Потребно време за читање: 3 минути

51. Срам- Срамота

Срамењето не е за секогаш. Тоа е некојпат добро како одбрана за нечинење, како сегрижа за внимателно чинење. Тоа е некогаш за отпосле чинењето-стореното што не требало оти на лошо, дури болно излегло.

Ама бесрамието го расипува светот како сè она што се прави од невнимание, а уште повеќе од немислење за оставеното по себе.

Македонски народни пословици

Коа не се страми, страм да го јади.

Кој си загубил срамо, та ти да го најдеш.

Ни срам има, ни очи.

Од страв чоек побегнуа, а од страм не можит.

Не ет страмота да прашаш за тоа што не знаиш.

Од господа греота, и од луѓе страмота.

Простотилак срамотилак.

Самотија- страмотија.

Страмотата седит во безработата.

Мала работа (е, ама) голема страмота (донесвит).
Од мала причина многупати произлегува голема штета.

Пословици од народите на светот

Не е срамота да се падне в кал, туку да не се сака да се стане. (Италијанска)

Срамотата е подолга од животот. (Арапска)

Извалканата свиња настојува и другите да ги извалка. (Англиска)

Додека човекот сам не се посрамоти, не може никој да го посрамоти. (Балкански народи)

Ако кокошката сама не си истури земја врз глава, тоа никој нема да ѝ го стори. (Курдска)

Кога кравата ќе се извалка, радо би ги видела другите крави извалкани. (Германска)

Валканите алишта никаде не се чисти. (Германска)

Кој запаѓа во срамота, радо вовлекува и други. (Германска)

Срамотата ги стасува оние што ќе ја повикаат. (Германска)

Најголема срамота е да не се срамиш од својата срамота. (Кинеска)

Силните ги победува срам, а слабите страв. (Унгарска)

Кој од луѓе не се срами, ни од бога не се плаши. (Српска)

Срамотата е подолга од животот. (Српска)

Латински изреки
Го удвојува гревот оној што од грев не се срами.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Рекле, издумале

Срамот е голем лицемер; најтешко го изговара она на што најмногу мисли.
Анатол Франс

Кој води грижа за туѓа срамота, значи дека самиот не е на добар глас.
Балтазар Грацијан

Зборовите, делата и стремежите нека ви бидат такви што никогаш од нив да не се срамите.
Етсун Миларепа

Добар човек може да се засрами дури и пред пес.
Антон Павлович Чехов

Никогаш не се чудам дека гледам луѓе зли, но се чудам дека тие од ништо не се срамат.
Џонатан Свифт

Колку се повеќе на број нештата од кои човек се срами, толку е тој повеќе за почитување.
Џорџ Бернард Шо

На ѕвездите не им е срам што личат на светилки.
Рабиндранат Тагоре

За да поцрвени денешниоот човек би морал да стои на глава.
Ерик Холтхаус

Човекот е единственото суштество кое може да поцрвени и единствено кое за тоа има причина.
Вилијам Фокнер

Оној што ќе направи некое нечесно дело, треба најпрвин да се засрами пред самиот себеси.
Демокрит

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Срамот го измислил костумот за да ужива во голотијата.
Карло Доси

Срамот ја обележува во човекот внатрешната граница на гревот. Кога ќе се зацрвени, токму тука почнува неговорто благородно јас.
Фридрих Хебел

Човек што поцрвенува не е целосно животно.
Едвард Јунг

Луѓето црвенеат поретко поради своите престапи одошто порадим своите слабости и суета.
Жан д Ла Бриер

Ние често би се срамеле и од своите најдобри постапки кога луѓето би можеле да ги согледаат сите побуди поради кои сме ги сториле.
Франсоа Ла Рошфуко

Ах, најсилното искушение е бедата. И најмудрите риби гладта ги тера на јадица.
Јохан Волфганг Гете

Ако не се срамиш, прави што сакаш!
Мухамед

Кој срамоти и му префрлува на својот брат некој грев, нема да умре додека тој грев не го направи.
Мухамед

Срамот само добро донесува.
Мухамед

Без заедничка власт што сите би ги држела во страв, луѓето се наоѓаат во состојба која се вика војна, и тоа во војна секој против секого.
Томас Хобс

Човек кој се фали без никаков срам ќе се увери дека е мошне тешко да се живее според своето фалење.
Конфучиј

Мудрецот се срами од своите грешки, но не се срами да ги поправи.
Конфучиј

Чудна работа: прв знак на вистинска љубов кај младичот е срамот, а кај девојката смелоста.
Виктор Иго

И ако си завршила со тоа да ме срамотиш, сега можеш да отидеш и да им кажеш.
Џејмс Артур

Славата е минлива, срамотата е вечна.
Хенри Милер

Сè што почнува во лутина завршува во срамота.
Бенџамин Франклин

Да се биде сиромацв не е срамота, но да се срамиш од тоа е.
Бенџамин Франклин

Срамот е последица на чувство на чест.
Имануел Кант

Од срамот треба да се ослободиме навреме, додека уште можеме да го правиме сето она од што се срамиме.
Душко Радовиќ

Што не брани закон, брани срам и срамота.
Луциј Анеј Сенека

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here