Потребно време за читање: < 1 минута

6.

Кој ли ја направил
оваа грамада
од секакви траги
низ секакви времиња
среде живот?

Јас знам дека човек
од живот заминува
без трага,
ги остава зад себе
постоењето
и опстојувањето
кога е решен
мигум да исчезне
без простор и време,
без предци и потомци
свои
во бескрвен заборав.

Оваа грамада
од секакви траги
низ секакви времиња
среде живот
мора да ја направил
некој
што веќе нема каде
да почне одново
да ги вкоренува
својата стаменост,
својата постојаност
и својата доблест.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here