Потребно време за читање: 2 минути

8. Љубови

-Ние не сме од ретките кои имале само една љубов во животот и кои тврдат дека само една е вистинската,-вели Кристина.

-И јас и таа си ги знаеме личните љубови. Сме имале по неколку, а нашава ја доживуваме, ја живееме веќе четири ипол години како една од нив, од нив според ништо различна,-дополнува Леон.

-На обајцата сите љубови ни се еднакво вредни, за незаборав. Вкоренети се, во темелот се на нашава. Се разбира, како одживеани, како минати.

Забележувам дека вистинските љубови се неповторливи.

-А што се тоа лажни љубови?-возвраќа со прашање Леон.

-Такви не постојат,-одговара Кристина.-Секоја љубов или била или не била. Можно е само да се прикажувала и преживувала како таква некое време, како мимикрија. Но не долго. За најпосле, секогаш во вистинско време да се открие самата како обична близост, некаква искрена релација, можеби надежност или обична авантура на телото и духот.Напротив, љубовта е без исклучок давање и земање, споделување во заедничко време, едновемено и зрелост и созревање на две личности.

Прочитај и за ... >>  ПОЛНОТА НА ЖИВОТОТ, раскази/ескизи

-За неа се многу важни грижата и решавањето на проблемите, како и надминувањето на конкретни животни состојби,-дополнува Леон.-Да, и полнотата на животот.

-Се забораваат ли љубовите? И за нив ли важи колку постари,толку подалечни?-ги потпрашувам.

За Леон прашањата како да беа очекувани:

-Прашањата ти се противречни. Ниедна љубов не се заборава. Сите се паметат како големи и мали, а всушност богати или сиромашни со смисла и содржина. Нема стари или млади односно сегашни едновремено далечни или блиски. Првата од многумина е заборавена или се сеќаваат на неа како на будење на чувства и страст.

Им велам уверливо:

-Вашиве ставови за љубовта воопшто не се нови и необични. Воопшто не ме изненадуваат. Напротив, сосем исти имам прочитано во дела на писатели со љубовна содржина. Очекувам да поентирате дека љубовта и сексот не се зависни, ниту причинско-последични. Може, но не мора да се наспоредни и да се надополнуваат. Исто мислите и за љубовта и страста?

Прочитај и за ... >>  ПОЛНОТА НА ЖИВОТОТ, раскази/ескизи

Кристина реагира со мала нервоза во гласот:

-Точно! Така било отсекогаш, така е и сега. Да, доказ е нашата љубов. А знаеш зошто? Зашто е чиста, непорочна, возвишена. За нас единствена вистинска.

Ги прашувам пред да се разделиме:

-Живеете заедно?

-Да, ако мислиш во заеднички дом, но не ако мислиш на постојаност. Обајцата си имаме и свои животи. Како секој со интегритет.

Кристина и Леон ги знам од неодамна. Тие се главни ликови во недовршен роман на анонимен автор. Средовечни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here