Последни написи

All

Спокојство, едноставност, меланхолија

Спокојството над сѐ. Тоа не значи само да се воздржиш кога треба, да воспоставиш внатрешен мир, рамнотежа, туку значи и себепознавање, стаменост пред светот и секојдневните доживелици. Спокојството не треба да се брани, туку да се негува. Свеста за него не е само решавачки агенс, ами и фундамент на дијалогот со други. Спокојството е рамнотежа на духот, но и таложена мудрост. Спокојството е хармонија на внатрешниот свет во допир со надворешноста. Хармонијата, пак, е согласност, сообразност на деловите што побудува...

Разумот

Со разум секогаш, свој или од други, без него никогаш. Со разум секаде, свој или од други, без него никаде. Па и во љубовта-откако ќе се случи. А таа, пак, никогаш не се раѓа од неразумност, туку од инстинктот, чувството, убавината. Разумот владее кога вреди да се живее, кај што вреди животот. Рекле некои за разумот: Оние што се служат со ум владеат со оние што се служат само со рацете. Конфучиј Кога на земјата се би било разумно, ништо не би се случувало. Фјодор Михајлович...

Стареењето и мозокот

Стареењето е природна фаза во животот на секое битие. Често се поврзува со надворешиот изглед на човекот, а се занемарува стареењето на организмот и внатрешните органи- што, се разбира, е многу поважно. Тоа, пак, најнепосредно се поврзува со промената на начинот на живот, особено со режим на здрава исхрана и намалување на стресот. Со тоа секој може да го одложи стареењето. Истото се однесува и на мозокот. И тој старее заедно со нас, па со годините е потребно да се...

Последно создадено од Љупчо

Последни написи

All

За надежта, надевањето и вербата, верувањето

Во скудно време две нешта на човека му остануваат,а што никој не може да му ги одземе, никој да му ги згасне: надевањето иверувањето. Човекот живее во надеж дека се ќе мине, ситегајлиња ќе ги надмине, ќе ги одболи и преболи, и пак ќе си остане што е. Човекот верува во себе и во други оти знае колку тоаго додржало и го додржува во векот. Без верба легнуваш да не станеш, заспивашда не се разбудиш. Македонски народни пословици -Кој се надеи на надеш,...

Семејни проблеми

Перо работи во една фирма. Еден ден оди кај директорот и му се жали: -Господине директоре, ми требаат неколку слободни дена. -Зошто? -Имам сериозни проблеми. -Па што се случило? -Се женам!

Пазар на капитал

Основата на пазарот на капитал (англ. capital market) е долгорочниот капитал, односно купопродажбата на долгорочни хартии од ведност. Тој е дел од финансискиот пазар кој го опфаќа и пазарот на пари. На пазарот на капитал претпријатијата се снабдуваат со капитал за финансирање на нивните развојни програми, што е од исклучителна важност за работата и проширувањето на нивната дејност. Постојат неколку главни дејанија на пазарот на капитал. Од нив најважно е вршењето на пазарно вреднување или капитализација на претпријатијата, а врз...

VOX POPULI - гласот на народот

All

За Донка убавица, девојче црнооко и бела Румена

Од собраната народна лирика на Марко Цепенков нема грешка што и да се земе, да се избере, да се прочита или испее. Во кој...

Правдата

Може ли да се мерат и измерат мудростите за сешто или само за нешто, па да се издели една што би можела да се...

Од класици до класицизам

Класиците во стариот Рим биле граѓани од прва класа, а подоцна со тој термин се означувале истакнати писатели од грчката и римската оставнина. Во модерните...

СОЗНАНИЈА

ЕКО - ТЕХНО

УМЕТНОСТ И ЖИВОТ

ЗАБАВА

ЗДРАВЈЕ

ПОЕНТAР | Блог со ставои на Љупчо Димитровски