Потребно време за читање: < 1 минута

На врв среде нов круг

33. Пајакова мрежа

Секако не била
пајаковава мрежа
за заедно да бидат
тој исправен среде круг
и таа во црнина пред
стрмна планина;
секако не се ни заедно
случајно во неа.

Кога ги гледа човек
со љубопитство,
прво што помислува
е планината со врвот
пред нив
до кој треба да стасаат
одејќи еден по друг
по врвицава меѓу две
провалии
што почнува
во нејзиното подножје,
а завршува во нов,
нивен круг.

И прво што помислува
човек кога ги гледа
со љубопитство
е дека нема да успеат
да минат
низ пајаковата мрежа
што незнаен пајак
ја исплел пред нив;

не за да станат
негов плен,
туку за да ги научи
дека и ако ја пробијат,
ако се пробијат,
ако некако им успее
да ја израскинат,
треба зад нив за нив
да исплетат околу
новиот нивен круг
иста како неговата,
значи пајакова,
која ќе ги брани од
жалости, јадови,
болештини и смрти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here