Потребно време за читање: 5 минути

26. Власт-Властољубие

Македонски народни пословици

Ако е цар, не е Господ.

Ако е цар, не носит две глај.

Дај му влас да му видиш ак`ло.

Дај му власт на човека, па ќе видиш каков е.

Главата се познава по јазикот.

Пословици од народите на светот

Кој е опиен со вино, пред или после ќе се отрезни; кој е опиен со властољубие, не се трезни сè до смртта. (Индиска)

Со небото не владеат две сонца, ниту со куќа два господара. (Јапонска)

Власта е кошула која се соблеку ва само со кожата (Германска)

Под лош покрив трпи целата зграда. (Германска)

Величината не значи и вредност бидејќи тогаш огромниот камен би бил повреден од дијамант. (Германска)

Власта е како крчма. Од неа ретко кој излегува трезен. (Германска)

Брод со повеќе капетани е често во опасност. (Балкански народи)

Подобро е да се живее макар и еден ден како лав одошто стотина години како овца. (Италијанска)

Грубоста често се кае, пријатноста никогаш. (Чешка)

Една грешка дебела колку влакно од целта може да одвлече стотици километри. (Англиска)

Лебедот останува лебед и кога се дружи и со гуски. (Шпанска)

Мирот во школките создава бисери. (Француска)

На точката на среќата се возат четворица: едниот се качува, другиот се симнува, третиот е на врвот, а четвртиот е на дното. (Руска)

Народот е круг кој може да се насочи во било која насока. (Холандска)

Латински изреки

Здраво, царе! Те поздравуваат оние што ќе умрат. (Ave, Caesar, morituri te salutant!)

Раскарај, па владеј (Divide et impera)

Власта не се одржува со разлогот на властам туку со власта на разлогот.

Домисла- Гесло- Мисла водилка

Власта е како јајце: не смееш да го испуштиш, а не смееш ни да премногу да го стиснеш.
Запис на абомејски кралеви

Сепак светот се наоѓа во власта на лудаци.
Талмуд

Рекле, издумале

Слободата е често фраза, а тиранијата секогаш вистина.
Бранислав Нушиќ

Полесно е да се биде министер одошто бербер. Прво, берберот мора да знае да бричи, а второ мора да внимава да не исече некого. А министерот ниту миора да знае да бричи, ниту мора да внимава да не исече некого. Зашто и ако го исече, не е виновен.
Бранислав Нушиќ

Колку е власта поголема, толку е пострашна нејзината употреба.
Фјодор Достоевски

Власта ја добива само оној што се осмелува да се наведне и да ја земе.
Фјодор Достоевски

Тиранијата е навика која преоѓа во потреба.
Фјодор Достоевски

Да ги избираме најпаметните и најспособните. Пробавме со најдобрите, па тоа не даде никакви резултати.
Душко Радовиќ

Некои другари стасаа до целта и стојат. Не сакаат да се помрднат или да се тргнат настрана за други да можат да тргнат напред.
Душко Радовиќ

Секаде каде што ќе погледнам-секаде бичеви и синџири, срамота на злокобни закони, немоќни солзи на ропство; секаде е неправедна власта.
Александар Пушкин

Бунтот против тиранијата е покореност на Бога.
Бенџамин Франклин

Идеална ненасилна држава би била поредок без власт.
Махатма Ганди

Најефикасната властг најмалку досадува. Власта што се применува правилно мора да биде лесна како цвет-никој не треба да ја почувствува нејзината тежина.
Махатма Ганди

Може да му се заповеда само на оној што самиот себеси не знае да се слуша.
Фридрих Ниче

Секој народ има онаква политичка власт каква што заслужува.
Карл Маркс

Капитализмот е озаконет „рекет“ на владејачката класа.
Ал Капоне

Н луѓето најмногу им пречи ако со нив владеат оние што им се рамни.
Барух Спиноза

Долготрајното робување и лошата управа можат толку да го збунат и унакажат сфаќањето на еден народ дека здравиот разум и правиот суд во него го тенчат и слабеат, па сосем се извитоперуваат. Таквиот пореметен народ повеќе не може да разликува добро од зло, ниту својата сопствена корист од очигледната штета.
Иво Андриќ

Која влада е најдобра?-Онаа што нè учи како сами да владеме со себе.
Јохан Волфганг Гете

Се разбира, стадото не е добро ако пастирот му е овца.
Јохан Волфганг Гете

Нека научи да владее со себе оној што сака да владее со светот.
Јоханес Линанковски

Срцето на еден државник треба да биде во главата.
Наполеон

Во повеќето случаи водачите на народот на почетокот се луѓе од доверба, потоа луѓе од закон, а на крајот стануваат луѓе без вера и закон.
Џорџ Бернард Шо

Сè дотогаш додека филозофи не станат владетели или додека во владетелите не се соединат духот и моќта на филозофијата, политичката големина и мудрост, и додека оние со просечна природа кои сакаат да ги потиснат останатите не бидат принудени да се повлечат, државата нема да може да здивне од своите неволји.
Платон

Од сите казни најголема е онаа да бидеш под власт на полош, кога веќе сам не сакаш да владееш.
Платон

Копнежот по моќ нема корен во силата, туку во слабоста.
Ерих Фром

Моќта е слатка; таа како дрога се зголемува со навика.
Бертранд Расел

Нема поголела власт од онаа над самиот себе и над своите слабости.
Балтазар Грацијан

И јас верувам дека некој од горе гледа на нас, но за жал знам дека е во прашање владата!
Вуди Ален

Оние што ја прават мирната револуција невозможна, ќе ја направат насилната револуција неизбежна.
Џон Ф. Кенеди

На оној што еднаш владеел на други му е несносна власта на секој друг над него.
Конфучиј

Во земја на слепи едноок е крал.
Еразмо Ротердамски

Стремежот за власт им е својствена само на ограничени луѓе, само на оние кои не се способни да ги сфатат убавината и големата мудрост на внатрешната слобода, на слободата која не може да се покорува и не сака да покорува други.
Максим Горки

Ретки се луѓето кои во себе ги соединуваат супериорноста на позицијата и моралните вредности.
Аристотел

По самољубието, од сите човечки страсти најсурово е властољубието.
Висарион Григориевич Бјелински

Трагедијата на многумина луѓе на висока позиција е во тоа што благовремено не се повлекуваат од позицијата.
Хари Труман

Секоја власт е наедно и обврска.
Виктор Иго

Да си заповедаш на себеси е најголема власт.
Луциј Анеј Сенека

Никој долго не задржал насилна власт; умерената власт трае долго.
Луциј Анеуј Сенека

Ова е права власт: да не се сака да се владее иако би можело.
Луциј Анеј Сенека

На мошне висока позиција и на мошне висока планина на малкумина не им се завртува во главата.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Правда лишена од власт е немоќна; власт лишена од правда е тиранска.
Блез Паскал

Власт заснована на страв не е сигурна: стравот повремено се претвора во омраза.
Вилјем Шекспир

Колку е власта поголема, толку е поголема опасноста од нејзина злоупотреба.
Едмонд Бурк

Ниедна власт не може да се одржи долго, ако не ја потпираат вистината и правдата.
Ѓузепе Мацини

Кој се потпишува со палец, управува со тупаница.
Влада Булатовиќ- ВИБ

Тажно е кога мало чело смислува големо начело.
Влада Булатовиќ- ВИБ

Не мораат да имаат многу да кажат оние кои можат да наредуваат со гест.
Станислав Јержи Лец

Неписмените мораат да диктираат.
Станислав Јержи Лец

Не можеме да имаме цврста доверба во власт со преголеми овластувања.
Тацит

Копнежот по власт е пожестока од страста.
Тацит

Што ѝ штети на државата? Кога простаци владеат со народот и ја држат власта.
Лао Це

Не сакам да владеам, па да не бидам слободен.
Федар

За да можеш успешно да командуваш, треба да постапуваш така што тоа потчинетите да не забележат.
Е. Ф. Расел

Кој е меродавен, а нема авторитет, исто така е немоќен како и оној што има авторитето, а не е меродавен.
Ле Бон

Власта ги расипува луѓето. Неограничената власт расипува неограничено.
Алдоус Хаксли

Власта има поглед на медуза и кој ја гледа останува опчинет.
Стефан Цвајг

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here