Потребно време за читање: 3 минути

140. Релативност

Две суштини на релативноста: можноста и разбирањето. Инаку речено: можноста значи оти можеш без оглед дали други можат или не сакаат, а разбирањето оти нешто се прифаќа или не денес, а вчера не се разбирало.

Само постоењето на живиот личен и колективен свет не е релативно. Имено, тој постои оти е жив или не постои оти во меѓувреме умрел, го снемало како да не постоел.

Две суштини на релативноста на човечкиот живот: тој се живее или не ако е докажан и се докажува со дело за во свое и нечие време.

Рекле, издумале

Пред да потпишете некоја важна одлука, прекрстете се. Тие неколку секунди можат да ви помогнат да се предомислите.
Душко Радовиќ

Стави рака на површина на жежок шпорет една минута и ќе се чини дека ја држиш час време. Помини час време со убава девојка и ќе се чини како минута. Тоа е релативност.
Алберт Ајнштајн

Ништо не е добро ни зло, туку такво го прави нашето убедување.
Вилијам Шекспир

Кога двајца работат исто, тоа не е исто.
Теренциј

Кога човек сака да убие тигар, тој тоа го нарекува спорт; кога тигарот сака него да го убие,тој тоа го нарекува суровост.
Џорџ Бернард Шо

Сè е релативно на овој свет и нема таква ситуација од која не би можело да биде полошо.
Максим Горки

Седете со згодна девојка еден час и ќе ви изгледа како една минута. Тоа е релативност.
Ањес Лодиг

Она што му е на еден храна, на друг му е отров.
Лукрециј

За чумата луѓето зборуваат со страв и ужас, додека за разурнувачите, како што се Александар и Наполеон зборуваат со длабока почит.
Калил Џибран

Секој злосторник не е сосема црн, ниту секој херој е сосема бел.
Алфред Хичкок

Она што го нарекуваме сила кај кралевите, кај магарињата го нарекуваме тврдоглавост.
Томас Ерскин

Отворот на иглата за конец е толку тесен за двајца љубовници, а целиот свет не е доволно голем за оние што не се поднесуваат.
Соломон ибн Габирол

Колку и да се трудите да ја научите вашата мачка на релативноста, нема да успеете.
Брајан Грин

А единствениот лек е да се прекине циклусот на релативноста. Излегува дека парите се многу често најскапиот начин за мотивирање на луѓето.
Ден Арили

Генерално, целата реалност станува помалку реална кога ја проучувате општата релативност.
Џо Холдман

Физиката има две прекрасно ефективни теории-квантната механика и општата теорија на релативноста, но тие управуваат со различни области на природата.
Џон Бароу

Релативноста на вистината се води себеси до релативност на постоењето на светот.
Едмунд Хусерл

Искрено речено, не можев да се интересирам помалку од релативноста на знаењето, едноставно затоа што светот не заслужува да биде познат.
Емил Чоран

Квантната механика ја проширува оваа релативност на радикален начин: сите променливи аспекти на објектот постојат само во однос на другите.
Карло Ровери

Ајнштајн во специјалната теорија на релативноста докажува дека различни набљудувачи во различни состојби на движење гледаат различни реалности.
Леонард Саскинд

Теоријата на релативноста го принудува во принцип напуштањето на апсолутното пространство и апсолутното време.
Маршал Маклуан

За црните дупки и структурата на универзумот од големи размери потребна ни е општата релативност.
Нил Деграс Тајсон

Постојат чуда кои дури ни теоријата на релативноста не може да ги создаде.
Орсон Кард

Ми се допаѓа универзумот, особено неговите помистериозни аспекти-како што се релативноста, гравитацијата, горните и долните кваркови, еволуцијата и брановата функција.
Скарлет Томас

Вашата теорија на релативноста, Господине Ајнштајн, не беше разбрана никаде во светот, а сепак станавте голем човек.
Чарли Чаплин

Патувањето низ времето отсекогаш било сметано за научна фантастика, но генералната Ајнштајнова теорија на релативитетот ја дозволува можноста да го искривиме толку односот на времето и просторот да стане можно да се лансираш во ракета и да се вратиш всушност и пред да тргнеш.
Стивен Хокинг

Ајнштајновото дело за релативноста е величествена математичка одежда која одушевува, заслепува и ги тера луѓето да бидат заслепени за темелни грешки. Теоријата е како просјак облечен во виолетово-црвена боја кого неук народ го зема за крал. Неговите експоненти се брилијантни луѓе, но тие не се метафизичари туку научници.
Никола Тесла