Потребно време за читање: 19 минути

143. Однесување-Самодисциплина-Самоконтрола-Самосовладување

Однесувај се еднакво спрема секого, ако сакаш да те научат таков каков што си.

Како да се однесуваш? Се разбира, најнапред пристојно, што ќе рече културно и со почит, а потоа доследно, правостојно, торжествено…Спрема никого никогаш нетактички, неконтролирано, афективно, неразумно, гневно.

Најнапред научи спрема секого да се однесуваш човечки.

При какво било однесување најмногу помагаат: самодисциплината-која претпоставува и упорност и доследност, самоконтролата-која овозможува да се надминуваат секакви премрежија, и самосовладувањето-пред какви било предизвици, наметливости и загрозувања.

Македонски народни пословици и изреки

Се однесуваат безволно и рамнодушно, зашто за нив е невозможно.

Се прави намислено со настојчивост и упоритост.

Се самопочитува секој што знае кој е и што е, и знае да се брани од зло.

Ако рескираш, ќе отидеш далеку ама не предалеку.

Самопочитта ти го прави животот спокоен.

Да се убедуваме и да живееме сакајќи го животот.

Не се живее убаво, а бесмислено.

Животот е премногу убав за да биде бесмислен.

Живееш надежно и со радост благодарение на постојано совладување на тешкотии, успеси и исполнети  желби.

Самопочитта и стаменото стоење на свои нозе го докажуваат постоењето човеково.

Се цениш себеси не презирајќи други.

Пословици и изреки од народи на светот

Само големи господа и пци зад себе не затвораат врата. (Француска)

Учтивоста човекот го прави кнез; лошата нарав кнезот го прави роб. (Руска)

Однесувај се спрема секој како да примаш угледен гостин. (Кинеска)

Гледај туѓо однесување и поправај го своето. (Јапонска)

Кога ќе се поправи однесување на некој човек-многумина сакаат да бидат со него, а има малку непријатели; тешките работи му стануваат полесни, а грубите срца спрема него стануваат богатства. (Арапска)

Човечноста е друго име за убаво однесување. (Арапска)

Убавото однесување прекрива многу негативности, исто како што грдото однесување прекрива многу позитивности! (Арапска)

Без страв, со самодоверба и самосовладување правите многу незамислени нешта. (Турска)

Самопочитувањето е во нас и не бара од други ниту прифаќање, ниту признание . (Индиска)

Смислата на животот најмногу зависи од нас. (Италијанска)

Не можеме да замислиме за што сè сме способни. (Романска)

Латински изреки

Почестите го менуваат однесувањето (навиките) (Honores mutant mores.)

Добро проживеал кој добро се прикрил. (Bene vixit qui bene latuit.)

Човечки е да се греши. (Errare humanum est.)

Врана на врана нема да ѝ ги вади очите. (Cornix cornice oculos non effodiet.)

Најважна добродетел е да се биде без мани. (Prima virtus vitio career.)

Секогаш зборувај ја вистината, не прави зло, трпеливо поднесувај товар, разумно работи ја работата. (Semper dic verum, vacuam duc crimine vitam, fer patienter onus, fac sapienter opus.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Кој нема власт над духот свој, тој е град разурнат без ѕидови.
Библија

Со сестран напор владеј со сетилата. Контролирај го дишењето и со тоа регулирај ги виталните активности. Како што возач на кочија завладува со своите немирни коњи, така истрајниот завладува со својот ум.
Упанишади

Она што го нарекуваме избавување, всушност е завладување со воздржаност, зашто со воздржаност човек се ослободува од незнаењето.
Упанишади

Завладеал со себе оној што знае за себе: спокоен, сталожен и ослободен од страст е тој. Злото не го допира, не го вознемирува, зашто во пламенот на неговото возвишено знаење сето зло согорува.
Упанишади

Има луѓе кои се постојани и мудри, има луѓе кои добро управуваат со своето тело, со зборовите и со умот. Тоа се луѓе со највисока самоконтрола.
Дхама-падам

Знај го ова, о човеку: недостигот на самоконтрола значи погрешно дејствување. Внимавај алчноста и порокот да не те поведат во долго патење.
Дхама-падам

Ако со својата волја не ја прифатиш духовната дисциплина, тогаш природата и самиот живот ќе ти наметнат многу неволји.
Јогини

Да победиш во животот, значи најнапред да се победиш самиот себеси, да се воспитуваш со работа и совладување на своите слабости.
Анонимус

Оној што е свој господар кога е сам, наскоро ќе стане тоа и во присуство на други.
Анонимус

Самодисциплината го прави она што треба да го направи кога тоа треба да се направи дури и кога не ви се чини како тоа го правите.
Анонимус

Лесно е да се извиниш за недостигот на самодисциплина, но изговорите не можат да ве спасат.
Анонимус

Вашето ниво на успех го одредува вашето ниво на самодисциплина и упорност.
Анонимус

Рекле, издумале

Треба да се прави она што е пристојно, а не она што е допуштено.
Луциј Анеј Сенека

Сè прави така како некој да те посматра.
Луциј Анеј Сенека

Постапувај така твојата постапка да може да стане општ принцип на човечко однесување.
Имануел Кант

Тактичноста се состои во тоа да се знае колку да се оди далеку во одењето далеку.
Жан Кокто

Кога ќе се состанеш со човек, настојувај да мислиш за него. Само кога ќе заборавиме на себеси, плодно општиме со други.
Лав Николаевич Толстој

Во ништо не се откриваме толку, како во начинот на приоѓање и поздравување.
Јохaн Каспер Лаватер

Доброто однесување се состои од мали отстапувања.
Ралф Валдо Емерсон

Добрите манири не се ситна работа, туку плод на благородна природа и честит дух.
Ралф Валдо Емерсон

Цивилизацијата во основа е пред сè самоодбрана на човек од самиот него.
Александар Зиновјев

Историјата на Земјата можеби не познава друго такво самоубиствено однесување на етносот. Луѓето не се луѓе, туку „определени носители на определени идеи“.
Александар Солженицин

Кој ни кажа дека постојат закони на кои нашето однесување мора да се потчинува? Светот е невозможен без време, но и времето е невозможно без светот.
Артур Шопенхауер

Поостро ја чувствувате болката кога ја предизвикува некој близок. Треба да го приспособите своето однесување на вашите сили, а со оние кои се силни не дружи се и не се карај.
Бабриј

Обидувајќи се да се однесуваш добро и обидувајќи се да ги победиш другите се две различни нешта.
Алфи Кон

За да бидеш човек е неопходно да бидеш подготвен за социјално однесување.
Алфред Адлер

Луѓето доброволно молчат, освен ако суетата не ги поттикне да зборуваат. Лесното однесување е најмалиот недостаток на жените познати по своето лесно однесување.
Франсоа Ларошфуко

Спасувањето на луѓето од природните последици на нивното однесување ги направат немоќни.
Хенри Клауд

Човекот достигнува совршенство со завладување со своите сетила. Има ли што било невозможно за оној што завладеал со своите страсти?
Рамакришна Парамаханса

Разумниот човек му се прилагодува на светот, додека неразумниот упорно настојува светот да го прилагоди на себеси.
Џорџ Бернард Шо

Има секаде лоши манири, но во аристократијата тие се организирани.
Хенри Џејмс

Да се биде пристоен, значи да се зборува, јаде и пие помалку отколку што би сакал.
Антји Крог

Учтивоста освојува срца.
Балтазар Грацијан

Нема поголема власт од онаа над самиот себе и над своите слабости.
Балтазар Грацијан

Едно му прилега на човек, друго на вол.
Цицерон

Благородниот човек е мирен и великодушен; простакот е секогаш возбуден.
Конфучиј

Кој сака да им угоди на сите или е луд или ќе стане тоа.
Џеремијас Готелф

Прави го најдоброто, останатото остави го.
Сарасвати Сатјананда

Оној што знае да ги совлада своите чувства, поголем е од оној што освоил еден град.
Винстон Черчил

Зарем кој било друг издржува потешка борба од оној што настојува да се совлада самиот себеси?
Томас а Кемпис

Правата култура мора да почне со совладување на самиот себеси.
Георг Вилхелм Фридрих Хегел

Не плаши се од навреда, не барај никакви пари, примај со иста рамнодушност пофалба и клевета и не се карај со глупаци.
Александар Сергеевич Пушкин

Тие ќе бидат кротки како јагниња ако им ветите награда за достојно однесување.
Дафне де Мориер

Две страшни однесувања не прават добро однесување.
Дејвид Брукс

Нема подобар доказ за човековата супериорност отколку што е мирното држење во неизбежна кавга.
Џереми Тејлор

Кога човек те пцуе, тоа е или негово вообичаено однесување или на тој начин ја сака твојата љубов. Просто обид да привлече внимание на себеси.
Виталиј Гиберт

Десет пати мораш одново да се помириш со самиот себеси, зашто совладувањето е горчливо, а лошо спие оној што не се помирил со себеси.
Фридрих Вилхелм Ниче

Отсега пропиши си на себеси некое правило на кое постојано ќе се придржуваш.
Епиктет

Кога зборуваме за нечија личност, ги имаме предвид оние карактерни модели на мисли, чувства и однесување кои го прават човекот единствен.
Ен Богл

Уметноста не размислува логично, не ја формулира логиката на однесувањето, туку изразува дел од сопствениот постулат на верата.
Андреј Тарковски

Нашиот однос кон луѓето не е одреден од нивното однесување, туку од нашите сопствени ставови.
Ендрју Метјус

Арогантното однесување создава повеќе непријатели, отколку едно унапредување во ранг-зависни.
Анри Бодриралар

Нашето однесување во речиси секој инцидент ни кажува многу.
Екнат Еасваран

Пред да започнете да ги воспитувате своите деца, проверете го сопственото однесување.
Антон Макаренко

Реставраторите на слики и керамика следат кодекс на однесување во нивната работа за да го разликуваат оригиналниот материјал од подоцнежните додатоци.
Ентони Бивер

Следејќи ги пропишаните правила, училиштата треба да продуцираат стереотипни луѓе, чие однесување е предвидливо и контролирано.
Џон Гатоу

Културата ги движи очекувањата и верувањата; очекувањата и убедувањата го движат однесувањето; однесувањето ги движи навиките; а навиките ја креираат иднината. Сè започнува со култура.
Џон Гордон

Кога децата немаат структура, тие измислуваат сопствени правила и негативното однесување е она што го користат за да го привлечат вашето внимание.
Џо Фрост

Противречностите се основа која го прави човечкото однесување толку безумно и толку фасцинантно, и сето тоа истовремено.
Џоан Д. Винџ

Сите големи писатели ги вкоренуваат своите херои во вистинско човечко однесување.
Бен Кингсли

Човечкото однесување, ако се разгледа доволно интензивно, може да почне да изгледа сомнително.
Бен Мекинтајр

Главната и секојдневна грижа на родителот е строго да го држи детето во границите на доброто однесување.
Бенџамин Спок

Малите грешки изгледаат големи, ако бидат откриени во однесувањето на оние на кои им е доверена власта.
Плутарх

Колку помалку разбираме што е срамот и како тој влијае на нашите чувства, мисли и однесување, толку повеќе власт има тој врз нашите животи.
Брене Браун

Посветеноста, довербата и доброволната соработка не се само ставови или однесување. Тие се нематеријален капитал.
Ким Вичан

Духот на конзумеризмот има решавачко влијание врз човековото однесување кога смислата на неговиот живот сè повеќе се сведува на конзумација.
Валентин Катасонов

Повредата е во центарот на секое зависно однесување. Го има кај коцкари, зависници од Интернет, принудно пазарџии и работохоличари.
Габор Мате

Позицијата во општеството може да ја измени степенот на вина, но неморалното однесување сè уште останува такво.
Ен Пери

Вечерниот стрес е честа причина за губење контрола врз однесувањето во исхраната и прејадувањето. Кога сме под стрес, нè привлекуваат мрсна, слатка и солена храна.
Андреј Беловешкин

Ништо не можете да кажете за длабочината на локвата додека не влезете во неа.
Андреј Паршев

Се разбира, како деца сите ние, во сите култури и општества се учиме на однесување од различни набљудувања, имитација и охрабрување.
Гери Гигакс

Противниците можат да се однесуваат како што сакаат, но ако тоа не влијае на резултатот, нивното однесување не е ваш проблем.
Гевин Кенеди

Ставовите се трајни тенденции во вашиот ум што се манифестираат во вашето однесување, како и во вашиот говор.
Георг Фоерштајн

Човек не може сам да го контролира своето однесување. Над него имаат власт само такви сили, како ветерот или војната.
Греам Џојс

Поважно е да ја разберете основата на сопственото однесување, отколку да ги разберете мотивите на друго.
Даг Хамаршелд

Воопшто не се срами да поднесе букет глуварчиња-тоа е вистинска смелост, тоа е однесување достојно за маж. Кога силите на човек се исцрпени, му слабее и духот.
Осаму Дазаи

Нашето ирационално однесување не е случајно и бесмислено-тоа е систематско и целосно предвидливо.
Ден Арили

Кажете „да“ на чувствата дури и како што велите „не“ на однесувањето.
Даниел Џ. Сигел

Вината служи за моќна социјална функција во однос на контролирањето на нашето однесување. Простувањето на себеси, а не на чувството за вина ја зголемува личната одговорност.
Дејвид Брнс

Сите филозофи се мудреци во своите сентенции и глупаци во своето однесување.
Бенџамин Франклин

Милениумците, генерација родена дигитално, ќе имаат многу посилно влијание врз социјалното однесување отколку што претполагаме во моментов.
Клаус Шваб

Секој бизнис е жртва на дигиталниот дарвинизам, еволуцијата на потрошувачкото однесување, кога општеството и технологиите се развиваат побрзо од способноста да се искористат.
Брајан Солис

Нашите верувања не се секогаш во хармонија со нашите инстинкти и нашето однесување не секогаш ги одразува нашите убедувања.
Брендон Мул

Ниедно непожелно однесување никогаш не било укинато со прифаќање на закон против него.
Даниел Квин

Најдете време за да ги запознаете луѓето.
Џек Велч

Детето почнува да ги применува кон себе истите форми на однесување што другите ги применувале спрема него.
Лав Виготски

Мали се шансите за чудесни подобрувања или промени во однесувањето. Она што го гледаш е она што го добиваш!
Џејмс Добсон

Умните луѓе можат да разберат зошто вашето однесување се променило и потоа да го искористат тоа знаење против вас.
Џефри Дивер

Прашањето не е дека не сме доволно свесни, туку дека ја преценуваме свесната контрола врз однесувањето.
Џон Брокман

Има едно важно прашање кое треба да си го поставиш секогаш кога ќе се соочиш со несоодветно однесување: „На која возраст е соодветно ова однесување?“.
Џон Вердон

Моралот дава општи принципи на однесување, оставајќи ги од предвид конкретните околности.
Пјер Бејл

Пеколот и рајот се наоѓаат во твојата сопствена душа. Мојот разум-основа на моето однесување, а моето срце-мој закон.
Пјер Марешал

Кога ќе ја сфатиме лудоста на нашето однесување, имаме избор: можеме да престанеме да бидеме луди.
Џон П. Стрелеки

Постои огромна разлика помеѓу рационалните потреби и вистински доброто однесување.
Џој Грасефа

Заслужувам признание секогаш кога размислувам за нешто на корисен начин или се занимавам со корисно однесување.
Џудит Бек

Начинот на чудотворецот е да го разгледува целото човечко однесување како едно од две нешта: или љубов или повик за љубов.
Маријана Вилијамсон

Во секојдневниот живот неопходноста да ја дефинираме нашата линија на однесување нè принудува да лепиме етикети, обично многу површности.
Марк Блок

Ако навистина сакате нешто, можете да го ризикувате животот за она што го сакате и тоа да го сметате за нормално однесување.
Дик Френсис

Нашите дигитални искуства се надвор од телото. Тоа нè прави зависни од обезличено однесување во средина во која идентитетот на човек може да биде одговорност.
Даглас Рушкоф

За лошото однесување на децата речиси секогаш се виновни оние кои ги воспитуваат.
Ева Иботсон

Најчесто среќата е резултат на личните квалитети, карактерот и однесувањето.
Едвард Станиславович Раџински

Десетте заповеди биле создадени за човекот, а не човекот за заповедите.
Едит Вартон

Проучување по проучување покажува дека човечкото однесување се менува кога знаеме дека сме набљудувани.
Едвард Сноуден

Уметноста има своја задача да ја разоткрива вистината во чувствена форма.
Георг Фридрих Хегел

Без вера нема правилно разбирање според кое човек може да суди.
Грег Бансен

Истражувањата покажуваат дека околу 40 проценти од нашето однесување се повторуваат речиси секојдневно и најмногу во истиот контекст.
Гретчен Крафт Рубин

Важна карактеристика на племињата е тоа што тие имаат двоен морално-етички стандард-еден вид однесување е прифатен за внатрегрупните односи, а друг за вонгрупните.
Едвард Вилсон

Вашето тело го обликува вашиот ум. Вашиот ум го обликува вашето однесување. И вашето однесување ја обликува вашата иднина.
Ејми Кади

Осудата е бескорисна, освен ако не биде претворена во однесување. Кажете му на човек дека е храбар, и вие му помагате да стане таков.
Томас Карлајл

На нашата младина ѝ се кажува дека купувањето скапи предмети е нормално однесување за богатите луѓе.
Томас Стенли

Луѓето се обидуваат да го контролираат своето однесување главно со наметнување на одговорности.
Вилијам Пол Јанг

Употребата на материјални придобивки за предизвикување на однесување е можеби најчестиот од каналите преку кои се практикува власта.
Мојзес Наим

Тешкотијата што ја имаме во преземањето одговорност за нашето однесување се крие во желбата да ја избегнеме болката од последиците од тоа однесување.
Морган Скот Пек

И ако човек со кралска крв грубо ги нарушува општествено прифатените норми на сексуално однесување, монархијата е во сериозна криза.
Најџел Которн

Времето многу се менува и тоа лечи сè. Да се ​​сака е тешко. …човечкото однесување е нешто мистериозно.
Елизабет Страут

Ако ја третираме Земјата како живо суштество, тогаш можеме да го предвидиме нејзиното однесување и можеби… дури и да се поврземе со неа. Други светови влијаат на нас.
Ернст Мулдашев

Егоцентризмот ни се појавува како форма на однесување, посредно помеѓу чисто индивидуалното и социјализираното.
Жан Пијаже

За мене концепцијата на недолично однесување е чисто субјективна. Причините зошто тоа се извршува се важни.
Жил Легардиние

Поверојатно е да научите нешто со изненадувања во сопственото однесување, отколку кога ќе чуете изненадувачки факти за луѓето воопшто.
Даниел Канеман

Основната формула: дејствувајте така што вашето однесување ќе придонесе за напредокот на човештвото, изразен во победата на духот над материјата.
Даниел Гранин

Не можеме да го контролираме исходот. Ние можеме само да управуваме со процесот. Преку нашето однесување, пројавувањето на своите вештини и способности.
Игор Ризов

Мнозина немаат време да станат возрасни, додека не умрат. Не дека остануваме деца, но нашето однесување, особено со нашите ближни, не може да се нарече зрело.
Јеспер Јул

Наркотикот не го предизвикува штетното однесување-тоа е околината. Изолиран стаорец речиси секогаш ќе стане наркоман.
Јохан Хари

Што значи тоа дека сме слободни да донесуваме одлуки, ако нашето однесување ги следи законите на природата? Нештата се менуваат само во врска едно со друго.
Карло Ровели

Не можете да го „сакате“ кучето поради неговото лошо однесување, исто како што не можете да „сакате“ криминалец за да ги запрете неговите злосторства.
Сизар Милан

Живееме и умираме според изборот што ги правиме. Една од моите омилени изреки е дека промената во однесувањето започнува со промена во срцето.
Каролин Браун

Накусо, магијата е искривен систем на природни закони и лажен водечки принцип на однесување; тоа е и лажна наука и бесплодна уметност.
Џејмс Џорџ Фрејзер

Нема правилно или погрешно однесување. Единствениот смислен избор е помеѓу стравот и љубовта.
Џералд Џамполски

Премногу од нас се фокусираат на надворешната структура на карактерот и однесувањето, без да издвојат време за изградба на внатрешната основа на посветеноста кон Бога.
Џери Бриџис

Вие сте дел од овој свет, но ништо повеќе. Процесот на промена започнува со разбирање на однесувањето и стекнување контрола врз тоа однесување.
Карен Берг

Каква е храната-таков е и умот, каков е умот-такви се и мислите, какви се мислите-такво е и однесувањето, какво е однесувањето-таква е и судбината.
Саи Баба

Оваа тенденција води до слепи петна при одлучувањето и до екстремно однесување, дури до тероризам. Нема слобода без зависност.
Кас Санштајн

Ми се допаѓа да читам романи затоа што тоа ми дава претстава за човечкото однесување.
Клер Дејнс

Ако сакате да бидете успешни, треба да го познавате корисникот, да го набљудувате неговото однесување, да се грижите за него и да го разгалувате.
Ковадонга О`Ши

Принципите се фундаментални вистини кои служат како основа за однесување кое ви го дава она што го сакате од животот.
Реј Далио

Однесувањето предизвикано од религијата на поединецот често има неверојатна сличност со однесувањето на љубовникот.
Ричард Докинс

Луѓето непрестано демонстрираат со своето однесување дека го претпочитаат чувството на сопствена праведност пред среќата.
Колин Типинг

Етнос-тоа се луѓе кои имаат стереотип на однесување и внатрешна структура, кои се спротивставуваат на сите други како „ние“ и „не ние“.
Лев Гумиљов

Има многу малку ситуации во животот кои се толку очигледни што однесувањето во нив или мислењата за нив не би биле донекаде контроверзни.
Леон Фестингер

Идеализмот е обратното на реалноста. Арогантното однесување и гордоста кријат огромен страв од отфрлање и загуба на љубовта на другите луѓе.
Лиз Бурбо

Ги уништуваш луѓето за да ги оживееш идеите. Тоа е единствено западно однесување. Не заборавајте, Пол Пот беше добар ученик и многу добар столар. Нежно момче.
Лоренс Озборн

И така, за да ја ублажиме болката, ние создаваме илузорни начини да го оправдаме нашето противречно однесување.
Џон Ронсон

Сите особености на однесување кога си млад се сведуваат на-млад. Кога си стар, немаш алиби. Ти едноставно си луд.
Тања Ступар Трифуновиќ

Луѓето кои се богати тешко го разбираат однесувањето на бедните луѓе.
Теодор Шулц

Тинејџерите можат да бидат идиоти и глупави, но тинејџерите исто така го моделираат однесувањето според сигналите што ги добиваат од возрасните.
Џон Скалзи

Она што е свеста за мозокот, тоа е семејството за домот. Самоуништувачкото однесување е признак за премногу сериозно однесување спрема себеси.
Џонатан Франзен

Практично сите луѓе се атеисти: во своите дела, во своето однесување тие ја побиваат својата вера. Волјата-тоа е стремеж кон среќа.
Лудвиг Фоербах

Едно е да ја разгледуваме политиката на дадена земја, а сосема друго е да го разгледуваме сопственото однесување и поглед на животот.
Мајк Викинг

Психијатријата се фокусира на три основни типа на ментални нарушувања-психоза, невроза и асоцијално однесување.
Мајкл Слејд

Понекогаш е чудесно да направите нешто што го надминува вашето вообичаено однесување.
Џин Рајан

Границата помеѓу надежта и самозаблудата е многу несигурна. Секој од нас во своето однесување пренесува многу повеќе отколку што мисли.
Мајкл Сванвик

Мажите и жените се различни: имаме различни склоности, вештини и однесување. Тоа треба да се прифати и охрабри, а не да се демонизира.
Мило Јанопулос

Гневот често е полесна емоција отколку тагата. Емоциите, особините и однесувањето што ги отфрламе од родителите веројатно ќе живеат во нас.
Марк Волин

Не можете да ги контролирате примитивните нагони и хормони кои го движат вашето однесување во исхраната. Телото го поддржува балансот на само неколку начини.
Марк Хајман

Оригиналната дефиниција за храброст е да дозволиме да бидеме видени. Не добивате промена во однесувањето, освен ако новата практика не е транспарентна, добро функционира и ги тера луѓето да зборуваат.
Мелинда Гејтс

Виновниците секогаш наоѓаат начин да го рационализираат своето однесување, така што ќе звучат како да ви направиле услуга.
Мишел Ричмонд

Најдобрата проповед не носи корист, ако однесувањето на проповедникот ѝ противречи: „Каков свештеник, таква и проповед“.
Николај Велимирович

Новите технологии ги управуваат производството и потрошувачката, го раководат однесувањето на луѓето и ги обликуваат нивните перцепции.
Николас Кар

Моралот на писателот не е во темите и не е во мислите, туку во однесувањето на самиот јазик. Во вљубената занеменост на поетот има само едно спасение-говорот.
Октавио Паз

За да се разберете со Бог, помислете за последиците од вашето однесување. Никогаш не осознав колку лесно луѓето можат да бидат обучени да прифатат ропство.
Октавија Е. Батлер

Безумната концентрација на луѓето доведува до безумно однесување. Неверојатно е како страдањето веднаш ги обединува луѓето.
Пајпер Керман

Никогаш не заборавајте дека околностите на вашиот живот за утре се обликувани од вашето ментално однесување денес. Вие не сте среќни затоа што сте здрави, вие сте здрави затоа што сте среќни.
Емет Фокс

Мајчината љубов не може да се заслужи со добро однесување, но не може да се изгуби ако си згрешил. Радоста не е страшен, моментален блесок.
Ерих Фром

Нема случајност. Има строга предодреденост и закономертност. Зад секое случајно однесување барајте скриен мотив.
Ернест Цветков

Егоцентричниот пристап е начин на суштествување што се изразува во насоченост и однесување, создавајќи клима подобна за раст и развој.
Карл Роџерс

Човечкото однесување е серија од удари од кои понекогаш се чувствува дека насоката е неизбежна.
Патрик Вајт

Ако во едно општество се почитуваат чесните закони на бизнисот и однесувањето, тогаш во него царува вистинската религија.
Пол Брег

Афирмациите го трансформираат вашето размислување, вашите ставови и на крајот вашето однесување. Нивното влијание врз ставовите и однесувањето помага да се постигнат посакуваните резултати.
Пол Мајер

Како одговор на создавањето на дигитални мрежи, да го менуваме нашето однесување за да станеме не само мрежни поединци, туку и „мрежни животни“.
Пол Мејсон

Фокусирајте се на проблемот-не на човекот. Најзначајниот модел на однесување за едно дете се неговите родители.
Ричард Темплар

Дури и во опаѓање, добродетелниот човек ја величи убавината на своето однесување. Запалениот стап, макар и свртен кон земјата, има пламен извлечен нагоре.
Сакја Пандита

Утре, кое може дури да не дојде. Зависноста го менува однесувањето. Едноставната навика се претвора во раздразнето пребарување.
Сара Ратаро

Дајте си време. Дури и кај кучето однесувањето спрема храната е нарушено во ситуација на постојани лишувања и ограничувања.
Светлана Броникова

Личноста која не е способна да создава, нужно бара оправдување за своето деструктивно однесување.
Сергеј Лукјаненко

Понекогаш мала промена може да доведе до промена на сè. Ако сакате да го предвидите однесувањето на човек, одредете ги неговите побуди.
Синтија Д`Апри Свини

За да го промениш твојот живот постепено, чекор по чекор, нужно е да го промениш своето однесување. Постојаните извинувања не носат ниту доверба, ниту прошка.
Стивен Кови

Не можеш да го засноваш своето однесување на идејата дека сè е предодредено, бидејќи никој не знае точно какво е предодредено.
Стивен Хокинг

Кариерата на писателот е споредлива со онаа на жена со благо поведение. Пишувајте прво за задоволство, подоцна за задоволство на другите и на крајот за пари.
Марсел Ашар

Кроткоста во суштина е вистинско гледиште за себе што се изразува во ставот и однесувањето спрема другите. Значи тоа се две нешта.
Мартин Лојд-Џонс

Старите обрасци на однесување не исчезнуваат преку ноќ. Промените се секогаш два чекора напред и еден назад.
Сузан Форурд

Иако често се подготвени да глумат шут за да ве забавуваат, подобното однесување е привилегија на навистина мудрите. Нема граници меѓу гуски.
Т. Х. Вајт

Вашето однесување во една област обично не се разликува од вашето однесување во други.
Т. Харв Екер

Провинцискиот живот ги навикнуваше луѓето на одредени норми на однесување, и ако некој не живееше според канонот, тогаш тој заслужуваше строга цензура во нивните очи.
Тадеуш Доленга-Мостович

Значи, стравот, слабоста, себичноста и кукавичлукот на набљудувачите дозволуваат да продолжи лошото однесување.
Лора Шлезингер

Вредноста на животот ја разбирате само кога е во опасност. Излегува дека однесувањето на другите луѓе кон мене е одредено од моето однесување кон нив.
Лоран Гунел

Според мене, има голема сличност помеѓу проблемите предизвикани од мистериозното однесување на атомот и оние што се појавуваат од тековните економски парадокси со кои се соочува светот.
Пол Дирак

Смислата на психоанализата е навистина да ги разбереш корените на своето однесување. Разбери зошто ги правиш работите што ги правиш и поврзи го несознаваното со твоето сознание.
Такер Макс

Сè додека не ја видиме вистинската скала на однесувањето на едноклеточно животно, не можеме целосно да го разбереме однесувањето на посложените животни.
Ричард Фајдман

Извинувањето и промената на однесувањето помага на која било возраст.
Робин Берман

Убедувај и ќе бидеш убеден! Ние преземаме внатрешна одговорност за избраната форма на однесување кога мислиме дека ја претпочитаме во отсуство на силен надворешен притисок.
Роберт Чалдини

Спонтаноста, оставена сама на себе, може да започне со извинување за лошото однесување и да заврши со честитка за порокот.
Том Рајт

Темпераментот и карактерните црти што сме ги наследиле влијаат на нашето однесување, процес кој е веќе започнат во генетската фаза.
Томас Ериксон

Ниедна тенденција не е толку силна во човечката природа како желбата да се наметнат правила на однесувањето на другите луѓе.
Вилијам Тафт

Подобро е да се дружите со луѓе подобри од вас…Изберете соработници чие однесување е подобро од вашето и вие ќе се движите во таа насока.
Ворен Бафет

Ти ја создаваш својата иднина со твоите мисли сега; ако мислиш благородно, ќе бидеш благороден и во своето однесување.
Свами Шивананда Сарасвати

Луѓето не веруваат во весници, телевизија и радио. Тие бараат информации во однесувањето на надлежните, бидејќи тоа е најсигурно.
Светлана Алексиевич

Зошто се верува дека луѓето стануваат попаметни со годините? Судејќи според однесувањето на некои возрасни, тоа е очигледна заблуда.
Филип Кер

Вистинскиот стил е оној каде што нема никакви програми. Ова е слично како да се однесуваме за време на криза.
Франк Ауербах

Правила на однесување-тоа е превод на добродетелите на заеднички јазик.
Френсис Бејкон

Речиси секогаш наметливото однесување служи за да се прикрие нешто, иако на почетокот тоа не е толку забележливо.
Френсис Скот Фицџералд

Времето не се сака кога го губат напразно. Човекот има два мотива за своето однесување-еден вистински и втор што звучи убаво.
Хенри Форд

Сигурното суштествување води до слабост. Имагинацијата е цел, а трезвениот ум и разумното однесување-основа.
Херберт Велс

Откако ќе разбереме како размислуваат, можеме да го предвидиме нивното однесување. И штом добро го предвидиме, можеме да го манипулираме. Тоа е дипломатијата.
Чарли Хјустон

Има три извори на морални и политички принципи во основата на човечкото однесување: божествено откровение, закони на природата и социјален договор.
Чезаре Бекарија

Луѓето не го менуваат своето однесување, освен ако тоа не им е важно.
Шерон Стоун

Човек треба да носи одговорност за своето однесување, а не за однесувањето на другите.
Ирвин Велш

Дојде време за формулирање на насоки за етичкото однесување на научниците, можеби во форма на доброволна Хипократова заклетва.
Џозеф Ротблат

Во секое човечко општество има луѓе кои се загрижени дека однесувањето на поединците не се разликува од однесувањето на масите.
Јуриј Нагибин

Човек кој не владее со себе, никогаш не може да ги контролира другите.
Наполеон Хил

Контролата на умот е резултат на самодисциплина и навика. Или го контролирате својот ум или тој ве контролира вас. Не постои компромис на половина пат.
Наполеон Хил

Самоконтролата е тесно поврзана со замислувањето на иднината.
Тод Бакхолдс

Самоконтролата е од решавачко значење за успешно остварување на долгорочни цели.
Волтер Мишел

Самоконтролата е единственото нешто што може да помогне достоинствено да излезеш од сложена ситуација.
Сандра Браун

Сите имаме соништа. Но за соништата да станат стварност, потребно е многу одлучност, посветеност, самодисциплина и труд.
Џеси Овенс

Самодисциплината е контрола на вашата желба и нагонот, додека останувате сосредоточени на она што ви е потребно за да ја постигнете својата цел.
Адам Сицински

Сите успеси почнуваат со самодисциплина. Се почнува со тебе.
Двајн Џонсон

Почитувајте ги напорите, почитувајте се себеси. Самопочитувањето води во самодисциплина.
Клинт Иствуд

Со постојана самодисциплина и самоконтрола можете да ја развивате величината на карактерот.
Гренвил Клајсер

Самодисциплината се изедначува со самоконтролата. Вашата способност да се контролирате себеси и своите постапки, да го контролирате она што го говорите и го правите и да обезбедите дека вашето однесување е во согласност со долгорочните цели и целите е знак на супериорна личност.
Брајан Трејси

Сржта на вашата особеност е самопочитувањето, колку се сакате себеси. Колку повеќе се сакате и се почитувате себеси, подобро ќе правите во сè што сакате да преземете.
Брајан Трејси

Негувајте ја во себе моќта на самодисциплината.
Гордон Б. Ханклеј

Дисциплината е мост помеѓу целите и остварувањата.
Џим Рон

Самодисциплината е сè можно.
Теодор Рузвелт

Силата на волјата и самодисциплината се поефикасни од интелектот и талентот.
Акирок Брост

Големите водачи секогаш имаат самодисциплина-без исклучок.
Џон. К. Максвел

Самодисциплината е клуч на многу врати. Не најмалку ова што води кон подобра, појака и поздрава верзија на себе.
Зеро Дин

Среќата е зависна од самодисциплината. Ние сме најголемите пречки на нашата сопствена среќа. Многу е полесно човек да се бори со општеството и другите, отколку да се бори против сопствената природа.
Денис Праџер

Низ самодисциплина се доаѓа до слобода.
Аристотел

Ние сме она што го работиме постојано. Извонредноста тогаш не е чин, туку навика.
Аристотел

Успехот во животот можев да го постигнам само со самодисциплина, и ја применував сè додека мојата желба и волјата не станаа едно.
Никола Тесла

Совладувањето на други е сила. Совладувањето на себеси е вистинска моќ.
Лао Це

Правете го својот ум или ќе ве владее.
Хорациј

Дисциплинираниот ум води до среќа, а недисциплинираниот ум води до патење.
Далај Лама

Сочувството, толеранцијата, простувањето и самодисциплината се својства кои ни помагаат да го водиме секојдневниот живот со смирен ум.
Далај Лама

Иднината зависи од она што го правиме во сегашноста.
Махатма Ганди

Јас другите луѓе ги посматрам низ нивните добри особини. Со оглед дека ни јас не сум безгрешен, не би смеел да ги испитувам туѓите грешки.
Махатма Ганди

Мир и среќа ќе го исполнат вашиот ум ако дејствувате во согласност со вистината и самодисциплината.
Гобинд Синг

Не можете да се почитувате себеси, ако се плашите да бидете тоа што сте.
Амбер Хид

Најтивки се обично оние кои имаат највисоко мислење за себе.
Вилијам Хазлит

Оние што имаат некоја добра причина да веруваат во себе, никогаш не фалат други што се ценети.
Чарлс Дикенс

Ви треба некое мое самопочитување? Зашто можам да ти дадам онолку колку што сакаш!
Ребел Вилсон

Морате да верувате во себе и морате да се потпирате во Бога и Неговата заштита, тоа ќе ви помогне да надвладеете секој момент.
Кели Роуленд

Ако не верувате во себе, кој ќе верува?
Коби Брајан

Ти си архитект на своето самопочитување. Никогаш не смееш да зависиш од некој кој ти кажува кој си.
Бијонсе

Ако се покажете со самодоверба, можете да добиете речиси сè.
Кети Пери

Верувајте во себе и во тоа кој сте. Знајте дека во вас нешто што е поголемо од кои било пречки.
Кристијан Да Ларсон

Имам многу самодоверба. Или барем мислам дека имам.
Вит Ван Брекховен

Единствен шеф во кого отсекогаш сум верувал е јас.
Дарил Френсис Занук

Самопочитувањето не го заменува покривот на главата или полниот стомак, туку ја зголемува можноста дека поединец ќе пронајде начини за да им удоволи на тие потреби.
Натаниел Бранден

Самопочитувањето значи дека ниедно мислење и просудување не се така критични за сопствениот раст и развој како она што го имате за себе.
Денис Вајтли

За да воспоставиме вистинско самопочитување, мораме да се сосредоточиме на своите успеси и да заборавиме на неуспесите и негативностите на нашиот живот.
Денис Вајтли

Најмалиот недостаток на дисциплина почнува да го нарушува нашето самопочитување.
Џим Рон

Мислам дека високото самопочитување е преценето. Малку ниско самопочитување е всушност добро…Можеби не си најдобар, па би требало да се работи малку повеќе.
Џеј Лено

Проценете повеќе; други ќе се погрижат за снижување на цената.
Антон Павлович Чехов

Самопочитувањето е најдобар капитал на светот. Самовреднувањето е злосторство.
Орисон Свет Марден

Можеби никој не може да биде сјаен иноватор без поголема самодоверба, отколку што разумот може да го оправда. Најголемите иноватори верувале дека се божествени суштества или речиси.
Бертранд Расел

Моќта на човекот е пред сè моќ да верува во себе. Често далеку над кои било претходно покажани латентни способности. Умот е спортист, телото е едноставно средство кое тој го користи.
Брис Кортни

Не грижи се ако други не те сакаат. Грижи се ако не се цениш себеси.
Конфучиј

Ако верувате во себе, вдахнете доверба во други.
Јохан Волфганг Гете

Извонредните лидери стапуваат надвор од своето подрачје за да го зголемат самопочитувањето на своојот тим. Ако луѓето веруваат во себе, неверојатно е што можат да постигнат.
Сем Волтон

Луѓето не се согласуваат бидејќи се плашат едни од други; се плашат едни од други бидејќи не се познаваат едни со други; не се познаваат едни со други бидејќи не општеле едни со други.
Мартин Лутер Кинг

Човекот кој не е подготвен да умре за нешто не е подготвен за живот.
Мартин Лутер Кинг

Ако не можеш да леташ тогаш трчај, ако не можеш да трчаш тогаш оди, ако не можеш да одиш тогаш ползи, но што и да правиш, само продолжи да се движиш напред.
Мартин Лутер Кинг

Ништо големо нема да биде постигнато без големи луѓе, а човекот може да биде голем само доколку е одлучен да стане тоа.
Шарл де Гол

Малкумина се оние кои умеат да ги поднесуваат сопствените мани кај другите луѓе.
Барух Спиноза