Потребно време за читање: 3 минути

11. 2. 19. Туризам, одмор, рекреација, разонода

Како посебна, изделена област туризмот може да се третира во оние земји кои имаат можности и ресурси за негов развој. Тоа произлегува од неговата суштина-како „збир на односи и појави што произлегуваат од патување и престој на посетители на некое место. ако со тој процес не се засновува постојано престојувалиште и ако со таквиот престој не е поврзана никаква нивна стопанска дејност“ (Ханзикер и Краф). Со други зборови, туризмот во себе ги содржи одморот, рекреацијата и разонодата. Од нив, пак, произлегуваат и неговите основни функции што треба да претставуваат континуиран интерес на новинарскиот ангажман: рекреативната и забавната, здравствената, политичката, социјалната, културната и образовната, а над сè економската.

Рекреативно-забавната функција на туризмот се остварува преку разновидност на соджини што го богатат престојот на туристот (забавно-музички и рекреативни манифестации, културно-уметнички приредби, посети на знаменитости, организирани игри и натпревари и сл). Притоа, улогата на новинарот не се сведува само и исклучиво на следење на овие содржини, туку таа се реализира и преку соодветна анимација на истите.

Здравствената функција има многу пошироко значење во однос на рекреативно-забавната. Таа дури се развива како посебна гранка-здравствен туризам (не само бањскиот). Во современото живеење-притисоците и фрустрациите што ги наметнува динамиката на секојдневјето, здравствениот туризам најнепосредно се поврзува со работната способност на човекот, продолжувањето на неговиот работен век, неговата продуктивност и ефикасност, со неговата психофизичка конституција. Оттука и специфичниот третман во новинарскиот ангажман, особено на планот на неговата модернизација, техничко-технолошка опременост, можностите што тој ги нуди-искористеност на капацитетите и сл.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Од не помало значење е и политичката функција на туризмот. Тој се назначува како чувствителен „мерен инструмент“ на меѓународните односи. Самиот факт дека туризмот овозможува запознавање на народи и земји, нови пријателства и разбирање меѓу луѓето и народите го потенцира политичкиот „ефект“ и неговата перспективност во таа насока. Оваа функција ќе биде особено респектабилна во наредниот период, со стабилизацијата на квалитетната надградба на меѓународните односи, конкретно на нашето опкружување, па оттука и инвестирањето во туризмот треба да стане една од доминантните определби на развојната политика и општествено-економскта стабилизација. Во новинарскиот третман на туризмот на програмата на современото-модерното радио неговата политичка функција треба да се има предвид, посебно кога се анализираат компаративните предности за развој на македонскиот туризам.

Социјалната функција на оваа стопанска дејност се согледува во градењето и негувањето на добрите односи и расположението, на дружељубивоста меѓу луѓето, а тоа придонесува за подобро меѓусебно разбирање. Од друга страна, во ниеден момент не треба да се пренебрегнат условите и можностите за користење на туристичката понуда од страна на различни социјални слоеви и групи и интензитетот на социјалното раслојување на општеството. Разграничувањето на тн. масовен од елитниот туризам треба да се анализира, меѓу другото, и од тој аспект (заедно со можностите што ги нуди селскиот туризам).

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

За културната и образовната функција на туризмот на се потребни темелни елаборации. Таа е иманентна на туризмот од самите негови почетоци и е составка на секоја туристичка понуда: посета на културно-историски споменици, музеи, изложби, разни приредби или културни манифестации. Радиото на современата модерност во овој контекс ја преферира аниматорската активност, односно се јавува како активен чинител во збогатувањето на тие содржини. Од една страна доближување на културните вредности на едно подрачје, туристички реон (запознавање, насочување, афирмација кај слушателскиот аудиториум), а од друга следење и организирање на манифестации што ќе значат абогатување на севкупната туристичка понуда. Маркетиншката активност на тој план се подразбира. Доближувањето, запознавањето, афирмацијата итн. едновремено значат и образовно-едукативна заложба на програмско-уредувачката политика.

Економските функции на туризмот се согледуваат, анализираат и истражуваат во рамките на комплексноста на економската политика и стратегија на една земја. Притоа, поврзаноста, комплементарноста со низа други стопански дејности (особено со услужните, но и со целиот комплекс на преработувачката индустрија, развојот на инфраструктурата, трговијата, инвестиционата активност итн. ), треба да биде вградена во основата на секој новинарски ангажман и застапеноста на туризмот на радио-програмата како посебна.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Конкретниот новинарски ангажман во третманот на туризмот на современото-модерното радио треба да се остварува исто така во две насоки: информирање за состојбите, посебно на туристичката понуда и искористувањето на капацитетите, заедно со нивното инвестиционо одржување и обновување односно изградба на нови, потоа за тековните активности пред и за време на туристичката сезона (туристичка берза), презентација и афирмација во светот, посебно на компаративните предности, и аналитички пристап-критички однос спрема сè она што го забавува неговиот развој, што ја негира и дезавуира квалитетната понуда, што го намелува неговиот економско-финансиски ефект.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here