Потребно време за читање: 2 минути

2. 3. 7. Програмска темпоралност на ЕВЕРГРИН ГРОМ РАДИО

Во периодот од 1996. до 2006. година во македонскиот етер егзистираше (без доволна, сериозна и континуирана маркетиншка поддршка) Евергрин Гром радио, во најголем дел како one man radio (водител и медијатор авторот на оваа студија). Главните негови карактеристики, со кои се издвојуваше од сите други, беше врвниот новинарски професионализам и програмската шема темелена на светските сознанија и практични искуства.

Имајќи ги предвид изнесените ставови, сознанија и пренесени искуства во оваа студија, како и траењето на „сончевиот граѓански цивилен ден“ од 24 часа, е утврден програмскиот ритам на Евергрин Гром радио. Меѓу другото, тој овозможува и таков содржински распоред во кој ќе се следат и ќе се насочуваат дневните навики во животот и работата на слушателите, односно распоредот на различните активности.

Програмскиот ритам опфаќа и различни типови (утрински, вечерни, флексибилни). Притоа се води строго сметка за соодветна застапеност на програмите, емисиите и рубриките според европски распоред на работното и слободното односно творечкото време.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Централно место има програмата „Универзалии-Паноптикум“-„жива“ радио-енциклопедија (во работни денови, од понеделник до петок, во европско работно време од 09,00 до 17,00) која, и според структурата, стилот, дизајнот (едукативни и едукативно-забавни рубрики и емисии, со содржини од најразлични области, од севкупните дострели на човековата цивилизација; селектирана музика од сите жанри во посебни рубрики), но и според времетраењето и типот (комплетно авторство-one man radio-talk show), е оригинална и единствена. Вечерните и ноќните часови се исполнети со контактни, забавно-едукативни и музички програми и емисии.

Програмска темпоралност:

06,00-09,00= УТРИНСКА ПРОГРАМА

09,00-12,00= ПРЕТПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА

12,00-13,00= ПЛАДНЕВНА ЕМИСИЈА

13,00-13,10= ПЛАДНЕВНА РУБРИКА

13,10-13,30= ПЛАДНЕВНА РУБРИКА

13,30-14,30= ПЛАДНЕВНА ЕМИСИЈА

14,30-17,00= ПОПЛАДНЕВНА ЕМИСИЈА

17,00-17,30=ПОПЛАДНЕВНАРУБРИКА

17,30- 18,00= ПОПЛАДНЕВНА РУБРИКА

18,00-19,50= ВЕЧЕРНА ЕМИСИЈА

19,50-20,00= ВЕЧЕРНА РУБРИКА

20,00-23,00= ВЕЧЕРНА ПРОГРАМА

23,00-06,00= НОЌНА ПРОГРАМА

Сабота и недела:

Со оглед на фактот што саботата и неделата имаат поинаков дневен ритам за поголемиот број на потенцијални слушатели (неработни денови), и програмската темпоралност е поинаква. Во програмската шема на Евергрин Гром радио во овие денови се предвидува реализација на посебни викенд програми и рубрики, а единствени емисии се вечерните музички топ-листи:

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

06,00-09,00= УТРИНСКА ПРОГРАМА

09,00-12,00= ПРЕТПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА

12,00-17,00= ПОПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА

17,00-19,50= ВЕЧЕРНА ЕМИСИЈА

20,00-23,00= НОЌНА ПРОГРАМА

23,00-06,00= НОЌНА ПРОГРАМА

Рубрики:

13,00-13,10= ПЛАДНЕВНА РУБРИКА

19,50-20,00= ВЕЧЕРНА РУБРИКА

Комерцијалните рубрики-блок рекламите (не и комерцијалните емисии) во работните и неработните денови се застапени како рубрики, и тоа во рамките на емисиите и програмите (со утврден или без утврден термин).

Ваквиот програмски ритам ја преферира и основната карактеристика на една современа-модерна радио-програма: отвореност и контактност во секој нејзин сегмент. Едновремено, тој овозможува поставување на конзистентна и разновидна програмска шема, како и нејзино соодветно дизајнирање (во рамките на програмите емисии и рубрики, а во рамките на емисиите рубрики и прилози, со застапеност на сите новинарски радио-жанри); следење на слушателовиот активитет (работен, творечки и неангажиран); конкретно предвидување на тн. празни места на програмата; и најава како подготовка за нов програмски и творечки ангажман.

Конечно, ваквата програмска темпоралност може да се примени и кај други типови на радија, со сличен или поинаков распоред, во зависност од доминантната програмска определба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here