Потребно време за читање: < 1 минута

496. На камен скаменет

Се качи на гол камен и се скамени
од пустелијата пред него недогледна.

 

497. Голи коски

Нечии голи коски на самотник
на ветромет, на живот залезен.

 

498. Облачиште

Црно облачиште над мене
само што не се истурило.

 

499. Значење

Знаков значи оти е од некој
што значел и уште значи?

 

500. Бел ден

Еден бел ден пред црни
одамна, од сега и отсега.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here