Потребно време за читање: < 1 минута

11. ОРГАНИЗАЦИЈА

Организацијата на радиото на современата модерност, од кој било тип, се темели врз основите на менаџментот, фазите на производствениот процес и спецификите на конкретното производството (радио-програмата). Се тргнува од поставени долгорочни цели, нивна етапна реализација, материјално-техничките и финансиските предуслови што треба да ја овозможат; принципите на деловност, планирањето, конкретните работни обврски и кадровскиот потенцијал; па сè до рационалноста и ефикасноста во работењето односно креативноста и инвентивноста во обработката и презентацијата на производот (програми, емисии, рубрики).

Принципите, методите и инструментите на организацијата се однапред дефинирани и поставени во функција на дејствувањето на трговското радиодифузно претпријатие. Тоа ќе рече дека процесот на организирање ги содржи општите, но и посебните-специфичните барања што произлегуваат од карактеристиките на претпријатието како мезоекономски систем.

Принципите на организацијата на тн. „колективен“ труд се градат врз комплементарноста на индивидуалните ангажмани, врз нивното единство. Притоа, заложбата е да се постигне оптимална структура на колективот, единство на целта, инцијативност и мотивација на секој поединец; постојано инсистирајќи на економичност во работењето (и во користењето на средствата, во трошоците на производството и во директната програмска реализација), развојна динамика.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Се афирмираат примарните функции-управувањето, раководењето и извршувањето: управување во конкретизацијата на целта, задачите, условите за нивно извршување (програмска идентификација на радиото, однос спрема слушателскиот аудиториум и постојаната комуникација со него, маркетиншка-комерцијална поддршка односно профитабилност); раководењето како конкретизација на задачите за секое работно место и на секој поединец: извршувањето како реализација на конкретизираните задачи (дневно, неделено, месечно следење, мерење и вреднување).

Независно од обемот на програмата, големината на производствените капацитети, ангажираниот кадровски потенцијал и можностите за пласман односно маркетиншка поддршка (интерес на слушателите за програмата и на деловните партнери за сопствена презентација-пошироко за деловно-техничка соработка), организацијата ја одразува динамиката и мобилноста на целиот колектив, а особено на планот на неговата егзистенција и развојна перспектива.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here