Потребно време за читање: 2 минути

1. Заложба-проект

Со прифаќањето на радиото како радио на современата модерност се негираат односно отпаѓаат сите песимистички ставови и тврдења за бесперспективноста на радиото, на неговиот дефинитивен „пораз“ од телевизијата и Интернет, на негова „замена“ со други, помодерни, технолошки поразвиени и нови средства за масовна комуникација (своевремено слични предвидувања имаше и за печатот со појавата на телевизијата.).

Со други зборови, прифаќајќи ја современата модерност на радиото, всушност се афирмира неговата супремација во однос на другите медиуми.

Која е појдовната-основната позиција на радиото на современата модерност како медиум кој денес е, а без сомнение и во иднина ќе биде главниот, најдобриот, најважниот соговорник-пријател на човекот; позиција која ќе ги респектира сите досегашни искуства и сознанија, но и ќе ги антиципира неговите есенцијални генерички промени?

Бидејќи авторот на оваа студија беше најнепосредно ангажиран (како сопственик, Одговорен уредник и програмски медијатор) во реализацијата на радио-проектот Евергрин Гром Радио, кој се темели врз светски сознанија и практични искуства, елаборирајќи ги неговите специфики како и правците на развојната стратегија и програмско-уредувачката политика, на најилустративен начин ќе се одговори на поставеното прашање, како и на низа други што произлегуваат од него.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

(Напомена: По речиси 10-годишно постоење во македонскиот радиодифузен простор, од 1996-та до 2005-та, проектот престана да се реализира поради неповолниот амбиент, недоволната маркетиншка поддршка, а пред сè поради неспроведување и непочитување на законската регулатива од конкурентни медиуми и регулаторното тело-во тој период Совет за радиодифузија на Република Македонија.)

Според развојната стратегија и програмско-уредувачката политика втемелени во програмската шема, Евергрин Горм Радио може да се  нареди меѓу оние радија што ги следат потребите на времето, на сегашноста, а едновремено се постојани во дослух со утрешното, идното време. Современата модерност ја детерминира следнава дефиниција (и како препознавање и како визија):

Евергрин Гром Радио е (-треба да биде) радио кое ја одразува динамиката на времето што го следи:

го регистрира, го толкува и вреднува, но и го открива оној дел од него што зачекорил во утрешниот ден;

радио кое секогаш е дел од стожерот на сов ремената модерност на живеењето: во концепирањето, оформувањето, организацијата;

со програма која во себе ги инкорпорира светските искуства и сознанија во рамките на својот постојан-редовен и на слободниот-алтернативен простор;

со програма која не само што го задоволува, туку и го анимира, односно го ангажира својот слушател, притоа наметнувајќи строго утврдена и афирмирана уредувачка политика;

радио што не е безлично и без стил туку, напротив, создава и афирмира вокални личности, со постојана активна улога на рецепиентот-слушателот;

радио со постојана програмска и содржинска актуелност, што значи современо во динамичка смисла и во сопственото траење;

радио кое во секој свој сегмент и во секој миг ја потврдува својата веродостојност;

со сопствен идентитет (радио-дизајн);

функционално и комплексно, реално и визионерско, вокално и визуелно, антиципативно и постојано авангардно (постојано со нови стереотипи што ги менува создавајќи ги);

радио што е во постојан процес на модернизација: менување, реорганизација, техничко-технолошко обновување, развој и усовршување, радиска реанимација;

радио кое во континуитет се грижи за кадровското оспособувањеспецијализација на постојниот ангажиран кадар, како и негово континуирано „освежување;

постојано збогатување на програмско-реализаторската ориентација (динамика);

осовременување на методите на истражување на медиумскиот пазар-развој на маркетингот во сета негова комплексност-креативност (специјална маркетиншка-комерцијална програма која радиото на современата модерност го афирмира како бизнис радио, со богата и разновидна понуда за деловнотехничка соработка).

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here