Потребно време за читање: 20 минути

176. Учтивост-Љубезност

Обично, учтивоста и љубезноста ги толкуваме како израз на лична култура. Но, во нивната суштина тие се егзистенцијални за односите меѓу луѓето во општество на слободни, рамноправни и докажани личности.

Од сè директно спротивставено на учтивоста односно љубезноста, најпрви се грубоста и борбата. И едната и другата најпрви во суров свет. До последна капка крв, до смрт. Всушност, во таков свет грубоста и борбата им се потсмеваат на учтивоста и љубезноста.

Уште прашањево: се успева ли во кариерата повеќе со љубезност и учтивост, отколку без нив?

Одговор за лично промислување:

Успехот во кариерата со нив е можен, дури се постигнува побрзо со нив, но тој успех е потешко достижен и надминлив без нивна злоупотреба.

Македонски народни пословици и изреки

Во истовреме убедливо и љубезно.

Големите луѓе се и учтиви и љубезни.

Слабоста и подлоста во груби времиња се прикриваат и учтивост и љубезност.

Со ласкави зборој љубезни песни.

Убедува чоек не со љубезност, ами со веруање.

Учтивоста нема никаква врска со борбата на чоеко за живот.

Учтивио го разликуа чоеко од суровио свет.

Пословици и изреки од народи на светот

Кај што не можеш да сториш ништо, убаво е да се насмееш. (Јапонска)

Кој може да удри насмеано лице? (Кореанска)

Љубезниот збор го држи човекот топол четири зими. (Турска)

Не отворај дуќан додека не научиш да се насмевнуваш. (Кинеска)

Нема корист од тага оти тагата не е учтива. (Француска)

Плашливите не се љубезни. (Романска)

Во расположба и љубезност. (Јапонска)

Убавите зборови дури и змијата ја намамуваат да излезе од својата дупка. (Турска)

Латински изреки

Биди љубезен за да бидеш сакан.

Љубезен читателу (обраќање на авторот до читателот во стари текстови). (Benevole lector.) 

Нема ништо поскапоцено од добрината и љубезноста. (Facilitate nihil homini est melius, neque clementia.) 

Од љубезност. (Е Ex gratia) 

Учтивоста е основа на воспитувањето која се здобива со наклонетост.

Домисла, гесло, мисла водилка

Во политиката учтивоста е најчесто мимикрија.
Анонимус

Во учтиво друштво клучен збор е учтивост.
Анонимус

Љубезноста заслужува љубезност.
Анонимус

Точноста неретко е потврда на учтивоста.
Анонимус

Често учтивоста е израз на скромноста.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако ги видите децата сега, тие имаат однос и силен карактер. Тие играат една или две игри и бараат да учествуваат. Го немав тоа. Бев премногу учтив. Ако добрината има лага во својата суштина, тоа веќе не е добрина. Тоа е старателна љубезност.
Пјеро Феручи

Ако има Бог кој има специјални планови за луѓето, тој прави многу големи усилби за да ја сокрие својата грижа за нас. За мене би изгледало неучтиво, ако не и нечестиво да го мачиме таквиот Бог со нашите молитви.
Стивен Вајнберг

Ако некој ви предложи да го преземе вашето бреме, треба да знаете дека тој е сериозен, а не само учтив и мил. Учтивите и милите не издржуваат.
Ејми Тан

Ако сакате да бидете весели или тажни, замислени или љубезни, само треба да го прикажете тоа расположение, да го пренесете со секој гест и израз на лицето.
Патриша Хајсмит

Ако сакате да сте весели, меланхолични или внимателни, или да сте грижливи или учтиви, само треба да играте прикажувајќи ги тие чувства и квалитети.
Патриша Хајсмит

Ако се сомневате, најдобро е да сте учтиви кога имате работа со луди луѓе.
Џеј Кристоф

Ако сте по природа љубезни, привлекувате многу луѓе што не ви се допаѓаат.
Оскар Фингал Вајлд

Ако човек се дразни од обидите да бидете учтив со него, тогаш нема смисла да ги повторувате овие обиди.
Ана Берсенева

Ако чудовиштето ве поздрави, треба учтиво да одговорите со поздрав. А ако не го направите тоа, тогаш прашањето е кој од вас е чудовиште!
Луис Сакер

Анегдотата е љубезен хумор.
Михаил Светлов

Аргументот треба да биде учтив, како и логичен.
Алфонс де Ламартин

Бабата беше ужасно уморна од две нешта: кога требаше да зборуваш учтиво со непознати и да се држиш воздржано.
Мишел Харисон

Без оглед колку љубезно да се однесуваат боговите спрема тебе, ти никогаш нема да станеш еднаков во нивните очи.
Ричард Расел Риордан

Беше нежна, учтива и чиста, како што може да биде човечкото суштество.
Валери Ларбо

Биди љубезен со учителите. Дури и ако тие не ја заслужуваат твојата почит, тие заслужуваат сожалување.
Ешли Брилијант

Бидете љубезни затоа што секој што ќе го сретнете води тешка битка.
Ар Џеј Паласио

Бидете љубезни кон вашите деца, тие ќе ви изберат старечки дом за вас.
Дик Сваб

Биди поучтив со луѓето со кои се среќаваш качувајќи се нагоре,-пак ќе се среќаваш со нив кога ќе одиш надолу.
Вилсон Мизнер

Бидете толку љубезни што да создавате уметност без да ги покажувате вашите полови органи.
Владимир Бушин

Бидете учтиви со сите, друштвени за многумина, фамилијарни со некои.
Бенџамин Френклин

Благодарение на усилбите на пластичните хирурзи, маската на учтив интерес засекогаш замрзна на нејзиното лице.
Дона Леон

Боледуваат не оние кои простуваат или оние кои не простуваат. Боледуваат оние кои се уверуваат себеси и ги уверуваат другите дека простиле и заборавиле сè. Љубезно уверуваат. Постојано велат дека сè им е простено.
Ана Кирјанова

Борбеното искуство започнува и завршува со учтивост, интегритет, а правилата на доброто однесување треба да се исполнуваат безусловно.
Масутацу Ојама

Величието е толку често учтив синоним на голем успех.
Филип Гедала

Веројатно е учтиво да се преправаш дека и инаку не гледаш луѓе кои излегуваат од заложните куќи.
Дашиел Хамет

Веруваме дека е срамно и неучтиво да покажуваме силни чувства, особено страв, така што да ги сокриеме во смеа или насмевка, иако ни тоа не треба да го покажуваме.
Џејмс Клавел

Вие го осудувате мојот снобизам, но снобовите имаат една добродетел: знаат да бидат учтиви дури кога не сакаат.
Тадеуш Доленга-Мостович

Вистината е врата во заштитна карпа од лаги, учтивост и дежурни насмевки.
Милена Бускетс

Вистинскиот тест за добрите манири е да можеш љубезно да ги поднесуваш лошите манири.
Калил Џибран

Во воена зона емпатијата се престорува во одговорност. Ако го гледате вашиот непријател како човек, тоа ќе ве натера да се сомневате. Сепак, непријателот може да ви ја покаже истата учтивост.
Степан Шејч

Во љубовта, секој е за себеси. Тука нема сочувство, нема благородништво, љубезност. Затоа што љубовта е единственото нешто за кое вреди да се живее и за кое не е жално да умреш.
Борис Акунин

Вооруженото општество е учтиво општество. Манирите се добри кога може да се наложи да ги поткрепите вашите дејствија со вашиот живот.
Роберт Хајнлајн

Време е жените да престанат да се лутат љубезно.
Леима Гбови

Времето е бесценето и е неучтиво да губиш нечие.
Никола Јун

Времето е љубезен пријател, тој ќе нè остари.
Сара Тисдејл

Генијалците не се интересираат за правилата на учтивост-нивниот мозок е зафатен со друго.
Брајан Алдис

Гледам во шишето и шишето ме гледа. Во учтиво општество меѓу нас треба да има само чаша.
Ендрју Калдекот

Да ​​бидеш љубезен е наједноставниот начин да станеш она што всушност сме.
Пјеро Феручи

Да, во циркусот повеќе од сè нужни се луѓе кои се лојални, љубезни и ја сакаат својата работа.
Јуриј Никулин

Да го натерате глупавиот да молчи е неучтиво, а да му дозволите да зборува е жестоко.
Џорџ Халифакс

Да им ја кажеме болната вистина дека повеќето од овие уметнички дела се за Бога, кого никогаш не го спомнуваме во учтиво општество.
Ананда Кумарасвами

Да остариш е цела наука. Неопходно е да старееш љубезно, милостиво, убаво, но треба да започнеме со тоа дека сите ќе видат дека се радувате на животот и сте задоволни со себе.
Исак Асимов

Да се ​​научиш да бидеш учтив не е никако тешко.
Меј Маск

Дали бев љубезен кон другите? Беше тешко да се најде одговор. Бев загрижен дека ако се покаже дека имам личност, таа ќе биде една од нељубезните.
Сали Руни

Десната срцева слабост е лош гостин, макар доста љубезен. Таа никогаш не се појавува сама и сака да води неколку пријатели со себе без предупредување. За жал, гостите се однесуваат недолично.
Јоханес Хајнрих фон Борстел

Добро воспитан човек е оној што сака и знае како да се сообрази со другите, тој е оној на кого сопствената учтивост му е не само позната и лесна, туку и пријатна. Подеднакво е љубезен како кон постарите, така и кон помладите по години и по положба.
Дмитриј Лихачов

Додека има живот, има надеж-таа доверба не е толку туѓа за „измамените“, како што други љубезни теоретичари би сакале да нè импресионираат.
Томас Харди

-Додека танцуваме, треба ли да водиме учтив разговор?-Би претпочитале ли неучтив?
Шанел Клејтон

Дури и во објавата на војна се забележуваат правила на учтивост.
Ото фон Бизмарк

Е, ако пишувате, следствено сакате да бидете прочитани и следствено разбрани, но тогаш основното барање за учтивост е да се обидете да не ја затемнувате смислата.
Веркор

Еден  вулгарен збор, добро поставен и изречен со доволна енергичност, може да изрази многу повеќе од неговиот учтив еквивалент.
Пип Вилијамс

Едно е да се држиш учтиво кон оние кои треба да ти се потчинуваат, а сосема друго е да ти побара прошка некој што ти згрешил.
Лоренцо Медијано

Едно од нештата што одржуваат едно човечко општество е присуството на елементарна учтивост меѓу неговите членови.
Јаир Лапид

Едноставно нема учтив начин да им кажеме на луѓето дека го посветиле својот живот на илузија.
Даниел Денет

Елементарната учтивост на лошиот ученик се состои во тивко и скромно поведение: тука совршено би се вклопило мртвороденче.
Даниел Пенак

Ете така. Често сè што е потребно за да бидат учтиви еден кон друг е присуството на надворешен човек во чии очи не сакате да изгледате глупаво.
Глен Кук

Ефикасните системи не успеваат да дадат резултати, ако се применуваат без љубезност.
Кендра Адачи

Живеејќи до старост, разбрав дека вистинската почит не доаѓа од срцето, туку од вниманието кон едноставните правила на љубезност и смирение.
Орхан Памук

Забележав дека човек најретко е доволно учтив да умре кога сите го сакаат тоа.
Мадам де Севињи

Забележав дека повеќето луѓе се жалат на „нељубезност“, кога им ја кажуваат вистината.
Брам Стокер

Завојувачите не поставуваат учтиви барања.
Стефани Лоренс

За да успееш во светот не е достаточно да си глупав-човек треба да биде и учтив.
Франсоа Волтер

За жал, оваа болна извештаченост е неизбежна при преминот од интимност кон обична учтивост.
Ирса Сигурдардотир

Затоа бегајте од друштвото на детски луѓе. Поздравете ги кога ќе се сретнете со насмевки кои се придржуваат кон заедничката учтивост, без да предизвикуваат интимни односи.
Шантидева

Злобата и збунетоста не можат да бидат замаскирани со напната, љубезна насмевка.
В. Е. Шуаб

И сепак, кога човек е учтив со вас, веќе не е толку забележливо дали ве смета за умен или глупав.
Ана Берсенева

И тогаш една слаба воздишка на задоволство соживува со одамна застарени желби, а во еден тивок свет се раѓа шепот кој љубезно го прекорува предоцниот очај. Последниот збор, последното упатство.
Семјуел Бекет

Извесно е дека берберите се првите додворувачи и најљубезните луѓе на земјата.
Максим Горки

Има време за учтивост и има време кога сте должни да бидете груби.
Даниел Денет

Искреноста без учтивост е како скалпел, ефективна, но непријатна. Искреноста со учтивост е полезна и достојна за восхит.
Парамаханса Јогананда

Ја забележав зад него оваа црта-апсолутен недостаток на учтиви зборови. Тој само го кажува она што го мисли. Но, мислите му талкаат.
Карен М. Мекманус

Каратето започнува и завршува со љубезност.
Гичин Фунакоши

Кога бев мал, им се восхитував на паметните луѓе. Сега кога сум стар, им се восхитувам на љубезните луѓе.
Мартин Бубер

Кога љубезната учтивост е омекнување на фанатичната љубомора и претворање на „Верувам“ во „Човек чувствува“.
Роналд Нокс

Кога на љубезност возвраќаш со љубезност, ги поттикнуваш луѓето на добро. Кога на злото возвраќаш со зло, тогаш луѓето ги опоменуваш да не прават зло.
Конфучиј

Кога ќе кажете нешто навистина нељубезно, кога ќе направите нешто како одмазда, гневот ви се зголемува. Правите другиот да страда и тој ќе се обиде да каже или да направи нешто како одговор за да се ослободи од своето страдање. Ете како ескалира конфликтот.
Тич Нат Хан

Кога човек знае дека наскоро ќе исчезне, тој не се притеснува со прекумерна учтивост во однесувањето спрема оној кого го мрази со секое влакно на својата душа.
Енрике Вила-Матас

Кој е храбриот човек? Оној што нема страв? Ако е така, тогаш храброста е само учтив термин за ум лишен од рационалност и вообразение.
Џералдин Брукс

Колку брзо може да се промени животот. Па, можеби беше време да се промени одново. Бев на убаво место, престојував со љубезна жена и сакав да се забавувам, каков и да беше резултатот.
Рис Боуен

Колку е глупаво да мислиш дека човек некогаш може да ја тресне вратата пред возраста. Многу е поразумно да бидете учтиви и љубезни и однапред да го поканите на ручек.
Ноел Каурд

Колку е поголем човек, толку е поучтив.
Алфред Тенисон

Колку лесно човек паѓа во мамката на најмалата љубезност.
Чарли Чаплин

Колку од она што луѓето го кажуваат е вистинско и колку е учтивост? Дали некој навистина го живее својот живот или сите читаме редови од гигантско сценарио напишано од други луѓе.
Хелен Хоан

Колку учтиво звучеше, како да сум почесен гостин. Како да се распрашуваше за мојата благосостојба, без ни најмала намера да ми ја земе крвта.
Су Лин Тан

Комедијата не е учтива, не е коректна и дури не е точна. Тоа е просто хаос. Така што тоа е начинот на кој пристапувам.
Луј Си Кеј

Купувањето на самите пијалоци е она што го користиш за учтиво да ги одвратиш момците, а сега просто ми го предлагаш местото затоа што ме сожалуваш или всушност имам шанса тука?
Шанел Клијтон

Лагата вредна еден милениум води до една единствена вистина-иднината им припаѓа на младите, ако старите љубезно умрат и се тргнат од нивниот пат.
Скот Сиглер

Лекарот треба да биде љубезен и отворен кон луѓето, бидејќи товарот го прави недостапен како за здравите, така и за болните.
Хипократ

-Леле,-велам учтиво, но не го чувствувам тоа. Јас сум како социопат кој се однесува на скапите автомобили. Не чувствувам никакви емоции.
Џон Ронсон

Луѓето се однесуваат кон него со поголема почит, отколку кон секој полицаец. Можеби затоа што роботот е учтив, услужлив и никогаш не бара мито.
Неди Окорафор

Луѓето се чудни суштества. Прво не се заинтересирани за тебе, а после, кога ќе ја добијат книгата те нарекуваат нељубезен.
Катарина Бивалд

Љубезните зборови не чинат многу, но сепак заработуваат многу.
Ар Џеј Паласио

Љубезните зборови оставаат прекрасен впечаток во душите на луѓето. Тие го омекнуваат, утешуваат и лекуваат срцето на оној што ги слуша.
Блез Паскал

Љубезноста кога си ранет боли повеќе.
Али Ланд

Љубезноста може да изгради повисок ѕид меѓу луѓето од физичкото насилство.
Греам Грин

Љубезноста не може да се наследи. Таа може да се придобие.
Кевин Алан Милн

Љубезното лице е за телото она што е здравиот разум за духот.
Франсоа Ла Рошфуко

Љубовта е подобна за дворјаните чии постапки доаѓаат од срцето под маска на учтивост.
Лопе де Вега

Љубовта кон вистината е еден од најсилните мотиви за замена на она што навистина се случува со рационализиран наратив или, за да го изразам на помалку учтив начин-љубовта кон вистината е еден од најсилните мотиви за измама на себеси и другите.
Пол Фејерабенд

Малку повеќе од роднина, малку помалку од љубезен.
Вилијам Шекспир

-Ме следиш ли?-Тоа не е против законот!-Неучтиво е.
Вернер Винџ

Ме учеа да бидам учтив-не можеш да поминеш мост ако го изгориш.
Алис Фини

Меѓу луѓето од високата класа беспрекорната учтивост е највисокиот израз на презир кон другите.
Артуро Перез-Реверте

Многу полошо од човечката злоба е лепливата добрина, гадната љубезност.
Паскал Брукнер

Можете да продолжите да им кажувате на девојките да бидат учтиви, да одржувате рамнотежа и на крајот сè ќе успее. Но, немојте да се изненадите кога ќе разберат дека сте ги хранеле со лаги.
Лиза Луц

Мозокот е нешто смешно, начинот на кој работи секогаш бара најучтиво објаснение.
Питер Кери

Моите родители беа доволно љубезни да поминуваат часови во разгови со мене.
Гери Стеингарт

Мојата љубезност е парадокс на мојата емоционална состојба.
Френсис Скот Фицџералд

Мудроста никогаш не е позабележлива, ниту пољубезна, отколку во признавањето на грешката.
Аугустус ФицРој

Навистина не го разбирам минимализмот. Толку е учтив и досаден. Ако не сакате никој да ви забележува, треба да си останете дома и да си ги одгледувате зеленчуците.
Роберто Кавали

Навикнат сум на љубезност; кога нема да добијам, барем инсистирам на почит што се должи по ранг.
Наоми Новик

Најважно е да бидете професионални и љубезни.
Адам Кеј

Најлесен начин да го претворите љубезниот болнички персонал во разгневена банда е да ги лишите од нивното кафе.
Јоханес Хајнрих фон Борстел

Најучтивите луѓе по правило се најстудени и најбезобѕирни.
Артуро Граф

Најчесниот украс на вистинската мајка е учтиво и воспитано дете.
Мирза Ахундов

На грубоста паметниот човек одговара со светска учтивост.
Лион Фојхтвангер

На друг да му се олесни да изрази учтивост, тоа е врв на учтивост.
Јохан Волфганг Гете

На крајот на краиштата, независно од тоа колку учтиво се изразувате, не е многу културно да држите човек во незнаење за вашите намери.
Греам Џојс

На крајот на краиштата, уметноста е малку учтивост, можете прекрасно да се справите и без него.
Дидие Декоин

На крајот на краиштата, чесен човек не може да гледа спокојно како навредуваат друг чесен човек; од нечесен и страшливец нема да видите рицарска учтивост и љубезност, зашто страшливецот не знае за милост.
Томас Малори

На љубезноста возврати со љубезност, а на злото возврати со праведност.
Конфучиј

На масата беше вообичаено да се набљудува нужната префинета учтивост: мажите и жените често јадеа од исто јадење и пиеја од иста чаша, а мажот требаше да ѝ ги обезбеди на дамата најдобрите залаци.
Алисон Вир

На твојата возраст не молчев. Но вашето поколение, како што забележав, се држи исклучително тивко и претпазливо. Сите сте одвратно учтиви. Би ве советувал да излезете на улица. Станете груби и арогантни. Уверете се дека сте слушнати. Завивајте со полн глас.
Бенџамин Перси

Напразно правилата на војната се обидуваат да ја претворат во благородна игра, во нешто како дуел, каде што чесноста и учтивоста служат како граници на насилството. Главното сепак останува масовен колеж.
Роже Кајоа

Не е нужно да му помагате на секој. Најлесниот начин да бидеш растргнат на парчиња е да ги преземеш сите грижи на другите луѓе, да ги исполниш сите барања. Научете се да откажувате. Во идеален случај, учтиво и спокојно.
Најџел Камберленд

Не е тешко да бидеш учтив.
Дајан Сетерфилд

-Не е учтиво да се удираат девојки.-Уште помалку учтиво е да ги удрам своите пријатели.
Скот Линч

Некои луѓе сметаат дека учтивоста е покана за напад.
Алис Вокер

Нели ве става во незгодна положба тоа што сте премногу запознаени? Поофицијалниот начин на зборување не значи само дека сте учтиви, туку е и начин да се заштитите.
Мајкл Себастијан

Нема ништо поужасно за човек од друг човек кој нема никаква врска со него. Културно преправање, учтивост со која постојано го нагласуваме взаемниот интерес, има длабока смисла.
Осип Манделштам

Немаат ништо заедничко, освен што се познаваат со векови. Поминатото време заедно значеше нешто. Не требаше да си објаснуваат ништо, ниту да бидат учтиви, ниту да ги пополнуваат паузите во разговорите.
Дебора Леви

Немам време ниту да живеам, ниту да пишувам. Затоа ја мамам мојата уметност со тоа што откраднувам неколку вечерни часови за да го напишам овој најнесоодветен и најнебрежен одговор на вашите учтиви и елегантни писма.
Питер Пол Рубенс

Не мислам дека вината бара дозвола за влез. Не мислам дека чука и учтиво чека на килимот.
Сали Пејџ

Не мислам дека треба да се обидувате да бидете мили, мислам дека повеќето луѓе се мили. Мислам дека да бидеш весел и мил е просто учтивост.
Греам Нортон

Не можете да ги спречите грешките, но можете љубезно да ги разрешите проблемите.
Даниел Којл

Не разбирам зошто треба да бидам љубезен со тираните кои плукаат на хуманизмот и мислат само на сопствените ситни интереси.
Пол Фејерабенд

Неверојатно колку љубезни можат да бидат луѓето кога мислат дека ти скоро ќе умреш.
Ришел Мид

Неговата учтивост и љубезност создаваат впечаток дека дури ако тој оживее при бродолом и да заврши на остров населен со неписмени дивјаци, тоа воопшто нема да му го промени начинот на размислување.
Питер Строуб

Некои луѓе не реагираат на љубезноста.
Џејмс Елрој

Некој не разбира дека директното „не“ може да биде најљубезниот одговор на светот.
Џонатан Коу

Нема ништо поодвратно од човек кој се презира себеси, но од кукавичлук и суета сака да биде љубезен и да се допаѓа.
Томас Ман

Несакањето е едноставно учтиво отуѓување, додека омразата е активно чувство, предизвикувачко дејствие.
Татјана Веденскаја

Не се обидувајте да бидете љубезни-тоа ќе се сфати како слабост.
Ридион Брук

Несигурноста и незадоволството од сопствениот живот водат до осуда; осудувањето води до нељубезност; а нељубезноста води до уште повеќе несигурност.
Кристина Кузмич

Не сум љубезна, ги отсекувам луѓето како со ножици и ги пуштам како коприва.
Една О’Брајан

Неучтивоста е сојуз на суровост и глупост.
Силвана де Мари

Не, хуморот не е учтивост на очајот, хуморот е спасувачки појас за давење на луѓе кои не ги соблекле чизмите за да можат побрзо да стигнат до дното.
Лорен Фуше

Нешта кои не е учтиво да се дискутираат на масата за вечера: политика, религија и живи мртовци.
Мира Грант

Ниедно безумие не дејствува како лудост за почеток, понекогаш ќе почука учтиво на вратата и кога ќе го пуштите само ќе седи во аголот без врева-и ќе расте.
Нејтан Фајлер

Ние не сме на бојното поле. Во нашите срца можеме да чувствуваме секакви чувства, но зошто барем надворешно да не се обраќаме еден на друг со добронамерна учтивост? Положбата ни е срамна и понижувачка, па зошто да ја влошуваме?
Ирина Немировски

Никогаш не е многу доцна да бидеш мил, учтив и вљубено човечко суштество.
Еди Џеку

Никогаш не се извинувајте двапати за едно и исто нешто. Така учтивоста се претвора во слабост.
Ерик Њуланд

Никој, без разлика кои се тие, не е над вообичаената учтивост.
Мартина Кол

Никој не е премногу висок или премногу низок за заедничка учтивост.
Нита Проуз

Никој со таква жар не ја докажува својата вистинитост како лажливецот, својата храброст како страшливецот, својата учтивост како лошо воспитан човек, својата неизвалкана чест како ѓубрето.
Маргарет Мичел

Никогаш не сметајте една жена за злонамерна само затоа што е грда и нељубезна пред вас.
Кетрин Валенте

Ништо не вреди толку евтино и ништо не се цени толку скапо колку учтивоста!
Олес Гончар

Ништо не е толку евтино или ценето, колку учтивоста.
Албер Коен

Но, вистинската љубов има повеќе врска со омразата и бесот, отколку со добрината и љубезноста.
Лајонел Шрајвер

Но, во овој век лишен од манири и учтивост, дури вообичаената учтивост заслужува почести.
Александра Флин

Но, мама и тато секогаш ме учеа да бидам учтив со другите, без разлика колку се лоши, затоа ги поздравив со мојата најтопла насмевка.
Рос Монтгомери

Образованиот човек треба да се однесува учтиво дури и кон оние што го мразат.
Рахул Рајна

Однадвор жената може да се однесува учтиво и дури цинично, а нејзината душа крвави.
Клариса Пинкола Естес

Оклопот на една дама е нејзината учтивост.
Џорџ Р.Р. Мартин

О, кога човек е нежен, учтив, интелигентен, трпелив ден за ден, година за година, тоа не минува неказнето.
Семјуел Бекет

Општеството многу правилно одбегнува секого чиј интегритет е доведен во прашање. Колку да е човек учтив, пријатен и попустлив, никој од нас не се смее да се занимава со него ако се сомнева во „лажни мерки и тегови“.
Финес Барнум

Отсекогаш ме сметале за олицетворение на човештвото: ладнокрвно подозриво, учтиво недобронамерно и тесно егоистично.
Џон Едвард Вилијамс

Оценувајте точно, а не љубезно.
Реј Далио

Очигледно ќе бидам љубезен, така што никој нема од што да се плаши од мене.
Џудит Мартин

Повеќето проблеми најдобро се решаваат лично, а не преку владата. Во светот има проблем со неучтивоста кој најдобро се решава со социјални норми кои се незаменливи. Но, вие не би сакале владата да бара учтивост.
Кас Санштајн

Погледни го лицето на твојот келнер. Тој знае. Тоа е уште една причина да бидете учтиви со вашиот келнер: тој би можел да ви го спаси животот со крената веѓа или воздишка.
Ентони Бурдејн

Победи го гневот со нежност, нељубезноста со добрина, алчноста со штедрост и лагата со вистина.
Артур К. Брукс

Подарокот со љубезно изразување е двоен подарок.
Томас Фулер

Подобро е да бидете цврсти, отколку да продолжите да бидете учтиви со оние кои не ја заслужуваат вашата учтивост.
Игор Вагин

Подобро е да бидеш премногу искрен за да бидеш учтив, отколку да бидеш премногу учтив за да биде искрен!
Андре Конт-Спонвил

Политика-љубезен збор за предпотопните предрасуди, парталите облечени од непријателство и племенско незадоволство.
Џозеф О’Конор

Понекогаш, кога некој ќе каже нешто толку чудно што не знаете како да му одговорите, најубавото нешто е да кажувате учтиво „Здраво“.
Даниел Хендлер

Понекогаш се чувствувам како изговор да бидам нељубезен. Кога сите го прават тоа, можеби се чувствува прифатливо?
Сеџал Бадани

Порано бев попрефинет, но на мојата возраст почнуваш да сфаќаш дека учтивоста не оди многу далеку. Подобро е да бидеш искрен и директен, дури и ако налути неколку души по патот.
Кристофер Голден

Прашањето е учтив начин да побарате нешто.
Едвард де Боно

Прво, утврдете ги неплатените задолженија. Тоа се основните пројави на љубезност што сите вие ​​ги правите во полза на семејството.
Сузи Орман

Предавството што сега го почувствував беше поголемо затоа што беше извршено со најголем шарм и љубезност.
Е.Р. Брејтвејт

Предолго се обидувам да се справам сам и тоа воопшто не ми помагаше. Понекогаш едноставно имате потреба некој љубезен да седне со вас додека се занимавате со нештата.
Гејл Ханимен

Прекумерната љубезност понекогаш не е подобра од грубоста.
Радјард Киплинг

При секоја ситуација треба да бидеш љубезен, бидејќи паметната љубезност носи процент.
Лион Фојхтвангер

Пријатно е да слушнам дека сте толку учтиви со вашата мачка. Поради некоја причина тие обично велат „ти“ на мачките, иако ниту една мачка никогаш не се збратимила со никого.
Михаил Булгаков

Прифаќам моите деца да бидат традиционално учтиви и тоа им функционира многу добро.
Мајим Бјалик

Проблемот со нас е дека бевме премногу учтиви еден со друг.
Сузан Вриланд

Продавница со модерни, висококвалитетни, убаво скроени артикли по пристапна цена и љубезна услуга е шпански успех.
Ковадонга О’Ши

Психолозите се премногу учтиви со своите идеи.
Џон Брокман

Рамнодушноста не означува недостиг на учтивост.
Елена Звезднаја

Револуциите отсекогаш се одликувале со својата неучтивост: веројатно затоа што владејачките класи не се занимавале со навремено всадување на добри манири меѓу луѓето.
Лав Троцки

Реципрочната учтивост на авторот е една од најсмешните сцени на фарсата на животот.
Бен Џонсон

Речта е компресирана, репликите се формули. умееше да слуша; таа никогаш не го потиснуваше својот собеседник, но во спор беше опасна: во спорови, дискусии и дискусии, без да ги надмине границите на застрашувачката учтивост, таа го поразуваше својот противник со молскавичен напад.
Аријадна Ефрон

Самата суштина на учтивоста е да се грижиме со нашите зборови и постапки да ги направиме другите луѓе задоволни како од нас, така и од себеси.
Жан де Лабриер

Сами со себе, луѓето се секогаш или многу љубезни или многу глупави.
Жил Делез

Самиот дух на љубезност бара човек да го зборува само она што слушателите го очекуваат од него, и не повеќе.
Какузо Окакура

Само за да не помислите дека тоа место е полна змиска јама: тука има и мили, учтиви и сочувствителни луѓе. Иако тие обично не се оние што ги забележувате.
Хендрик Хрун

Само учтиво му кажав благодарам на човек кој ми кажа дека можам да умрам секоја секунда.
Ник Сполдинг

Самоубиството е крај на секоја љубезност. Меѓу другото, и во однос на самиот себе.
Мартин Зутер

Се надевам на она на што секогаш се надевам како писател: критичен, но љубезен читател. Мислам дека сите ние се надеваме на тоа.
Христос Циолкас

Сè што знам е дека моите фанови се навистина прекрасни и љубезни.
Адам Вест

Секогаш е храбро да бидеш љубезен.
Ар Џеј Паласио

Секогаш сум сметала дека ако мажот ви даде клуч од масивно злато за својата врата, тој има право на љубезна посета.
Хеди Ламар

Секогаш било разумно да бидеш учтив спрема книгите, без разлика дали тие можат да те слушнат или не.
Маргарет Роџерсон

Секогаш да ја зборуваш само вистината е премногу вознемирувачко и згора на тоа неучтиво.
Лајман Френк Баум

Секогаш зборувајте учтиво со разјарен змеј.
Стивен Бруст

Секој што ќе го сретнете води битка за која не знаете ништо. Бидете љубезни. Секогаш.
Бред Мелцер

Се придржувам на идејата дека учтивоста, сфатена како желба за учество во јавен дискурс, е првата добродетел на граѓаните.
Марк Кингуел

Се разбира, постојат одредени правила на пристојност, но понекогаш ми се чини дека мажите ги создале за да не обрaќаат на учтиво внимание на жена која не ги привлекува.
Лариса Ренард

Сè уште ми е многу тешко на Запад да се поврзам со таа љубезна насмевка, без да кажуваш како мислиш или мислиш ли да не кажуваш како навистина се чувствуваш.
Варис Дири

Сигурен начин да бидете љубезни е секогаш да бидете ладнокрвни.
Балтазар Грацијан

Силата не треба нужно да биде сурова; таа е најсилна кога не ги користи своите предности и е љубезна.
Висенте Бласко Ибањес

Сигурни, како херои од филм, учтиви, како чај, учтиви, како баратели на работа во ерата на финансиска криза.
Том Робинс

Сите врати се отвораат за љубезноста.
Томас Фулер

Сите мислите дека сум страшливец кога сè што сум е тоа што сум учтив.
Џон Рајт

Сите тие дадоа ветувања што нема да ги одржат. Сите се толку учтиви, лажливи и празни. Какво олеснување е да ги гледам како влегуваат во такси!
Леа Флеминг

Слобода и празнина, колку добро! Не е нужно да зборувате со никого, да се правите учтив…не е нужно да се притеснувате за ништо.
Џоан Г. Робинсон

Смирението е љубезно содејство на дребната риба или гордоста на светиите.
Ерве Базин

Со текот на годините видов премногу политичари како ги уништуваат своите кариери затоа што не можеа да го прифатат поразот со љубезност.
Жан Кретјен

Според одењето беше очигледно дека неговата кутија со љубезности е речиси празна.
Хју Лори

Спорот веднаш открива интелигенција, логично мислење, учтивост, способност да се уважуваат луѓето и…самоуважување.
Дмитриј Лихачов

Способноста да ја објасниш својата непријатност учтиво и со почит функционира во секоја култура.
Марк Гулстон

Станувајќи обичен ритуал, фигура на учтивост, нежни зборови се лизгаат по лизгавиот покрив на навиката.
Албер Коен

Стравот влегува во собата и седнува на стол и со љубезна насмевка моли да започне преговори.
Џон Скалзи

Стравот имаше тенденција да ја прогони љубезноста на цивилизацијата.
Елизабет Хојт

Страдањето е проширена свест која достигнува до сите нешта што биле и ќе бидат. Тоа е вид на тајна добрина кон сите нешта. Учтивост со сето она што беше. А елеганцијата секогаш се раѓа од добрина и учтивост.
Мануел Вилас

Студенината или неучтивоста, идејќи од оние што се над нас, нè тера да ги мразиме, но еден поздрав или насмевка ги помирува со нас.
Жан де Лабриер

Таа веруваше во учтивоста и однесувањето кон луѓето со уважување. Не е важна вашата положба во животот. Важно е како се однесуваш.
Нита Проуз

Таа рече дека ѝ е жал, што беше љубезно, но ненужно. Реков дека и јас сожалувам. И двајцата сожалувавме и разбиравме.
Стеф Пени

Тајниот страв да сме нељубезни нè изолира, но само затоа што сме изолирани, мислиме дека не сакаме.
Габриел Зевин

Такво е воздејството на вистинската учтивост, дека исфрла секоја воздржаност и срам.
Фани Барни

Талентот е учтивен однос кон материјата, тој се состои во тоа да ставиш песна во устата на тишината.
Жан Жене

„Ти верувам“ е само поучтив начин да кажете: „Е, па, доста е“.
Бол де Жур

Тоа дека сте учтиви не значи да бидете мумифицирани.
Џудит Мартин

Тоа ме тера да се чудам сега, на средна возраст, дали спонтаноста, љубезноста и љубопитноста се дел од нашата природна способност да плутаме.
Марк Непо

Тоа само го потврди она што го научив пред многу години: оние што врескаат посилно го добиваат она што го сакаат. Оние кои учтиво молчат и чекаат на опашката ќе добијат дупка од крофна. Таков е животот.
Сајмон Кларк

Тоа сме ние како човечки суштества. Во поголемиот дел сме љубезни.
Ричард Осман

Тој беше доволно стар за да ја одгатне единствената причина за нејзината љубезност, но доволно млад по дух за да не го пропушти моментот.
Џејмс Џојс

Тој беше силен кога беше слаб, учтиво слаб кога беше силен.
Чарлс Шефилд

Тој веднаш реши дека ќе биде презирно учтив, исто како што беше со неа во последно време. Тоа е најдобриот начин да ја држите на растојание.
Селма Лагерлоф

-Тој зборуваше толку учтиво и како свесно.-Сите измамници зборуваат со умеење.
Енид Мери Блајтон

Тој ја прегрна како подарок. Како богатство љубезно предадено нему. Тивко мало создание. Неиздржливо скапоцено.
Арундати Рој

Тој не беше ништо друго освен учтив пред вас, иако ја искористил учтивоста како оружје, како секој Англичанец.
Шехан Карунатилака

Тој успеа да се држи доволно учтиво, имено да ги натера другите да се чувствуваат непријатно.
Џон Диксон Кар

Точноста е учтивост на кралевите, а со тоа и на поетите, бидејќи поетите се кралеви на животот.
Ирина Одоевцева

Треба да имате десет таленти за да го замените единаесеттиот-учтивост.
Јуриј Долд-Михајлик

Треба да се однесувате кон секого со љубезност, дури ако тој човек работи за вас.
Џон Бојн

Треба да убивате љубезно. Така е полесно за сите.
Марта Хол Кели

Требаше да се верува на инстинктите повеќе од учењата на едно наводно учтиво општество. Ако чувствувала дека нешто не е во ред, значи нешто веројатно не е во ред.
Тами Хоуг

Убавите мажи се склони кон лекомисленост, а преубавите и љубезните се премногу сериозни и искрени.
Бернхард Келерман

Улогата на основач-извршен директор е исклучително самотна. Не можете секогаш да бидете целосно учтиви со вашиот совет, инвеститорите или вработените.
Марк Рандолф

Учтив читателу, за писанието се вели дека е доволно длабоко за да плива слон и сепак доволно плитко за да гази јагне.
Ралф Венинг

Учтивата молба е најдобриот начин да го добиеш неопходното.
Стив Харви

Учтивите луѓе велат „благодарам“ кога ќе добијат комплимент.
Сали Грин

Учтивите луѓе се спокојни луѓе.
Игор Ман

Учтивите непознати често говорат успокојувачки лаги за нашиот надворешен изглед кои им пречат на многумина од нас да се исправат пред да дискутираат и ги решаваат нашите вистински проблеми.
Марта Бек

Учтивиот начин да не откажете директно е да го промените разговорот; понекогаш нема ништо попаметно од тоа да се преправаме дека не сме разбрале.
Балтазар Грацијан

Учтивост-понекогаш најсовршената форма на пренебрегнување.
Хајнрих Бел

Учтивоста го тера човекот да изгледа однадвор како што треба да биде однатре.
Жан де Лабриер

Учтивоста зборува за одвоеност. Врската меѓу сопруг и сопруга никогаш не треба да биде учтива.
Корнел Улрих

Учтивоста е вид на штит, можете да разговарате со секого, за било што, и во едновремено да не кажувате ништо.
Глорија Му

Учтивоста е губење време; ве ослабува и ве поткопува.
Јасмина Реза

Учтивоста е квалитет кој јас самата не го поседувам и кој не го ценам кај другите.
Дајан Сетерфилд

Учтивоста е паролата која ги тера тркалата да се вртат.
Агата Кристи

Учтивоста е последното прибежиште на оние кои не успеале во сите други односи.
Дајан Сетерфилд

Учтивоста и брендот, господа, се важни.
Хал Данкан

Учтивоста и љубезноста се едноставно начини на кои ја признаваме важноста на другиот човек.
Лес Гиблин

Учтивоста и чувството за чест ја имаат оваа предност: ги подаруваме на други без да губиме ништо.
Балтазар Грацијан

Учтивоста на умот се состои во способноста да мисли достојно и истенчено.
Франсоа Ла Рошфуко

Учтивоста, општествено прифатливо потиснување на нашиот гнев, е „неавтентично“ доколку не се споделуваме целосно себеси. И тоа е исто така дел од довербата. Дел од тоа да си сигурен е да одговараш на очекувањата и да стоиш на ставот дека си добро воспитана жена.
Емили Нагоски

Учтивоста освојува срца.
Балтазар Грацијан

Учтивоста понекогаш е толку непријатна, колку пренебрегнувањето.
Дот Хачисон

Учтивоста се лизна меѓу нив, како сечиво на нож што ги разделуваше.
Норман Луис

Учтивоста и љубезноста се едноставно начини на кои ја признаваме важноста на другиот човек.
Лес Гиблин

Хероите, добро, тие не живеат толку долго. Но, тие се многу љубезни и сите им се восхитуваме.
Ненси Фармер

Цивилизацијата е префинетост на духот, почитување на ближниот, толеранција кон туѓото мислење, учтивост кон манирите.
Висенте Бласко Ибањез

Цивилизираните мажи се помрзеливи од дивјаците затоа што знаат дека можат да бидат неучтиви без да им пукаат черепите, генерално.
Џек Кар

Човек треба да е пријатен со сите бидејќи ништо не се дава толку евтино и не се цени толку скапо, колку учтивоста.
Албер Коен

Чувството на благодарност е широко распространето во речиси секое општество. Токму тоа чувство го поттикнува човекот да одговори учтиво на учтивост, со подарок на подарок и со отстапка за отстапка.
Игор Ризов

Чудно како малку учтивост може да го промени мнението на луѓето.
Шерман Алекси

Што се однесува на филозофијата, таа го прави архитектот возвишен и несамобендисан, а поскоро го прави учтив, праведен и чесен, без алчност. Тоа е многу важно бидејќи никоја работа не може да биде завршена правилно без чесност и непоткупливост.
Витрувиј