Потребно време за читање: 4 минути

145.  Усовршување

Човек мора да се усовршува како човек додека е жив. Се усовршува, станува подобар одошто е, дури подобар од кога е најдобар. Затоа што инаку не може напред, ниту да се извишува.

Усовршувњето е најмногу поврзано со знаењето, ученоста и искуството. Трите никогаш не доаѓаат до крајната точка, особено кога станува збор за мислата и промислата, и за креативниот односно творечкиот дух. Крајната точка и последната достасана цел, пак, се почетна и прва за ново чекорење кон нови.

Не подоброто, туку секогаш најдоброто од човек за секое добро и да има подобро секогаш. Се усовршува непрестано, се стреми кон совршенство кое во суштина и за него како за секој не е никогаш достижно.

Секогаш да се има на ум: усовршување во што било со друг, со други, но и со самоусовршување.

Македонски народни пословици и изреки

Од арно поарно.

Не до подобро од други, ами до најдобро од тебе.

Во секоја работа најдоброто од тебе за да нема подобро.

Човек се усовршува цел живот.

И да се усовршуваш и да се самоусовршуваш.

Пословици и изреки од народи на светот

Додека телото ти е здраво, додека староста е далеку, додека сите твои способности се во период на процут, стреми се со сите сили кон усовршување. Какви цели има копање бунар кога куќата е веќе во пламен? (Индиска)

Сè што е од вредност, не може да биде брзо усовршено. (Кинеска)

Ако некој не стане подобар, ќе стане полош. (Хасидска)

Латински изреки

Анализирај фи грешките и ќе знаеш како да се усовршиш.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Без визија нема усовршување. Луѓето успеваат најмногу зашто прават нешто различно од други.

Нема да постигнеш усовршување во животот додека не си ги менуваш мислите.

Домисла, гесло, мисла водилка

Не престанувај да ја моделираш својата статуа.
Анонимус

Само човек ослободен од самиот себе ги надминува своите граници.
Анонимус

Рекле, издумале

Непрестаното обновување и посветување само на развојот се есенција на животот.
Рабиндранат Тагоре

Оној што смислата на својот живот ја бара во духовното усовршување, не може да биде незадоволен зашто она што го сака тој секогаш е во негова власт.
Блез Паскал

Обнови се секое утро целосно; стори го тоа повторно; пак повторно, и секогаш повторно.
Конфучиј

Човекот е нешто што треба да биде надминато. Што сте сториле вие за негово надминување?
Фридрих Вилхелм Ниче

Кој смислата на животот ја наоѓа во духовното усовршување, не може да верува во смртта, ниту усовршувањето може да го прекине. Она што се усовршува, не може да се прекине-тоа само се менува.
Лав Толстој

Секое споредување со други со цел оправдување на себеси e соблазнување кое му пречи на добриот живот и неговата главна задача-усовршувањето.
Лав Толстој

Не морате да бидете подобри од другите; бидете само најдобри што можете.
Душан Радовиќ

Навистина може да се каже дека човекот е секогаш податлив за усовршување.
Томас Малтус

Човекот мора да ја развива смислата за доброто. Да се направиш себеси подобар, да се обработуваш себеси-тоа е главната задача на човечкиот живот.
Имануел Кант

Повеќе сакам да бидам над самиот себе, одошто над други.
Семјуел Тејлор Колриџ

Доброто сака да биде подобро, подоброто да стане најдобро, а само тапоглав и глупав мисли дека е доволен на самиот себеси и оти е добро тоа што е онаков каков што е.
Иван Мештровиќ

Евоулирањето значи да се изгуби нешто што претставува битен дел од идентитетот на индивидуалноста.
Едгар Морен

Сè додека имаш здравје, имаш сè. Секое усовршување во животот започнува со самоусовршување.
Брајан Трејси

Во процесот на усовршување не може да има врв, точка за одмор.
Всеволод Овчиников

Не барајте големо, брзо усовршување. Побарајте едно мало усовршување на ден.
Даниел Којл

Откако ќе попуштиме на наколонетоста кон непрестано и бескрајно усовршување, ние водиме живот на бескрајни достигнувања и задоволство.
Џек Канфилд

Само имањето цели носи смисла и задоволство во животот. Тоа придонесува не само за подобрување на здравјето и долговечноста, туку исто така дава и капка оптимизам во најтешкото време.
Стив Џобс

Просторот за усовршување е бесконечен токму затоа што совршенството е недостижно.
Џорџ Сорос

Болката и конфликтот може да доведат до развој и усовршување.
Абрахам Маслоу

Хаосот и интензивноста не се замена за трајната љубов, ниту се нужно усовршување на реалниот живот.
Кеј Редфилд Џејмисон

Неуспехот е тој што ја води еволуцијата; совршенството не дава стимули за усовршување и ништо не е совршено.
Колсон Вајтхед

Да ​имаш храброст да се промениш и да ги толерираш неуспесите. Непрестаното усовршување е начинот на кој стануваме подобри.
Л. Дејвид Маркет

Никој не е толку совршен за да нема простор за усовршување.
Макс Хајндел

Поставувањето цели е најважниот аспект на сите планови за усовршување и личен развој.
Пол Мајер

Колку се побурни емоциите изразени на хартија, толку е поголемо усовршувањето на нивната имунолошка функција.
Тара Бенет-Голман

Сето интелектуално усовршување произлегува од слободното време.
Волтер Џон Вилијамс

Општата тенденција кон помалку насилство не е само уште едно усовршување. Тоа е најубавата тенденција која суштествува.
Ханс Рослинг

Стремежот кон подобрување на условите за живот е вистинскиот напредок на цивилизацијата.
Херберт Велс

Споредувањето е голема движечка сила која нè поттикнува на конкуренција и самоусовршување.
Александар Вертински

Нашите тешкотии не се проблеми, туку сојузници на патот кон самоусовршување. Без нив не би можеле да се развиваме.
Џон Кехо

Плацебо ефектот е моќен извор на самоусовршување. Тој ја демонстрира способноста на префронталниот кортекс да ги регулира дури најосновните сигнали.
Јона Лерер

Задачата на секоја душа е непрестајно самоусовршување. Душата која достигнува целосно совршенство се соединува со Бог кој ја создал.
Едгар Кејс

Јас се спасив сам-самоанализа, самодисциплина, самообразование, самоусовршување…
Ежен Јонеско

Бидете горди со фактот дека сте вие ​​и стремете се кон самоусовршување. Тоа е најдоброто нешто што треба да го направите.
Кристин Хармел

Животот е бескрајно самоусовршување. Да се ​​сметаш себеси за совршен е да се убиеш себеси.
Фридрих Хебел

Ако е морето живот, а брановите проблеми и несреќи кој тој ги носи со себе, немојте да бегате и да кукате. Едноставно, научете да сурфате. Така секој бран, без оглед колку е голем, ќе ви претставува само нов предизвик и можност за усовршување.
Пјер Абелар

Одамна ми стана јасно дека луѓето наклонети кон достигнувања не седат и не чекаат нештата да им се случат. Тие им се случуваат на нештата.
Леонардо да Винчи