Потребно време за читање: < 1 минута

7.

Грамада од грамадни луѓе
се собра
пред провалија на живот
на страдален народ
исконски
на земја, во земја под земја;
за сончево, месечево
и ѕвездено
мислечко и делотворно
потомство.

Да не предоцна,
грамадни луѓе во грамада
осамени, онемени,
снеможени?

Од најдалеку се гледа
и се чувствува
дека сте последни кои
гладувате, жедувате,
боси сте, голи,
еден по еден умирате;
но никаква своја трага
на камен, на дрво,
во корен не врежувате.

Луѓе грамадни, предоцна
се собравте во грамада
пред провалија на живот
на страдален народ
исконски.

Дека од најдалеку
ве гледам и ве чувствувам
како последни
кои гладувате, жедувате,
боси сте, голи,
еден по еден умирате.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here