биде слободен, тоа значи да се има право да се прави сè што не е на штета на други.
Анри-Доминик Лакордер

Деспотизмот на незаконит начин создава големи нешта, а слободата не се труди ни легално да направи ситници.
Оноре де Балзак

Човекот е слободен кога не се плаши од ништо и ништо не сака.
Луј-Август Петиет

Не смееме да очекуваме дека од деспотизам во слобода ќе бидеме пренесени во кревет од перје.
Томас Џеферсон

Веруваме дека среќата е плод на слободата, а слободата плод на смелоста.
Карл Попер

Отповеќе сакам други да ја почитуваат мојата слобода, а јас да не би ја почитувала слободата на другите.
Франсоаз Саган

Да се биде добар значи да се биде слободен со душа. Човек кој постојано се жали на некој, кој без престан се плаши од нешто, не може да биде слободен со душа-тој гледа а не гледа, слуша а не слуша, јаде а не чувствува никаков вкус.
Конфучиј

Да се биде среќен значи да се биде слободен; не од болка или од страв, туку од грижа или тегобност.
Вистан Хју Одн

Бракот е лутрија во која мажите ја вложуваат својата слобода, а жените својата среќа.
Рене Антоан

Човек без разум исто така е без волја. Кој нема разум, дозволува да биде заведен, заслепен и да биде употребен како средство. Слободен е и независен само оној што мисли.
Лудвиг Андреас Фоербах

До ропство доаѓало пред сè затоа што оние што сакале да бидат оставени на мира не умееле да се тргнат од патот на оние кои уживале во насилство. Во текот на целата историја насилниците победувале зашто буделе туѓи вродени стравови.
Теодор Зелдин

Додека моравме да се бориме за слобода, знаевме што ни е цел. Сега имаме слобода и повеќе не знаеме што сакаме.
Вацлав Хавел

Вториот дел од животот кај паметниот човек се состои во ослободување од лудостите, предрасудите и погрешните мислења што ги стекнал во текот на првиот дел од животот.
Антон Павлович Чехов

Држи ја среќата како птица: што понежно и полесно! Ако се чувствува слободна, радо ќе ти остане во раката.
Џемс Џојс

Духот на вистината и духот на слободата-тоа се столбови на општеството.
Хенрик Ибзен

Кај што постои слобода-таму е мојата земја.
Бенџамин Франклин

Оние што не можат да се одрекнат од малку сопствени слободи за да постигнат малку привремена сопствена сигурност, не заслужуваат ни слобода ни сигурност.
Бенџамин Франклин

Иако имаме слобода на мислата и дејствувањето, ние се држиме заедно како ѕвездите на небескиот свод со неразделни врски. Овие врски не можат да се видат, но можеме да ги почувствуваме.
Никола Тесла

Кога навистина почнав да се сакам себеси се ослободив од сè што не беше здраво за мене: од храна, луѓе, ствари, ситуации и сè друго што ме влечеше кон дното, а подалеку од мене самиот. На почетокот тоа го нарекував здрав егоизам, но денес знам дека е тоа љубов спрема самиот себе.
Чарли Чаплин

Човечката слобода може секогаш да биде слобода на праведни заемни односи, слобода во праведноста, инаку станува лага и води во ропство.
Јозеф Рацингер-Папа Бенедикт XVI

Ние од искуство знаеме дека експлоататорот никогаш со слободна волја не дава слобода, значи таа мора да биде барање на експлоатираните.
Мартин Лутер Кинг

Толку сум храбар што верувам дека луѓето ширум светот можат да имаат по три оброци дневно за своето тело, образование и култура за својот дух и достоинство, еднаквост и слобода за нивната душа.
Мартин Лутер Кинг

Морате да имате некое макар тајно место каде што ќе правите глупости. Глупоста му е потребна на здравјето. Слободата да се прават глупости е здрава привилегија за која морате сами да се изборите.
Душко Радовиќ

Ниеден човек што не може да се контролира не е слободен.
Питагора

Не е никој против слободата воопшто. Човекот е обично против слободата на друг човек.
Влада Булатовиќ-ВИБ

Никаква надворешна слобода не може да се постигне без внатрешен мир.
Сри Чинмој

Слободата на говорот е целата работа, целата приказна. Слободата на говорот е самиот живот.
Салман Ружди

Слободата постои само кога е присутна љубовта. Оној што сака со целото свое битие, се чувствува слободен.
Пабло Неруда

Слободата вреди да се плати.
Жил Верн

Што сè уште му недостасува на човекот, најдобро покажуваат ветувањата. На народи за кои се тврди дека се слободни-им се ветува слобода, на оние за кои се мислело дека се сити-им се ветува леб.
Матија Беќковиќ

Вистинската смисла на политииката е втемелување, трајно зацврстување и самоодржување на слободата во облик на држава. Политиката во таа смисла сака слобода за сите.
Карл Теодор Јасперс

Судирот е татко на сè: едни ќе ги направи богати, а други не; едни робови, а други слободни.
Хераклит

Соочи се со својот најдлабок страв. Потоа стравот ја губи силата. Исчезнува и основниот страв-стравот од слободата. Најпосле си слободен.
Џим Морисон

Доколку кој било си допушта на себеси слобода да ги крши законите на општата правда што се воспоставени поради зачувување на овие работи, неговата дрскост треба да се запре со страв од казна, а таа се состои во одземање или намалување на граѓанскиот интерес или добра кои тој инаку би можел и би требало да ги ужива.
Џон Лок

Доколку не веруваме во слободата на говорот на луѓето што ги презираме, тогаш не веруваме во неа воопшто.
Ноам Чомски

Би сакала секој човечки живот да можел да биде чиста проѕирна слобода.
Симон де Бовоар

За слободата плаќаш со целиот себе-значи тоа го нарекуваат слобода; можеш, плаќајќи постојано, секогаш одново да се поседуваш себеси.
Карол Војтила

Сакам да имам слобода да правам што јас сакам.
Пол Волкер

Знам кај одам и ја знам вистината. Не морам да бидам она што вие сакате да бидам. Слободен сум да бидам она што јас сакам.
Касисус Маселус Клеј

Само робовите сметаат дека нема граници.
Иван Раос

Ропството е резултат пред сè само на робот. Кога робот ќе престане во својата душа да се чувствува таков, ропството исчезнува само по себе.
Ѓорче Петров

Ропство, тоа е: молчење.
Добрица Ќосиќ

Ако на ситни духови им падне на памет некоја добра мисла, тие повеќе не можат да се ослободат од неа. Таа мисла ги држи цврсто како магнет; имено, таа е поголема од нив.
Фридрих Хебел

Кај што е работата принуда-животот е робија.
Максим Горки

Ако постои држава, тогаш постои доминација, а за возврат постои ропство.
Михаил Бакуњин

Наследството на ропството доаѓа од континуирани политички, правни и економски напори трајно да се поврзе цела група луѓе со сиромаштија-и таа системска обесправеност да се мистифицира со измислување на нешто што се нарекува раса, што би можело да послужи како дистракција.
Сара Бартлет Черчвел

Расизмот е учинок на ропството, а не обратно. Кога еднаш е укинато ропството, не само што не исчезнал расизмот, туку ни економскиот систем што го поддржувал.
Сара Бартлет Черчвел

Ропството е секаде илегално, но постои во целиот свет.
Лиза Кристин

Религијата никогаш не може да го реформира човештвото зашто религијата е ропство.
Роберт Грин Ингерсол

Како ропството и апартхејдот, сиромаштијата не е природна. Човекот ја создал и може да ја надвладее и да ја искорени со дејствување на човечките битија.
Нелсон Мандела

Никаде не постои едноставен пат до слободата, и многумина од нас ќе мораат да минат повеќе пати низ долината на смртта за да го досегнете врвот на нашите желби.
Нелсон Мандела

Парите нема да создаат успех, создавањето на слобода сака.
Нелсон Мандела

Ниеднио ропство не може да се укине без двојна еманципација, а господарот ќе има слобода повеќе од ослободениот човек.
Томас Хаксли

Ропството е нешто што влијае на сите нас. Тоа е сета наша историја.
Џон Ридли

Аристотел ропството го сметал за уредба на природата, а веројатно тоа го правеле и самите робови во старите времиња.
Алфред Маршал

Не знаев дека сум роб додека не сознав дека не можам да работам работи што ги сакам.
Фредерик Даглас

Ако живеете од чувство на обврска, роб сте.
Вејн Диер

Раѓањето е како киднапирање. А потоа продавање во ропство.
Енди Ворхол

Повикувам на марш од експлоатација до образование, од сиромаштија до заеднички просперитет, марш од ропство до слобода и марш од насилство до мир.
Кајлаш Сатјарти

Ако не сега, тогаш кога? Ако не ти, тогаш кој? Ако успееме да одговориме на овие темелни прашања, тогаш можеби ќе ја избришеме дамката на човечкото ропство.
Кајлаш Сатјарти

Ја минав границата. Бев слободна, но никого не можев да дочекам во земја на слободата. Бев странец во чудна земја.
Хариет Тубман

Ослободив илјада робови. Можев да ослободам и илјада повеќе само кога би знаеле дека се робови.
Хариет Тубман

Она што го забораваме е дека Афроамериканците економски дале најголем придонес за Америка пред граѓанската војна, во кој било сектор на општеството. Читав дека железниците вределе околу две милијарди долари, но ропството било имот од три милијарди долари.
Ендрју Јанг

Можете да останете без ропство и да имате право на глас, но ако немате пристап до капиталот, индустријата и технологијата не можете да ги остварите своите соништа.
Џеси Џексон

Две нешта секогаш ме прогонувале: бруталноста на европските трговци и приказните што сум ги слушнал за Африканци кои продаваат други Африканци во ропство.
Хенри Луис Гејтс Јуниор

Трговијата со луѓе е модерно ропство. Робови денес има повеќе отколку што имало на врвот на трговијата со робје.
Рос Кемп

Зашто со причина сета влада без согласност на владетелот е самата дефиниција на ропство.
Џонатан Свифт

Американците се толку вљубени во еднаквоста што порадо би биле еднакви во ропство одошто нееднакви во слобода.
Алексис де Торквил

Препознатлив знак на ропство е да се има цена и да се биде купен за неа.
Џон Раскин

Некои робови со камшици ја избираат својата работа, други со немир и амбиција.
Џон Раскин

Ниеден молив не може да даде соодветен опис на сепроткајувачката корупција на ропството.
Хариет Ен Џејкобс

Без мир нема слобода, поединечна или национална. Војната и непријателствата се облик на ропство.
Клас Понтус Арнолдсон

Секоја еманципација во себе има семе на ново ропство и секоја вистина лесно станува лага.
Исидор Фајнштајн Стоун

Деколонизацијата всушност го поттикна ропството. Како станските земји се повлекуваа од колониите, така луѓето им робуваа на сопствените земјаци. И тоа го гледаме во Африка , го гледаме во Азија.
Лорета Наполеони

Вистина, траен мир никогаш не може да се врати сè додека ропството по повод војна не престане.
Герит Смит

Зголемувањето робови ги слабее државите и таквата трговија сама по себе е ѓаволска и срамотна за човештвото.
Џорџ Мејсон

Ропството е прв чекор кон цивилизацијата. За да се развие, потребно е на некои нештата да им бидат многу подобри, а на други многу полоши; потоа оние што стојат подобро, можат да се развиваат на штета на другите.
Александар Херцен

Расизам, ксенофобија и неправедна дискриминација изнедри ропството, кога луѓето ги купувале и продавале, ги поседувале и жигосувале своите сонародници како да се толку тешки ѕверки.
Дезмонд Туту

Ништо не е повредно од самостојноста и слободата.
Хо Ши Мин

Независноста не значи да одлучите како што сакате.
Стивен Браер

Независноста значи да се одлучите според законот и фактите.
Стивен Браер

Вистинска слобода и независност можат да постојат само во тоа што прават вистинско нешто.
Бригам Јанг

Без морална и интелектуална независност, не постои усидрување на национална независност.
Давид Бен-Гурион

Независноста, како честа, е карпест остров без плажи.
Наполеон I Бонапарта

Убавина на независноста, расцеп, акции што се потпираат на себе.
Волт Витмен

Изворноста е независност, а не бунт. Тоа е искреност, а не антагонизам.
Џорџ Хенри Луес

Независноста не значи шовинизам или тврд национализам.
Саид Муса

Нетрпението е знак на независност, а не на ропство.
Маријан Мур

Осаменоста е независност.
Херман Хесе

Моќниот човек во власт подлегнува; човекот на парите, во пари; робовите и понизините, во служба. Оној што бара уживање, во уживање. И така степскиот волк ѝ подлегна на својата независност.
Херман Хесе

Независност секогаш, никогаш изолирано.
Емилио Висконти Вентоса

Бидете свој сопствен двор или светот ќе биде ваш затвор.
Џон Дон

Независноста секогаш била моја желба; зависноста секогаш била моја судбина.
Пол Верлен

Најголема работа на светот е да се знае како да се биде самодостатен.
Мишле д Монтењ

Тешко му е на човек да разбере нешто кога платата му зависи од тоа да не го разбере.
Аптон Синклер

Општата среќа на заедницата почива на индивидуалната независност на своите жители.
Хосеп Пла и Касадевал

Дел од вашето наследство во ова општество е можност за постигнување финансиска независност.
Емануел Џејмс Рон

Оние што не можат да се движат, не ги забележуваат нивните синџири.
Клара Цеткин

Веруваме дека можеме да направиме без други, ние сме поласкани да се чувствуваме независно.
Фернандо Саватер

Очите на другите се наши затвори, нивните мисли наши кафези.
Вирџинија Вулф

Разноликост: уметност на размислување самостојно, сè заедно.
Малколм Форбс

Јас сум независен, но не и националист.
Јосеп-Луис Карод-Ровира

Слободата е независност, среќата е независност од илјада ситни ситници.
Исидора Секулиќ

На крајот неправдата создава независност.
Франсоа-мари Аруе Волтер

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here