Потребно време за читање: 3 минути

18. Жалост-Тага-Патење

Македонски народни пословици

Жал и радос од кај му се раѓа, никој уште не знаит.

Жалта, радоста се познаа во лицето од чоеко.

Мевлем на рана-збор на жалба.

Од жал што му ет, се смеит.

Од жал што ми е, тики чалма ќе врзам.

Тага на срце му падна коа го виде.

Пословици од народите на светот

Тагата е долга смрт, а смртта кратка тага. (Холандска

Вработената пчела нема време за тага. (Англиска)

Денешното вино ќе го голтнам сега, утрешната тага ќе ја голтнам утре. (Кинеска)

Ако си трпелив во еден момент на срдитост, ќе избегнеш сто дена тага. (Кинеска)

На тажниот му е тажно сè што гледа. (Германска)

Весели ноќи, тажни утра. (Португалска)

Најмногу боли онаа тага што доаѓа низ уживање. (Шпанска)

Додека живееш ќе те оплакувам; оти кога ќе умреш, повеќе нема да ме чуеш. (Африканска)

Кога се радуваш премногу појди на гробишта. Кога тагуваш, пак појди на гробишта. (Арменска)

Колку повеќе солзи, толку помала болка. (Данска)

Само солзите во срцето големи биолки знаат, но не и солзите во очите! (Руска)

Латински изреки

Времето ја лечи болката. (Dolorem dies consumit.)

Рекле, издумале

Врв на жалоста се сеќавањата на посреќните денови.
Алфред Тенисон

На смртта на нашите непријатели можеме да гледаме со иста жалост како и на пријателите, зашто со нивното заминување ги губиме сведоците на нашите успеси.
Артур Шопенхауер

Секоја тага, поради големата тајна на човечкиот живот, целосно минува во тивка умилна радост.
Фјодор Достоевски

Не можете да замислите каква тага и гнев ја обземаат душата кога до голема идеја, која одамна ја почитуваме како своја светиња, ќе се дограбат невешти луѓе и ќе ја извлечат на улица пред глупаци какви што се и самите.
Фјодор Достоевски

Сè треба да се прима сериозно, но ништо трагично.
Луј Адолф Тиер

Погрлато кукаат оние што помалку тагуваат.
Тацит

Навистина тагува само оној што тагува без сведоци.
Марко Валериј Марцијал

Жали го само она што зависи од тебе.
Епиктет

Не треба себеси да се разжалувам, баш јас кој никогаш не сум сакал да разжалостам свој ближен.
Аврелиј

Помеѓу тага и ништо ќе изберам тага.
Вилијам Фокнер

Тага што не зборува го задушува срцето и го крши.
Фридрих Шилер

Врв на жалост се сеќавањата на посреќни денови.
Алфред Тенисон

Во морето на тагата не се гледа брегот.
Убаид Закани

Жалопста доаѓа од духовната кратковидост. Лекот е во верата заснована на мудрост.
Пол Брантон

Патилата се наши најдобри учители. Човекот низ солзи гледа подалеку отколку со телескоп. Жалоста би морала да бидед учителка на мудроста.
Лорд Бајрон

Сите што пателе знаат да простуваат.
Оноре де Балзак

Сите промени се тажни, дури и оние што ги сакаме најмногу, зашто оона што го оставаме, тоа е дел од нас самите; треба да се умре за еден живот за да се влезе во друг.
Анатол Франс

Секогаш е подобро да се поставуваат прашања отколку да се создаваат претпоставки зашто нас претпоставките нè водат во патење.
Дон Мигел Руиз

Луѓето плачат не затоа што се слаби, туку затоа што биле предолго јаки.
Џони Деп

Оној што не плаче, не гледа.
Виктор Иго

Сè е скапо. Само патењето на светот е евтино. Патењето на светот е бесплатно.
Виктор Иго

Потеклото на тагата е желбата.
Сидарта Гаутама Буда

Раната што се крие бавно и тешко зараснува.
Иво Андриќ

И тагата е еден вид одбрана.
Иво Андриќ

Огледалото е мојот најдобар пријател зашто кога плачам тоа никогаш не се смее.
Чарли Чаплин

Постојат рани кои ни времето не ги лечи.
Шандор Мараи

Правиме скулптури од снег, па плачеме кога ќе се стопат.
Валтер Скот

Мирниот дух е најдобар зачин за болка.
Тит Мациј Плаут

Ништо не може душата и телото да ги премалат како тажните мисли.
Максим Горки

Само човек кој почувствувал краен очај може да почувствува крајно блаженство.
Александар Дима

Колку ти е поголема радоста или жалоста, толку ти е помал светот во очите.
Калил Џибран

Колку жалоста повеќе ќе го раскопа вашето битие, толку повеќе радост во него може да собере.
Калил Џибран

Тагата го пренесува човекот од поголема совршеност во помала.
Барух Спиноза

Нема поубава надеж од онаа што никнала од тага и нема поубави соништа од оние што ги раѓа болката.
Иван Цанкар

Мораш да се привикнеш на малку тага во животот…Нема да знаеш што е права среќа, ако немаш со што да ја споредиш.
Пауло Коељо

Хумористи се луѓе кои насмејуваат други додека под маската на својата смеа често го сокриваат своето тажно лице.
Антон Павлович Чехов

Копга тоаѓа тагата-доаѓа во множество.
Вилјем Шекспир

Човекот кого болка не го одгледува останува секогаш дете.
Николо Томасео

Најубави цветови се оние што никнале на корен на болка.
Данте Алигиери

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here