Потребно време за читање: 3 минути

59.

Рано студено, мразно утро. Одвреме-навреме силен северец, па со иста силина од северозапад; по неколку минути повторно северец, па североисточен. Зимата е на прагот на Страдец и според сите предзнаци и знаци, ветерот секако најочевиден, ќе биде остра, смрзнувачка, сува; можеби без снег, но со оглед дека сигурно ќе биде долга одвреме-навреме ќе има снежни виулици и големи снежни наноси.

Двете гробници-кораби, на „Староседелецот“ Ангел од Михаил и на Ристо од Петар се подготвени да запловат кон нови и дамнешни пространства и времиња на Петра, Помпеја, а потоа низ целата Сончева земја дамна викана Ематија. Меѓу молк и тишина и меѓу паметење и заборав.

Во трупот на гробницата-кораб на Ристо од Петар сите негови ближни мртви. На палубата тој, неодамна починат и тргнат во неврат, и неговите три мртви љубови Јасна од Спасе, Вера од Јане и Калина. Кормилото во рацете на Ристо и Калина.

Ристо од Петар ѝ вели:

-Се разбира дека има смисла и цел нашево запловување. Прво кон и во Петра и Помпеја, а потоа низ цела Ематија. Јас само ќе ти кажам дека не само во Страдец, туку насекаде низ денешниов свет се случува своевиедно враќање, односно продолжување на дамнешни времиња. Што, пак, докажува дека нашиов Страдец нема брзо да умре, да исчезне, како што се запустува забрзано. Можеби во некои далечни идни времиња. Можеби не знаеш дека и Молненик не исчезнал, конечно не умрел веднаш по пожарот. Исто и Петра и Помпеја…Нивната меѓусебна поврзаност е римското време.

Прочитај и за ... >>  МЕЃУ МОЛК И ТИШИНА, роман

Калина го слуша со внимание.

Ристо од Петар продолжува:

-Досега сме немале можност да поразговараме, па еве сега, пред тргнување да ти нагласам нешто многу важно:

Нашата непорочна љубов е лична, една, единствена и неповторлива, но како секоја друга таква просто не е можна без едната непорочна љубов за сите; едновремено и наспоредно. Таа е љубовта спрема татковината. За нас е нашава Сончева земја, во древни времиња викана Ематија.

И за уште нешто што можеби си го забележала, но не те замислило. Во врска е со моите невидливи слики: на нив, а особено на последната, најголемата, на која ја насликав непорочната љубов, доминираат црната и црвената боја. Црната не како говор на смртта, туку на тежината на животот и одбраната на човечкото достоинство, а црвената е крв и лична саможртва. Можам да ти раскажувам надолж и на шир дека тоа еднакво се однесува и на личната и на колективната непорочна љубов.

Прочитај и за ... >>  МЕЃУ МОЛК И ТИШИНА, роман

Што се однесува на Ематија, во меѓувреме запишав понешто од сè што прочитав за неа. Како историска одредница. Мислам е доволно за разбирање на длабоките врски меѓу дамнешните и денешните времиња, меѓу древноста, сегашноста, можеби и иднината. Дека се едно. Може и како поттик за натамошно проучување и промислување. Еве, прочитај го додека пловиме, па дај им го на Јасна, Вера и моите мртви ближни.

Пред да замолчи, додава:

-Си зедов обврска да го насликам своето семејно стебло, но не можам. Ништо од тоа. Се прашуваш зошто? Веќе зборувавме за рожбата.

Запловија кон нови и дамнешни пространства и времиња на Петра, Помпеја, а потоа низ целата Сончева земја.

(Запишаната историска одредница на Ристо од Петар за Ематија:

Македонија претходно се викала Ематија, што значи мајка, а според божицата Ма која била позната кај Пелазгите. (Пелазгите го добиле името од народот Пеласти или Беласти.)

Старозаветниот пророк Мојсеј соопштува дека Македонците поседувале поморска флота („бродовите од страна на Китим“). Забележано е и дека Александар III Македонски доаѓа од земјата Китим.

Прочитај и за ... >>  МЕЃУ МОЛК И ТИШИНА, роман

Легендарниот Хомер епот „Илијада“ го напишал на пелазгиско-античко-венетско-древномакедонски јазик. (Изворното значење на илијада иде од коренот илиј со значење сонце и придавката ада со значење земја; заедно Сончева земја. Несомнена е поврзаноста со сонцето како македонски древен симбол.)

Врската меѓу Македон и Ематија:

Кралот Македон имал три сина: Аматија, Пинд и Пиер. Аматија или Ематија значи песок, песочен, па и песочник, а се однесува на песокот на морскиот брег. Македонија некогаш се викала Ематија, а се тврди дека и градот Солун некогаш се викал Ематија.)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here