Потребно време за читање: < 1 минута

33. Во ôд низ тишина

Празна улица,
а среде дрво
со длабок корен.
Наспоредно со неа
празна улица,
а среде дрво
со длабок корен.
Наспоредно со нив
празна улица,
а среде дрво
со длабок корен.

Има ли нивен крај?
Негде
се вкрстуваат?

Празна куќа
без праг,
а без порта.
Наспоредно со неа
празна куќа
без праг,
а без порта.
Наспоредно со нив
празна куќа
без праг,
а без порта.

Има ли живот
за нив?
Ќе заживеат ли
кога било?

Црна мачка и куче
скитници.
Наспоредно со нив
црна мачка и куче
скитници.
Наспоредно со нив
црна мачка и куче
скитници.
Дали се пријатели
збрани?

Темно,
пак темно,
пак небо.

Конечно
да застанеме,
конечно да сме
и напред и назад.

Ама каде? Каде?
Ама каде сега?

Сега дома
на виделина.

Зошто дома?
Зошто дома?

Ќе ти кажам
дома.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here