Потребно време за читање: 2 минути

2. Развојна стратегија: насоки, тенденции

Кои се основните претпоставки за реализација односно концепирање и континуиран развој на радиото на современата модерност? Воопшто, каква е и каква треба да биде неговата поставеност и развојна стратегија?

Како најразвиен електронски медиум кај нас и во светот (уште еднаш ќе нагласам дека приматот во однос на телевизијата сè уште го има и ќе го има, без оглед на најновиот развој на мултимедијалноста), во теоријата на радиото тие најчесто се синтетизираат во следниве неколку основни групи:

2. 1. Радио на случување: динамизам, просторно-временска димензија, препознатливост-стил, тон, боја;

2. 2. Активистичко радио: јасни, прецизни и аргументирани одговори на суштински егзистенцијални прашања и проблеми, како и на битните социјални дилеми; сознанија, согледби, анализи и синтези ослободени од дневно-политичките потреби и интереси; активен однос од страна на слушателот-рецепиентот;

2. 3. Слушање на радиото: можности и потреби на човекот, на неговиот животен ритам и квалитетот на животот; определување и дефинирање на целната група слушатели, пред сè во однос на задоволување на барањата и потребите односно доминантниот интерес; дефинирање и инкорпорација на тн. „пасивно“ слушателско внимание, особено имајќи ги предвид соодветните-прилагодените програмски содржини, кои не инсистираат на целосна концентрација и мотивација на слушателската перцепција, туку релаксираат, рекреираат, забавуваат;

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

2. 4. Јавен интерес: користење-искористување на „јавното добро“; влијание, моќ, контрола, манипулација;

2. 5. Естетика на радиото: слушање-доживување; истражување-експеримент-аудио арт; говор-премолк-молк;

2. 6. Конкурентност, алтернативност-комплементарност: конкурентноста е modus vivendi на радиото на современата модерност; алтернативноста се остварува не само на истороден-електронски масмедиумски простор, туку и со максимално искористување на сопствениот радио-израз (радио дизајн)-негова оптимизација во однос на другите електронски медиуми; тоа е комплементарно „средство“ за градење и богатење на личноста, за одбрана на нејзиниот индивидуалитет и интегритет;

2. 7. Однос спрема тн. мал човек и неговите секојдневни проблеми-елитизам: „малиот човек“ не како дел од „масовната“ публика, туку како прифаќање на неговата „големина“ од аспект на личноста; всушност, грижа за неговиот стандард во рамките на утврден вредносен систем; елитизмот не како спротивставена назнака, туку како авторитетност и респектабилност, продолжение-континуитет на квалитетот и богатството на животот („елитно радио“ како врвно професионално, како севидно и сезнајно, со несомнен придонес во сеопштата култивизација и квалитетна надградба на животот); интерес на и за „повисоки кругови“;

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

2. 8. Однос спрема општествените процеси и промени: континуиран ангажман во историско-политичка и културно-цивилизациска смисла (-едукативно-образовна функција);

2. 9. Феноменот на контактноста: радиото е отворено-контактно во секој негов програмски сегмент, во постојан дијалог со стварноста и човековото опкружување; како „соговорник“, „пријател“ на човекот-слушателот-рецепиентот, негов постојан придружник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here