Потребно време за читање: 6 минути

97. Народ

Гласот на народот си има свое време во време вчерашно, денешно, утрешно. Кој не го слуша, ниту себеси ќе се слуша, ниту друг ќе послуша.

Голем народ со своја држава, голема без оглед колкава е. И кога не е цела, кога е распарчена, кога ѝ се насилно одземени делови и припоени на други, соседни, со никогаш добрососедски народи. За никогаш да не се обединат, та да стане каква што била некогаш? За жал, така е и така ќе биде до којзнае кога токму затоа што нејзиниот народ е голем. Исконски, со вековна и вековита борба за свој опстанок.

На голем народ настрвени и однадвор и однатре. Да го обезличат, да го разнебитат, да го збришат. Сосе идентитет, јазик, траги, традиција, историја, култура, стојности.

Голем народ без држава? Имало и има такви во светот. Кои се борат до смрт и ќе се борат до последен жив.

Македонски народни пословици и изреки

Добрио владика народот со двете очи го гледат.

Поп што гледа за в џеб, не гледа за народ.

Народо се излошуат од урнекот од лошите попои, а нивјето и лозјата се расипуаат од лошите аргати.

Поп што не оди по законо, не го чести народот.

Пословици и изреки на народи во светот

Народот побрзо би те пуштил во спална соба одошто во џепарник. (Српска)

Ако е кралот луд и сите поданици мораат да бидат луди. (Српска)

Кога и илјада луѓе веруваат во глупава работа, таа и натаму останува глупава. (Кинеска)

Блазе си им на богатите! Тие барем имаат со што да утешуваат други. (Англиска)

Кај што се сее љубов, се жнее радост. (Германска)

Природата на дождот е секогаш иста, па сепак од него расте трње во пустина и цвеќе во градина. (Арапска)

Подобро е да се живее во своја татковина во неволја, одошто во туѓина во задоволство. (Индиска)

Ако ни е нам добро, ќе им биде добро и на други. (Индиска)

Латински изреки

Гласот на народот е глас Божји. (Vox populi, vox Dei.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Кај што нема совет, пропаѓа народот, а помошта е во мноштво советници.
Библија

Рекле, изумиле

Слогата, чесноста, трудољубивоста и умереноста-тоа се условите за еден народ да стане среќен и моќен.
Џорџ Вашингтон

Кога луѓето се борат за својата слобода, тие често во својата победа стекнуваат само нови господари.
Лорд Џорџ Сарил Халифакс

Владетелите редовно забораваат на дадените ветувања, но народот никогаш.
Ѓузепе Манцини

Да се имаат заедничка слава во минатото, заедничка волја во сегашноста, да се изведуваат големи нешта заеднички-тоа се битните услови за опстанокот на еден народ.
Жозеф-Ернест Ренан

Никогаш не смее човек, ниту народ да мисли дека дошол крајот. Загубата на имотот лесно ја надоместуваме. За другите загуби нè утешува времето. Само едно зло е неизлечиво-ако народот сам дигне раце од себеси.
Јохан Волфганг Гете

Народ кој не умее да сонува, тешко се буди.
Милован Витезовиќ

На разбуден народ му се пеат приспивни.
Милован Витезовиќ

Доброто на народот е највисок закон.
Марко Тулиј Цицерон

Ништо не е понесигурно од народот.
Марко Тулиј Цицерон

Големината на еден народ не се мери со бројот, како што големината на човекот не се мери со стасот. Неговата мера е количеството на интелигенција и доблестите што ги поседува.
Виктор Иго

Од народ, со народ, за народ.
Абрахам Линколн

Изборите се работа на народот. Одлуката е во рацете на народот. Ако народот му го сврти грбот  на тој оган и ја согори заедницата, тогаш тој ист народ ќе мора да седи на пликови.
Абрахам Линколн

Што сè не му е сторено на народот за негово добро!
Александар Баљак

Не е добро за народот ако не го ткае она што го носи, не го сее она што го јаде, не го прави виното што го пие.
Калил Џибран

Народот може да има една душа, едно срце, едни гради што ги изложува, но тешко нему ако има само еден мозок.
Станислав Јержи Лец

Кога народот нема глас, тоа се слуша дури и кога химни се пеат.
Станислав Јержи Лец

Ако секој направи онолку колку што е способен, народот нема да пропадне.
Вук Стефановиќ Караџиќ

Кога ќе го видиш типот на играта на еден народ, му го знаеш карактерот.
Конфучиј

Кога на народот ќе му се овозможи да го добие и не барајќи го она што му треба, тогаш владетелот во народот постигнува доверба.
Конфучиј

На зрело човештво не му се потребни моќни држави, туку слободни народи.
Божидар Кнежевиќ

Подемот на народот не лежи во неговите големи луѓе, туку во растот на малите.
Хозе Ортега Гасет

Среќен е народ чии поданици стравуваат за владетелот, а не од владетелот.
Питакос од Митилен

Надорот е најлош толкувач на вистината.
Луциј Анеј Сенека

Никогаш духот на нацијата не бил изменет со фини спекулации, туку секогаш со светли примери.
Јохан Готфрид Хердер

Народот ја дава својата наклонетост, но никогаш својата доверба.
Антоан Ривалоли ди л конт д Риварол

Молчењето на народот е опомена за кралевите.
Абе Жан-Баптист-Шарл д Бове

Како што од неспособен и неискусен судија не можеме да очекуваме праведни пресуди, така не може да се очекува народ кој е полн со заблуди и незнаење да биде, освен во ретки случаи, раззборит и паметен кога избира и нешто одлучува.
Николо Макијавели

Царот Сигисмунд вака им одговорил на своите сенатори кога го известувале зза протестите на народот во Германија: „Зарем да се чудиме дека други за нас зборуваат зло, кога ние самите правиме зло!“
Енеа Силвио Пиколомини

Како поединецот, така и народите нема да остварат никогаш ништо ако не бидат свесни за самите себе, за себељубието, амбицијата, свесноста за својата сила и полни со доверба во самите себе.
Ѓакомо Леопарди

Понекогаш во гласот на народот се слушаат грмотевици на небесата.
Лајош Кошут

Во народното сеќавање останува само оној кого народот го сака.
Фјодор Михајлович Достоевски

Народ кој не е кукавички не може да пропадне; а народ кој се борел за целото човештво не смее да пропадне.
Шандор Петефи

Нема права кои би можеле така да се судрат како националните права на два народа кои живеат заедно.
Ахад Хаам

Ниеден народ не може да се спаси сам издвојуваќи се од другите. Или да се спасуваме заедно или заедно да пропаднеме.
Рабиндранат Тагоре

Народ кој нема храброст ништо да на направи најпосле губи верба во себе.
Јоханес Линанкоски

Во здрав народ има речиси секогаш нешто во што сите не се согласуваат, но само така се одржува жива мислата за единство и стремежот за тоа.
Сигмунд Граф

Народ се раѓа во стоицизам, умира во епикурејство.
Вил Дуран

Првото што ја чека некоја нација која нема добро водство е инфлација на валутата, а второто нешто е војна. Обете донесуваат привремен просперитет; обете донесуваат постојано уништување. Исто така тие нешта претставуваат прибежиште за политички и економски опортунисти.
Ернест Хемингвеј

Во земја на слепи кралот е едноок.
Еразмо Ротердамски

Секој народ има онаква политичка власт каква што заслужува.
Жозеф д Местр

Како што вероисповедта не го создава човекот, туку човекот вероисповед, така ни устав не создава народ, туку народ устав.
Карл Маркс

Секој народ се чувствува супериорно во однос на други народи. Тоа ги разгорува патриотизмот и војните.
Дејл Карнеги

Најголема опасност која му се заканува на еден народ не е да падне во ропство и да мора да работи за помоќен, поброен, посилен народ. Таквите народи сеедно можат да бидат големи и, покрај сиромаштијата, работата, понижувањето, можат да живеат возвишена судбина. Најголема опасност што му се заканува на еден народ е да стане примитивен, да ги отфрли свесното мислење и свесниот мислител и со тоа да потоне во океанот на несвесноста.
Бела Хамвас

Треба да се направат многу урнатини за да се стекне богатство на голема нација.
Адам Смит

Народите можат да постигнат сè, само името не ако го изгубат.
Антун Густав Матош

Она што народот го верува за своето време станува фактор во неговата историја.
Барбара Вертхајм Тучман

Луѓето и народите ќе постапуваат разумно кога ќе ги исцрпат сите други можности.
Артур Блох

Ако на народот му го зборуваме она што сака да го слушне, наместо она што мора да го слушне, тогаш нема да биде добро.
Барак Обама

Ако не можеме да го убедиме народот со споредливи вредности, со заслугата на нашата цел, ние би требало подобро да го преиспитаме својот разум.
Роберт Макнамара

Неодредена комбинација на човечката непостојаност и нуклеарното оружје ќе доведе до уништување на народи.
Роберт Макнамара

Секој воен заповедник кој е искрен со самиот себе, односно со она што го зборувал, ќе признае оти направил грешки во примената на воената моќ. Убил луѓе-непотребно. Неговите војници или други единици. Низ грешки, пресуди. Стотици или илјадници, или десет илјади, можеби дури и стотина илјади. Но, тој не уништил народи.
Роберт Макнамара

За да уништиш еден народ, мораш прво да ги сосечеш неговите корени.
Александар Солженицин

Државата е најстудена од сите студени чудовишта. И студено лаже: и оваа лага ползи од нејзината уста:-Јас, државата, јас сум народ.
Фридрих Вилхелм Ниче

Слабо го разбира народот она што е големо, а тоа е она творечкото. Но, има сетила за сите изведувачи и глумци на големи ствари.
Фридрих Вилхелм Ниче

Секој народ зборува свој јазик на доброто и злото и не го разбира соседот.
Фридрих Вилхелм Ниче

Држави убиваат народи.
Маргерит Јурсенар

Граѓанска војна. Ура! Во името на народот ќе се истребиме самите себе.
Карел Чапек

Јас не сум ослободител. Ослободители не постојат. Народот сам себеси се ослободува.
Ернесто Че Гевара

Лутата врева на мноштвото е една од најстрашните бучави на светот.
Џорџ Савил Халифакс

Политиката е квасец, а народот брашно. Кога лебот ќе успее, сите го фалат квасецот. Кога лебот нема да успее, не чини брашното.
Влада Булатовиќ ВИБ

Сè што му ветивте на народот, народот ви овозможи да го имате.
Влада Булатовиќ ВИБ

Самоизмамата е убиствена и за луѓе и за народи.
Петар Петровиќ Његош

Старите турски храмови по друмовите ги заменија автомобилски станици на автострадите. Романтичните друмски разбојници, кои некогаш ги напаѓаа осамените патници и карваните, повеќе ги нема. Ги заменија големи меѓународни компании кои напаѓаат цели народи. Ајдутството полека од царските џадиња се пресели во меѓународната политика.
Зулфикар Зуко Џумхур

Кој може да управува со една жена, може да управува и со еден народ.
Оноре де Балзак

Во иднината треба да се оди. Во иднина гледаат и одат сите посреќни народи.
Милош Џрњански

Ако сите освен мене се мој народ, мојот јаден народ нема никого освен мене.
Бранислав Црнчевиќ

Злобата и добрината на еден народ се продукт на приликите во кои тој живее и се развива.
Иво Андриќ

Долготрајното робување и лошата управа колку што можат да го збунат и унаказат сфаќањето на еден народ, толку ги истенчуваат и ослабуваат здравиот разум и вистинскиот суд што целосно се извитоперуваат. Таквиот пореметен народ не може повеќе да го разликува не само доброто од злото, туку ни својата сопствена корист од очигледна штета.
Иво Андриќ

Големината и моралниот напредок на народите можат да се мерат според тоа како постапуваат со животните. Единствен начин да живееш е да пуштиш и други да живеат.
Махатма Ганди

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here