Потребно време за читање: 4 минути

38. Кривина-Неправда

Сè помалку правини, сè повеќе кривини во нашиов животец. Си ги правиме, ни ги прават за да не се исправиме, за да не нè исправат.

Неправди на секој чекор, однадвор и однатре. Да нè замолчат и заборават, да нè изморат и ништожат. Да не можеме ни во себе, ни од себе во спокој, сосе вистините на светот.

Стори му неправда на човек, та одмини го. Оти не си човек, а за казна си со замолк и презир.

Нема мали и големи неправди. Кој да ги измери? Освен што едни болат повеќе, други помалку. И освен што не се забораваат или се простуваат.

Отсекогаш била повеќе неправдата отколку правдата? Била од што немало брана, немало одбрана од неа.

Со правда против неправда може само меѓу праведни, искрени и чесни.

Македонски народни пословици

Ако правината не ми поможит, зер кривината ќе ми поможит.

Јас не ја сакам кривината, ама коа ја нема правината?

Кај што има кривина, не барај дарбина, а кај што има правина мир и милост царуа.

Поеќе милуј ја правината одошто кривината.

Полесно се живеит со правина ошто со кривина.

Правината ја надможуа кривината.

Правината со кривината обете се пизмат.

При кривина не траит правина.

При кривина чуму ти е правина?

Отвори си очите да не ти ги отворат.

Правината и кривината (народна приказна запишана од М. Цепенков):

Некогаш остана правината без работа, та немала пари да си купи леб за да јади и три дена гладувала.

Шетала, одела овде, онде за да најди леб, но не можела и викнала сирота:

-Оф јас сирота, што да правам, дали ќе умрам од глад, нема ли никој да ми помогне?

Ја слушнала кривината и излегла пред неа:

-Што те мачи, а душко, што туку офкаш?-ѝ рече Кривината.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА, 143

-Оф мори сестрице, како да не офкам, кога еве три дена не сум каснала залак лебец, само со водичка живеам!

-Бре, бре, за тоа офкаш? Дојди по мене, јас ќе те најадам од сите убајни.

-Е сполај ти мори сестро, ако сториш тоа добро, сега да ми се најдиш, јас нема никогаш да ти заборавам.

Тргна пуста Правина по Кривината, душа да најади, оти ќе умреше од глад. Одеа, одеа и влезе Кривината во една меана, а Правината по неа, седнаа за да ручаат на чесна трпеза. Му викна Кривината на меанџијата и му нарача да донеси од сите турлии манџи и леб од најубавиот. Му донесле и Кривината и рекла на Правината да јади и ич гајле да не бери, оти таа ќе платела за сè што јаделе.

На станување го викнала Кривината меанџијата за да пресмета колку чини ручекот. Пресметал меанџијата дваесет гроша.

-Мошне добро,-рекла Кривината-дваесет гроша ти сакаш од мене, а јас сакам шеесет грошеи од тебе, што ти ги дадов еднаш кога дојдов; врати ми го кусурот уште четириесет, за да се платиме и да си одиме.

-Какви грошеи си ми дал бре чоече? Не ти е срам што зборуваш така?,-рекол меанџијата.

Кога ги чу овие зборови, Правината стана и нога за нога појде и се скри зад врата, од што и падна срам од кривото што го правеше другарка ѝ Кривината.

Кривината и меанџијата се расправаа. Чувај Боже, Кривината вика колку што ја држи грло, секој што ќе поминеше и заминеше се враќал за да види што е таа кавга и секој што слушал мислел дека Кривината е во право, оти многу викала.

Виде-не виде меанџијата, изваде четириесет гроша и ѝ даде на Кривината. Тогаш викна:

-Ах правино, правино, кај си?

-Море еве сум бре брате, зад врата, туку што да чинам, кога и јас јадев, па валкана сум како Кривината!-се одзвала Правината.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Пословици од народите на светот

На оној кому ќе му сториме неправда можеме да му ја надоместиме штетата, но не и солзите. (Полска)

Во царството на неправдата мажот го обвинуваат поради прељуба со жената. (Индиска- телугу јазик- исто така тенуга фелинга, еден од петте дравидски јазици; со него говорат 37 милиони луѓе во средниот дел на источен Декандржавите Андра Прадеш и Мадрас). Телугу народот, исто така Андхра, е дравидски народ со вкупно 55.000 000 припадници)

Кај што неправдата е адут, сите карти на правдата се бескорисни. (Германска)

Кој трпи стара неправда, тој нова повикува в куќа. (Германска)

Полесно е старата неправда да ја кудиш, отколку да ја исправаш. (Германска)

Омразата е мајка на неправдата. (Германска)

Во барањето на неправда не е потребно да се пали свеќа. (Руска)

За правдата слушавме, неправдата ја идовме! (Руска)

Казната не исправува ниедна неправда, ама може да спречи стотици други. (Арапска)

Секогаш на светот било и секогаш ќе биде така: коњот влече, а кочијашот прима напојница. (Еврејска)

Еден цепи дрва, а друг му дава совети. (Еврејска)

Не му е на човек жал за малку, туку за неправо. (Српска)

Раката на сиромавиот е лесна рака. (Српска)

Латински изреки

Општ принцип на правичност е никој да не се збогати на начин што на друг ќе му причини неправда. (Iure nasturae aequm est neminem cum alterius detriment et iniuria fiery locupletiorem.)

На оној што се согласува не му се чини неправда.

Домисла, гесло, мисла водилка

Со милост и вистина се очистува неправдата, и со стравот од Господа се отстранува злото.
Библија

Кој сее неправда-жнее жалост, и прачката на неговиот гнев ќе го удри него самиот.
Библија

Рекле, издумале
Неправдата не може да владее ако општеството не ги потпомага неправедните сторители.
Херберт Спенсер

Кој му прави неправда на еден, на многумина им се зканува.
Публилиј Сириј

Неправдата ја мразат и оние што ја прават.
Публилиј Сириј

Неправдата сторена на еден единствен човек е закана за сите.
Шарл-Луј д Секонд Монтескје

Ништо не навредува толку, колку неправда проследена со иронија.
Наполеон I Бонапарта

Неправдата не лежи во нееднаквите права, туку во полагањето еднакви права.
Фридрих Вилхелм Ниче

Ви се направи ли голема неправда, направете и сами брзо уште пет мали! Страшно е да се погледа оној кого го тишти неправда.
Фридрих Вилхелм Ниче

Воопшто земено, повеќе од луѓето се наклонети да прават неправда штом ќе им се укаже можност за тоа.
Аристотел

Оној кон сам си прави неправда, тој едновремено исти работи и трпи и прави, уште би можело да стои-доброволно да трпиш неправда. Прашањето-дали човек сам себеси си причинува неправда во целост се разрешува според определбата за доброволното поднесување неправда. Јасно е дека двете работи се лоши, и поднесувањето неправда и правењето-сепак причунувањето неправда со злоба е за осуда. По себе-поднесувањето неправда е помало зло но ништо не спречува да стане поголемо зло. Г ледајќи на овој начин се чини дека има и неправедни работи насочени кон самиот себе, зашто да се поднесува нешто значи да се страда против сопствените стремежи.
Аристотел

Да ти се причини неправда не претставува нипто, освен ако не продолжиш да се сеќаваш на неа.
Конфучиј

Трпиш ли неправда, утеши се: поголема неправда е ти да ја правиш.
Демокрит

Оној со кого завладеало богатство, не може да биде праведен.
Демокрит

Мачно е да се примаат наредби од инфериорен човек.
Демокрит

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Подобро е неправдата да се трпи одошто да се чини.
Цицерон

Ниедна голема неправда не трае долго.
Луциј Енеј Сенека

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here