Потребно време за читање: 7 минути

Веќе не е спорно дека на САД им се случува „нов Виентам“, можеби и потежок во однос на завршувањето- разрешувањето на ирачката војна, а особено во однос на долгорочните последици кога се има предвид геостратешкото значење на Блискиот Исток. Со други зборови, тие несомнено доживуваат и дпрва ќе доживеат тежок пораз од кој е/ќе биде многу тешко да извлечат „жива глава“.

„Извозот на демократијата“ на Џорџ Буш се претвори во „извоз“ на долготрајна (безгранична?) граѓанска војна. Очигледно, на претседателот Обама и неговиот тим ќе му бидат потребни многу мудрост, рационалност, па и храброст не за да ја извлечат земјата од крвавиот Ирак (најмалку со едноставното повлекување на воените трупи кое започна на 1- ви јули), туку да не бидат „исфрлени“ од него како „нафтени убијци на демократијата“.Најнов крвав бомбашки напад во Багдад, според жртвите помеѓу најкрвавите досега:

Најмалку 147 лица загинаа, а повеќе од 600 се ранети во двојниот напад на автомобил- бомба во центарот на Багдад. На мета на нападите беа зградите на регионалната влада на Багдад и Министерството за правда.

Американскит претседател Барак Обама изјави дека самоубиствените бомбашки напади се „нечуени“ и претставуваат обид да се загрози напредокот на Ирак.

„Овие бомбашки напади немаат друга цел, освен убиство на недолжни мажи, жени и деца и само го откриваат, полн со омраза, деструктивниот план на оние што сакаат да му ја ускратат иднината на ирачкиот народ која ја заслужува“, потенцира тој.

Белата куќа соопшти дека Обама по нападот ги повикал ирачкиот премиер Нури ал- Малики и претседатеот Џалал Талабани за да им ја изрази поддршката на САД:

„Овие обиди да се попречи напредокот на Ирак не можат да се споредат со храброста и истрајноста на ирачкиот народ и неговата решителност да изгради силни институции“.

Експлозиите одекнале една по друга во 7.30 часот по локално време, јави Би- Би- Си. Големи облаци на чад се ширеле во областа околу „зелената зона“, во близина на зградата на Министерството за правда и канцеларијата на гувернерот на Ирак. Во тој дел од градот се наоѓаат и голем број на резиденцијални објекти, а зградата на Министерството се уште се обновува од претходниот напад, во август годинава.

„Мета на нападот беше владата и политичките процеси во земјата“, изјави генералот Касим ал- Мусави, портпарол на багдадскиот оперативен центар.

Владини официјални лица наведуваат дека зад нападот најверојатно стојат припадници на Ал Каеда или приврзаници на некогвашниот ирачки лидер Садам Хусеин.

Според првите соопштенија од багдадските болници, помеѓу загинатите од експлозијата се наоѓаат и голем број на жени и постари лица. На улиците има многу изгорени автомобили и остатоци од јагленосани тела. Експлозиите биле налик на земјотрес и разурнале се наоколу.

Иако билансот на загинати и повредени се уште не е конечен, денешните напади се помеѓу најфаталните во Ирак во последниве неколку години. Во август годинава во сличен напад врз владини згради загинаа речиси 100- мина луѓе.

Како што наведува агенцијата Асошиетед Прес, ирачки официјални лица веќе предупредувале на можен пораст на насилството, а со цел дестабилизација на земјата. Експлозиите и нивните последици би можеле да ја разнишаат довербата на Ирачаните во премиерот Нури ал- Малики, но и неговите надежи во повторен избор врз основа на тврдењата за враќањето на безбедноста во земјата и падот на насилството по 2007. година.

Прочитај и за ... >>  Несомнен успех: ликвидиран терористот број 1 на светот Осама Бин Ладен

Всушност, очигледно е дека напаѓачите дејствувале- дејствуваат мошне пресметливо: ги користат несогласувањата околу изборниот закон за да ги спречат првите демократски парламентарни избори по повлекувањето на Американците, предвидени за догодина.

Многумина стравуваат дека ќе се остварат проценките, поточно стравувањата за оживување на владеењето на теророт по повлекувањето на американско- британските сили. Се повикуваат на поразителните статистички податоци: од повлекувањето на американските сили од јавноста, Ирак преживува искази на насилство кои доаѓаат во бранови- 275 мртви во јуни, 465 во август, 203 во септември.

Помалку познато: владата на Обама врши притисок врз ирачкото водство да донесе изборен закон кој би требало да дефинира како ќе гласа ирачкиот народ, а токму околу тоа мислењата се поделени: дали партиите треба да настапат со отворени или тајни изборни листи, односно дали ќе бидат истакнати конкретни кандидати (отворени листи) или, пак, воопшто не треба да наведуваат никакви имиња? Во вториов „случај“ опасноста е очигледна: неспособни и корумпирани политичари повторно би влегле во парламентот. Шефот на владата Малики е за отворени изборни листи, а настапува со широка унија на верски и етнички струи. Од друга страна, верските шиитски партии се залагаат за затворени, тајни листи.

И одамна познатото:

Индиректно, но и директно зад кавгата околу изборите стои нафтата. Имено, Курдите го сметаат со нафта богатото подрачје Киркут за свој главен град, а Арапите таму населувани во времето на Садам не сакаат да бидат малцинство во курдското подрачје.

Дали се враќа хаосот од 2005. и 2006. година, периодот кој многумина Ирачани, без оглед на травматските тешкотии, го сметаат за надминат?

Во врска со воведот на овој текст приведувам еден прилог на аналитичарот Џејмс Коган, по повод почетокот на повлекувањето на американските сили од Ирак, под наслов „Нафтата и „повлекувањето“ во Ирак:

„Навистина е прилежно денешниот ден на „повлекување“ на американските сили од ирачките градови (30. јуни) да се совпаѓа со состанокот во Багдад каде што ќе се одржи аукција на некои од најголемите нафтени полиња на оваа земја помеѓу компаниите како што се ExxonMobil, Chevron и British Petroleum. Тоа е потсетник на вистинските мотиви за инвазијата во 2003. година и за чии интереси се убиени повеќе од милион Ирачани, како и 4.634 американски и други странски војници. Ирачката војна е, и продолжува тоа да биде, империјалистичка војна водена од страна на американската владејачка елита за контрола над нафтата и геостратешката позиција.

Договорите ќе ја олеснат првата експлоатација на ирачките енергетски ресурси на високо ниво, и тоа од страна на САД и други, уште од времето кога нафтата е национализирана во 1972. година. Се нуди 20- годишно право на 6 нафтени полиња кои имаат резерви од 5 милијарди барели лесно достапна и евтина нафта. Во автономните области на курдскиот регион во Ирак, каде што странски компании веќе оперираат, норвешката фирма DNO сега произведува тн. „слатка нафта“, од релативно мало нафтено поле во Tawka, со трошоци помали од 2 долара по барел.

Прочитај и за ... >>  На лагата и се куси нозете: „Груевски ја води Македонија во изолација“!

Правејќи аналогија, Лари Голдштејн (Larry Goldstein) од Фондацијата за истражување на енергетската политика (Energy Policy Research Foundation) изјави минатата недела за „Њујорк тајмс“: „Да прашувате зошто нафтените компании се заинтересирани за Ирак е исто како да прашате зошто грабнувачите се заинтересирани за банките- поради тоа што таму се наоѓаат парите“. Тоталните ирачки резерви на нафта се проценуваат на околу 115 милијарди барели. Резервите на природен гас се проценуваат на најмалку 2,36 милијарди кубни метри.

Милиони луѓе ширум светот сфатија во 2003. година дека тврдењата на Бушовата администрација, и неговите меѓународни сојузници, околу ирачкото оружје за масовно уништување и поврзаноста со тероризмот се само излитени лаги раширени за да се ограби нафтеното богатство на оваа земја. Тврдењата на Обама и неговата администрација дека окупацијата се продолжува поради консолидирање на „ирачката демократија“ се исто така лаги.

Војната се води во време на опаѓање на американската глобална моќ и растечките тензии во самите САД. Американската капиталистичка елита верува дека воената доминација над Персискиот залив ќе им обезбеди пристап до вносните ресурси и како моќен лост против нивните водечки европски и азиски ривали, кои се зависни од тој регион поради снабдувањето со нафта.

Воената агитација, која ја опкружува оваа војна, е искористена за да се одврати вниманието на јавноста од економските нееднаквости и проблемите што го разурнуваат американското општество.

Беа потребни 6 години на колеж- многу повеќе отколку што кој било од провоените аналитичари претпоставуваше- за да се создадат услови во кои големите корпорации би се чувствувале доволно сигурни да почнат со битни вложувања во ирачката нафтена индустрија. Прво требаше во крв да се задуши ирачкото Движење на отпорот, а народот да се намали и да се ограничи државата на теророт и несигурноста. Војната произведе цела низа на злосторства, од политика на мачење во Абу Граиб и други затвори, до тотално уништување на градови, како што е Фалуџа, и напаѓањата врз густо населените подрачја, како што е Садр Сити, па се до пуштање од уздите на шиитските одреди на смртта да ги иселат центрите на сунитскиот отпор во Багдад.

Земјата економски е уништена. Стапката на невработеност се движи од 30% до 50%. Најмалку седум милиони луѓе живеат со помалку од 2 долара на ден, а неисхранетоста и разни болести се во постојан подем. Ирачката влада на премиерот Нури ал- Малики, со која доминираат шиитски фундаменталисти, претседава над оваа мака на својот народ во замена за американската поддршка. Сега има војска и полициски апарат опремен од страна на американската војска, која брои над 630.000 вооружени луѓе.

Репресијата врз ирачките маси беше база на рокот за повлекување околу кој се согласи Бушовата администрација минатата година. Оценето е дека американските сили веќе не се потребни во изведувањето на операциите на првите борбени линии против она што остана од антиокупациските сили. Наместо нив, единици на ирачката армија ќе ги преземат тие задачи. Поголемиот дел од 130.000 американски војници во Ирак се повлече во тешко утврдените воени бази, во предградијата на градовите или во големите воени аеродроми кои се изградени во места како Балад и Талил. Минатогодишниот договор на Бушовата администрација (SOFA- Status of Forces Agreement) им дозволува да останат тука до декември 2011. година, но дотогаш нов договор околу долготрајното американско присуство на овие простори веќе ќе биде постигнат.

Прочитај и за ... >>  Надеж на светот: економски раст на САД во 2010-та

Американските команданти, однадвор оптимистички, не можеа да го скријат стравувањето поради повлекувањето од градовите. За да ја обучат ирачката армија, околу 10.000 американски војници моментно вршат обука на ирачките војници, а овој број ќе се зголеми на 50.000 во месеците што доаѓаат. Западните предградија на Багдад се креативно окарактеризирани како надворешен дел од градската област. Авионите, хеликоптерите, артилеријата и брзите специјални единици се во константна подготвеност да им помогнат на ирачките сили кога тоа ќе биде потребно.

Грижите не се само околу тоа дека побунетите групи ќе го искористат американското повлекување да се регрупираат во градовите и значително да се спротивстават и на Маликиевата влада и на американските трупи. А Америка и нејзината марионетска влада во Багдад се загрижени дека социјалните немири, предизвикани од ирачката работничка класа и опозицијата на Малики, поради неговите концесии на американските империјалисти и странскиот капитал, ќе се прошират и ќе предизвикаат големи протести и незадоволство.

Администрацијата на Обама во стварноста е свесна дека големо мнозинство на Ирачани горчливо се противи на американското присуство во својата земја. Зад кулисите, тие го притискаат Малики да го напушти ветувањето за одржување на референдум околу SOFA, знаејќи дека мнозинството би го отфрлил.

Тука се исто така острите разлики помеѓу ривалските шиитски, сунитски и курдски сили, во рамките на ирачката владејачка елита, околу тоа како ќе се распределат средствата добиени со продажбата на нафта и другите богатства на оваа земја. Најексплозивните тензии се околу курдските автономни области, контролата на северните нафтени полиња околу Киркук, каде што се наоѓаат две нафтени полиња, од шест, кои се понудени за аукцијата оваа недела.

Курдската регионална влада минатата недела ја отфрли аукцијата како „неуставна“ и предупреди дека компаниите се „лошо советувани“ ако влезат и потпишат каков било договор во Киркук во кој не учествува и курдската регионална влада. Развојот на етничката граѓанска војна на север не може да се запре, ниту американските воени операции можат да го запрат ваквиот развој на настаните.

Американскиот империјализам доживува дебакл во Ирак, дебакл што го изградија со своите потези. Поради слабеењето на меѓународните економски активности, како и ескалацијата на американската војна во Авганистан и нивната proxy војна во Пакистан, голем дел од американската војска е се уште врзан за судирот во Ирак и тука не се гледа крајот. Администрацијата на Обама е решителна да ја продолжи окупацијата и да ги реализира предаторските цели на инвазијата- цели во кои нафтата секогаш имала голема улога.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here