Потребно време за читање: 3 минути

15. Здравје

Да може со здравје да се додржуваме на нозе дури сме со наше време. А после, кога ќе ни мине, долго во болештина да не сме.

Со негрижа сме спрема своето здравје сè дури не заболиме подолго време, па откога ќе (под)оздравиме пак си остануваме негрижни. Така дури сме на снага и дури брзаме и трчаме во животот.

Прво здравје, па сè друго си велиме. Со здравје во живот, здравје за живот, за здравје цел живот.

Зарем и здравјето да ни зависи од политиката? Кој го поднесува тоа?

Да, ни зависи сè повеќе, а нема врска со некаква здравствена политика. Овие што прават да не биде така се соочуваат со жива мака: оние пред нив сториле толку многу да зависи, да не можеме ни да дишеме, а камо ли здрав воздив и издив да си имаме.

Не го поднесуваме тоа, но не можеме ништо друго да правиме освен да паметиме и, ако не знаеме, што побрзо да научиме со што и како може да ѝ наштети политиката на нашето здравје.

Македонски народни пословици

Живот и здравје и добра мисла кога да има у чоека, не му треба многу стока.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА, 132

Здравје, здравје да имаме, да господ ќе ни даит, ако сега немаме.

Здравје и добро и од комиње вода.

Здравје и добро јади и пие.

Здрава нога в трн не клавај.

Здрав да сум, да ако сум и троа сиромав.

Здрави да бидеме, да ако бакрданик јадеме.

Здравје и топли сомуни, и од комиње вода.

Здравјето е за чоеко најголемо богатство.

Здрав болен не верува.

Голо здраве, готоа треска.

Голо здравје, готоа срдешница.

Од мене песна, од бога зравје и веселба.

Од прејадуање нема здравје.

Останете со здравје и пак со здравје да се видиме.

Сè можиш да купиш за пари, само здравје не можиш.

Без пари здраве не чини.

Без пари здравје-готова болест.

Пословици од народите на светот

Во седумдесеттата година не фали се со здравјето, дури ако и добро гледаш и не си куц. (Виетнамска)

Скапо е она здравје што во аптека се купува. (Данска)

Здравјето и парите далеку достасуваат. (Англиска)

Многумина се сметаат за здрави, а носат смрт во жилите. (Француска)

Скапо е здравјето што кај лекар се купува. (Германска)

Здравјето прибира пари, а парите здравје. (Романска)

Здравјето не е пари за на заем да го даваш. (Руска)

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Здравјето доаѓа во денови, а заминува во часови. (Руска)

Голем дел од здравјето е желба за здравје. (Шпанска)

Голем дел од здравјето е во познавањето на болеста. (Шпанска)

На здравиот секој ден му е празник. (Турска)

Голо здравје, половина болест. (Романска)

Здравиот човек има стотина желби, а болниот само една-да биде здрв. (Српска)

Не знае здравиот колку е богат. (Српска)

Латински изреки

Во здраво тело здрав дух. (Mens sana in corpore sano.)

Ако сакаш да оздравиш од не знам каква болест, земи не знам која трева, стави ја не знам каде, па ќе се излечиш не знам кога.

Чудотворно средство во болест-тоа е убавиот збор.

Желбата за здравје е најмоќна медицина.

Човекот расположен и со добра волја болести го избегнуваат.

Добрата вест ги оживува коските, а невеселиот дух ги суши.

Рекле, издумале

Најголемата од сите мудрости е да се жртвува сопственото здравје за што било: стекнување имот, напредување во службата, ученост или слава, а да не зборуваме за лакомата сласт и краткотрајните уживања; напротив, на здравјето треба сè да му се подреди.
Артур Шопенхауер

Здравјето во толкава мера ги надминува своите надворешни добра така што здрав просјак е посреќен од болен крал.
Артур Шопенхауер

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Лекарите непрестано се трудат да ни го зачуваат здравјето, а готвачите да го упропастат. Овие другиве се повешти во својата работа.
Дени Дидро

Здравјето на телото и умот е голем благослов, ако можеме да го поднесеме.
Кардинал Џон Хенри Њумн

Ако не трчаш додека си здрав, ќе мора да трчаш кога ќе се разболиш.
Хорациј

Во животот постојат две големи богатства: здраво тело и здрав разум.
Менандер

Човекот со расположение и добра волја болестите го одбегнуваат.
Лао Це

Треба да се молиме здравиот дух да биде во здраво тело.
Јувенал

Едната половина од животот човекот ја минува губејќи го здравјето, а другата обидувајќи се да го врати.
Леонардо да Винчи

Меѓу слободата и здравјето сличноста е во тоа што нивната вредност ја сознаваме дури откако ќе ги изгубиме.
Хенри Бек

Медицината толку напредувала што практично повеќе ниеден човек не е сосема здрав.
Алдоус Хаксли

,Mens sana in corpore sano”, е глупава изрека. Здравото тело е производ на здрав дух.
Џорџ Бернард Шо

Здравје без богатство е половина успех. Здравјето е едно, болестите се многу.
Роберт Ентони

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here