Потребно време за читање: < 1 минута

13.

Ми ја бие мислата
грамада од сомнежи
во денес за денес
со несомнено вчера,
која ни стари,
дамна исчезнати
цивилизации
не успеале
да ја растурат,
да ја разурнат,
да ја сневидат.

Дека успевале
и успеваат вака
да се одржат:
грамадно,
спроти вистини,
спроти надежи,
спроти ветришта
и вивнати огнови.

Грамада од сомнежи
во замолк
што се прашува:
дали во идно време
ќе опстои човек
со срце за човек
достоен и пред и во
секакви премрежија
деноноќни,
како благодатна,
жизнена природа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here