Потребно време за читање: < 1 минута

140. Јас обичен смртник:
Личното време

Помеѓу личното и заедничкото време нема надополнување, туку спротивставеност. Која станува сѐ побезначајна како што се редат годините, како што се троши животот. Или личното време постапно го надвладува заедничото за најпосле, може и до пред самоти смрт да му остане на човек како единствено.

Сум забележал дека многумина имаат еден ист проблем: не успеваат да го одбранат личното време од оние кои кон сопственото се однесуваат небрежно; кои како да не се ни обидуваат, на кои како да им е премногу, кои како да не знаат што со него. Не успеваат да го одбранат иако им е докажано и постојано го докажуваат со содржина и творечки, пред сѐ со вредности. А од друга страна, секогаш успеваат заедничкото да го ограничуваат на исполнување на договорена обврска, на споделено задолжение, на достигнување на конкретна цел.

Како што ми се редат годините, така моето лично време е сѐ поголемо, наспроти заедничкото со кого било, ближен или далечен. Се разбира, исполнето со содржини, творечки; пред сѐ со вредности, со дела.

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

И искрено, ништо не ми значи дека е веќе сигурно оти до пред самоти смрт само тоа ќе ми остане, како единствено.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here