Потребно време за читање: 13 минути

83. Смрт и бесмртност

За смртта исто како за животот. Ниту да се трошат повеќе или помалку зборови, ниту малку или многу да се умува. Не се еднакви во рамнодушноста, но не се ни во тагата од неа и радоста во него.

Само оној до кого смртта барем еднаш не била близу, до него, со него, не чекорела зад него, пред него, крај него, не знае колку е лесна и едноставна. Дека освен болката што ја предизвикува некое време, нема ништо што би можело да ја продолжи.

Не се плаши од смртта никој, а од умирачката само оној кому таа му умирала близок мачно. Да не им претежи на живите.

И за бесмртноста како за животот не треба да се трошат многу зборови. Зашто е и незамислива и недофатна. И постои и не постои.

Бесмртноста, исто како вечноста, е непосредно поврзана со времето и просторот, со траењето во нив. Може да биде независна, сама по себе и сама за себе? Тоа зависи од разбирањето на постоењето на сè, особено на човекот и човештвото. Всушност, постоењето е бесмртност.

Мисла и дело бесмртни?Можеби во сегашност со минато за иднина.

Македонски народни пословици и поговорки

Во волов рог да се скриет чоек, и пак смртта ќе го најдит.

Дните врват  и нам ни се кусат поблизу до смрт.

Како смртта пред мене да си ја гледам кога тебе ќе те видам.

Мнозина се надеваат по смртта да се спасат, ама се лажат.

На секое  зло смртта му е лекот.

На смрт лекот му е умирачката.

Огно водата и смртта ат`р не гледаат.

По смрт болес.

Од смртта поеќе го пизми.

Три нешта се невозможни: до небото скала не се праи, на морето поклопка не се клава и на смртта нема заменка.

Пословоци и изреки од народи во светот

Смртта може да те заборави еден ден, но нема да те заборави утреден. (Арапска)

Кој премногу се плаши од смртта, покојникот е меѓу живите. (Руска)

Погрижи се по смрт да испратиш некој мрзелив човек. (Еврејска)

Смртта е бесмртна, сè друго е смртно. (Грчка)

На оној што сака да живее смртта не му може ништо. (Кинеска)

Еден паднат лист навестува смрт на една година. (Јапонска)

Човкот е смртен, но неговото име може да стане бесмртно. (Јапонска)

Многу научил оној што научил како да се умре. (Германска)

Со смртта треба да се живее, а не да се јури по неа. (Данска)

Добрите луѓе мора да умрат, но смртта не може да ги убие нивните имиња. (Данска)

Латински изреки

Знај дека си смртен. (Memento mori.)

Кој се плаши од смртта, ја губи радоста на животот.

Домисла, гесло, мисла водилка

Твојата сенка живее и исчезнува. Она што е во тебе вечно, она што се сфаќа не му припаѓа на минливиот живот. Тоа е вечно во тебе: пресели се во него и тоа ќе ти ја открие целата вистина и сè она што треба да го знаеш.
Староиндиски запис

На темнина се осудени оние што му се предадени само на телото, а на црна темнина оние што му се предадени само на духот. Оние што им се предадени и на телото и на духот, со телото ја надминуваат смртта, а со духот достигнуваат бесмртност.
Упанишади

Здраво Цезар, оние што ќе умрат те поздравуваат.
Поздрав на гладијаторите по влегување во арената

Смртта на еден човек е трагедија. Смртта на милиони само статистика.
Анонимус

Рекле, издумале

Не ме вознемирува смртта, туку умирањето.
Мишел Ејкем д Монтењ

Смртта нè ослободува од сите обврски.
Мишел Ејкем д Монтењ

Луѓето ги плаши смртта, а не она што по неа доаѓа.
Семјуел Батлер

Оној што лажно го сфаќа животот, лажно ќе ја сфати и смртта.
Лав Николаевич Толстој

Кога си дошол на светот, ти си плачел, а сите околу тебе се радувале. Кога ќе го оставаш светот, направи така сите да плачат, а ти да се насмевнуваш.
Лав Николаевич Толстој

Будењето од сон е раѓање во мало, денот од утро до ноќ живот во мало, а сонот е смрт во мало.
Лав Николаевич Толстој

Не се плаши од смртта оној што умее да го презре животот.
Марко Портиј Катон

Не се плашиме од смртта, туку од размислувањето за неа.
Луциј Анеј Сенека

Пепелта сите ги изедначува.
Луциј Анеј Сенека

Да се умре добро, значи да се избегне опасност од лош живот.
Луциј Анеј Сенека

Некогаш смртта е казна; често подарок; им била услуга на многумина.
Луциј Анеј Сенека

Да се плашиш од смртта е полошо одошто да умреш.
Луциј Анеј Сенека

Смртта не чека никого премногу долго.
Иво Андриќ

И гробиштата умираат.
Иво Андриќ

Гробиштата се доказ на животот, а не на пустош.
Иво Андриќ

Сите ние сме мртви, само по ред се погребуваме.
Иво Андриќ

Не е страшно што се старее, слабее и умира, туку што по нас доаѓаат и навалуваат нови, помлади и поинакви. Всушност, во тоа и е смртта.
Иво Андриќ

Животот е состојба на активност која постојано се стреми кон смртта и ѝ се доближува полека и постапно; а смртта е решение на таа долга болест што се нарекува живот.
Иво Андриќ

Не е најлошо што се пати ни што се умира, туку што се старее, зашто стареењето, тоа е патење без лек и надеж, тоа е смрт што трае.
Иво Андриќ

Често сум мислел за смртта и сум сфатил дека е таа последното од сите зла.
Френсис Бекон

Луѓето се плашат од смртта како што децата се плашат од мрак; и како што тој страв кај децата се зголемува со приказни, така се зголемува и кај возрасните.
Френсис Бекон

Природно е да се умре, како што е природно да се биде роден.
Френсис Бекон

Уште ни животот не го познаваме, а како можеме да ја познаваме смртта?
Конфучиј

Одвратно е да те снема, да исчезнеш со сознанието дека луѓето сосема не те запознале.
ЖанПол Сартр

Бесмртноста е страшно алиби; не е лесно да се живее со едната нога од онаа страна на гробот, а со другата од оваа.
Жан-Пол Сартр

Подобро е еднаш навистина да се умре, одошто цел живот да се умира од страв.
Езоп

Сонцето и смртта не можат да се гледаат во очи.
Франсоа Ла Рошфуко

Читајќи ги надгробните споменици, сфаќаме дека треба да се умре ако сакаме за нас добро да се зборува.
Алфред Бугард

Твоето срце стрепи од страв пред смртта и ти бледееш и од самата помисла на неа. Запознај се себеси и биди мудар, па нема да умреш ни кога ќе умреш.
Мохамед Икбал

Смртта е сурова, но животот е често посуров.
Мохамед Икбал

Добро живеел оној што можел да умре кога сакал.
Публилиј Сириј

Ако ја презреш смртта, ќе совладаш секој страв.
Публилиј Сириј

Смртта е единствениот бесмртник.
Марк Твен

Ништо не знаеш за животот, па што? Тогаш, можеш да знаеш за смртта?
Сократ

Бидејќи не знаеме дали смртта е нешто што е добро или пак нешто што е лошо, нешто што нема никакво значење или нешто што има најголема важност, треба да се сосредоточиме само она добро што го претставува животот, зашто неговото постоење не може да се доведува во сомнение.
Сократ

Стравот од смртта не е ништо друго, освен верување дека сме мудри кога не сме; и замислени дека го знаеме она што не го знаеме. Во реалноста никој не ја знае смртта; никој не може да каже, но таа може да биде најголема добродетел на човештвото; а пак луѓето се плашат, како да знаат со сигурност дека е најголемо од сите зла.
Сократ

Јас порадо би умрел зборувајќи на свој начин, отколку да зборувам на ваш начин и да живеам. Зашто ни во војна ни по закон човек не би требало да користи секоја можна опција да ја избегне смртта. Во битка нема сомнение дека ако човек го отфрли своето оружје и падне на колена пред своите гонители може да ја избегне смртта; ако е човек подготвен да каже и да направи што било. Тежината, пријатели мои, не е во избегнување на смртта, туку во избегнување на неправедност зашто тоа оди подлабоко одошто смртта.
Сократ

Само што човек по малку почнал да учи, доаѓа смртта пред да стекне искуство.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Умирајќи, оставаме исти глупости и лошотилаци што сме ги затекнале кога сме се родиле.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Суетата за кукавицата е да бега; смртта близу го следи; само пркосејќи ѝ бега.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Многу сакаше, многу започна,
Часот смртен него го однесе.
Бранко Радичевиќ

Смртта на младите е бродолом, на старите влез во пристаниште.
Плутарх

Ако човек не мрази ништо повеќе од смртта, зошто тогаш не ги избегнува сите опасности што можат да се избегнат?
Менг-Це

Сепак, смртта е сè уште побрза од сè.
Ал-Мутанаби

Со гром изгорено дрво веќе не е место во расадник.
Рабиндранат Тагоре

Да се излезе од границите на нашата сензибилност и нашата ментална замисла и да се постигне целосна слобода-тоа е вистинската смисла на бесмртноста.
Рабиндранат Тагоре

Смртта, како и раѓањето, е мистерија на природата.
Марко Аврелиј

Оној што се плаши од смртта, стравува дека ќе биде лишен од чувства или дека ќе добие чувства од друг вид. Во првиот случај ќе нема веќе никакви болки, а во вториот ќе биде на друг начин вдахнат со душа и нема да престане неговиот живот.
Марко Аврелиј

Уште малку и ќе заборавиш на сè. Уште малку и сите ќе заборават на тебе.
Марко Аврелиј

Често сум посакал да умрам, но под покривач за никој да не слушне.
Георг Кристоф Лихтенберг

Оние што не се плашат од смртта се помалку несреќни од оние што се плашат од животот.
Жорж Клемансо

Смртта се плаши од оние што не се плашат да ѝ пружат рака.
Едгар Морен

Каква заблуда! Верник го јаде телото и ја пие крвта на својот бог во верба дека и сам ќе ја стекне неговата бесмртност!
Едгар Морен

Смртта е сон бес соништа.
Наполеон I Бонапарта

Мртвиот заминува во гроб, а живиот по погача.
Мигел де Сервантес

Сите се раѓаат вистинољубиви, а умираат како лажливци.
Лук д Клапиер Вовенарж

По смртта на Бог, претставниците на новата филозофија сложно ја обзнануваат смртта на неговиот убиец-уништувањето на човекот.
Шарл Ривиер Дафресни

Најдобар лек од мислата за смртта е работата.
Аугуст Цесарец

Треба да се умре пред да дојде тагата на староста.
Франческо Петрарка

Ни најубавиот некролог никому не му го продолжил животот.
Имре Форбат

Раѓањето и смртта не се два настана, туку две страни на ист настан.
Махатма Ганди

Треба да се оплакуваат луѓето кога ќе се родат, а не кога умираат.
Шарл Монтескје

Без оглед колку е слатко и гордо да се умре за татковината, сепак мислам дека е послатко за татковината да се живе
Хорациј

Кого боговите го сакаат, млад умира. Се умира двапати. Втората смрт е да се биде заборавен.
Менандер

Кога смртта не би претставувала некое зло, тогаш и боговите би сакале да умрат.
Сафо

Ако ги поднесуваш животот и смртта не придавајќи им важност, нема да се грижиш дали ќе умреш порано или подоцна.
Јанг-Цу

Смртта можеме да ја поразиме само ако секогаш бидеме подгвотвени да умреме.
Јохан Волфганг Гете

Нема поголема утеха за просечниот човек од сознанието дека ни генијот не е бесмртен.
Јохан Волфганг Гете

Да се потценува непријателот пред смрт е глупост, по победа подлост.
Јохан Волфганг Гете

Бескорисен живот е исто што и рана смрт.
Јохан Волфганг Гете

Животот е најубавиот пронајдок на природата, а смртта нејзина вештина што подобро да го искористиме животот.
Јохан Волфганг Гете

Каква прекрасна претстава за смртта имале старите: таа за добрите била починување, а за лошите ужас. Значи, смртта била искушение на добродетелта.
Лао-Це

Јакиот и силникот нема да умрат со лесна смрт.
Лао-Це

Во овој живот ништо не е постојано освен смртта.
Ли-Таи-По

Му рече глината на лончарот: „Зошто ме гмечиш? Ќе дојде ден, па и јас тебе ќе те гмечам“.
Кабир

Кога не би постоела смртта, би било тешко да се размислува за филозофски прашања.
Артур Шопенхауер

Како што љубовта спрема животот е всушност само страв од смртта, така и друштвеноста на луѓето всушност не е директна; имено, таа не се засновува на љубов спрема животот, туку на страв од самотија.
Артур Шопенхауер

И самите одвишни луѓе се прават важни со својата смрт; и оревот во кој нема баш ништо полага право на тоа да биде скршен.
Фридрих Вилхелм Ниче

Големата лага за бесмртноста на личноста разурнува секоја умност, секоја природа во инстинктот-сè што е делотворно, животворно, што обезбедува иднина во инстинктите предизвикува идна недоверба.
Фридрих Вилхелм Ниче

Бесмртноста, хармонијата и слободата се во нас самите и тука тие го чекаат своето ослободување.
Сри Ауробиндо

Гробиштата на овој свет се полни со оние што себеси се сметаат за бесмртни.
Кан Шимоѕава

Ниеден човек кој верува во својата сопствена смрт и во потсвеста секој повеќе или помалку е убеден во својата бесмртност.
Сигмунд Фројд

Не е едноставно да се живее и по смртта. Понекогаш на тоа треба да се потроши целиот живот.
Станислав Јержи Лец

Прв предуслов за бесмртност е смрт.
Станислав Јержи Лец

Блазе си му на оној што довека живее. Имал зошто и да се роди.
Петар Петровиќ Његош

Сè додека некој чувствува дека е факт, не може да го избегне тркалото на раѓањето.
Гаутама Буда

Несиурна е и непозната должината на животот на оние што се подложни на смрт. Животот е тежок и краток, обременет со патење. Не постои начин оние што се родени да ја избегнат смртта.
Гаутама Буда

Патењето настанува од копнежот по задоволства, од копнежот по постоење, од заблудата дека со смртта сè завршува.
Гаутама Буда

Бесмртноста се прогласува на комеморации.
Милован Витезовиќ

Човекот има само еден начин да стане бесмртен на оваа земја: треба да заборави дека е смртен.
Жан Жироду

Нашиот живот до вечноста е само еден момент…Но ние, понекогаш, во момент и вечноста ја спознаваме.
Борис Шчербина

Луѓето умираат, а спомениците се уриваат. Единствено сè надживува човечката мисла.
Паоло Мантегаца

Кога некој би ни понудил бесмртност на Земјата, кој би сакал да прими толку жалосен подарок?
Жан-Жак Русо

Како што добро искористен ден дарува угоден сон, така и добро проживеан живот дарува смирена смрт.
Леонардо да Винчи

Додека мислев дека учам како да живеам, всушност учев како да умрам.
Леонадо да Винчи

Ништо на овој свет не е задолжително освен смртта и даноците.
Бенџамин Франклин

Некои луѓе умираат во 25-тата, а не се закопуваат до 75-тата.
Бенџамин Франклин

Јас сакам да продолжам да живеам дури и по својата смрт. Затоа сум му благодарна на Бога што ми го даде овој дар, кој можам да го користам да се развивам себеси и да изразам сè што е во мене.
Ана Франк

Не жалиме за нештата што сме ги направиле во животот на смртна постела. Жалиме за нештата што не сме ги направиле.
Рандолф Фредерик Пауш

Стравот од смртта е полош од смртта.
Роберт Бартон

Стравот од смртта е најнеоправдан од сите стравови,зашто нема ризик од несреќа некому што е мртов.
Алберт Ајнштајн

Не верувам во бесмртност на поединец и сметам дека етиката е исклучиво човечка грижа и оти нема надчовечки авторитет зад неа.
Алберт Ајнштајн во одговор на едно писмо од 17. Јули 1953.

Го напуштам животот како од преноќиште, не како од своја куќа.
Цицерон

Сите ќе умреме, а тоа значи дека ние сме едни од среќните. Повеќето луѓе никогаш нема да умрат зашто никогаш нема ни да се родат. Потенцијалните луѓе кои можеле да бидат на мое место, но никогаш нема да го видат светлото на денот ги има повеќе од зрно песок во Сахара…Го знаеме ова зашто сетот можни луѓе кои го допуштаат нашето ДНК е далеку поголем отколку бројот на родени луѓе. И покрај вака малите шанси, тука сме јас и ти, во сета наша обичност.
Ричард Докинс

Умирањето ги плаќа сите долгови.
Вилјем Шекспир

Да се сетам дека наскоро ќе умрам; тоа е за мене еден од најважните алати да ти помогне да направиш големи одлуки во животот. Зашто речиси сè-сите надворешни очекувања, сета гордост, сиот страв од срамотење и пораз-овие работи едноставно исчезнуваат соочени со смртта, оставајќи го само она што е навистина битно. Да се сетиш дека ќе умреш е најдобар начин за кој знам да ти помогне да ја избегнеш замката на мислење дека имаш што да изгубиш. Веќе си гол. Нема причина да не се следи своето срце.
Стив Џобс

Ако да се биде дете значи да направиш како да живееш, тогаш да се биде возрасен значи да направиш како да ќе умреш.
Стефен Кинг

Смртта е нешто неизбежно. Кога човек го сторил она што го смета за своја должност спрема својот народ и земјата, тој може да почива во мир.
Нелсон Мандела

Умрев како минерал и станав растение, умрев како растение и станав животно, умрев како животно и станав човек. Зошто да се плашам? Кога сум бил помал со умирање?
Џалалудин Руми

Смртта е изумител на Бога.
Хозе Сарамаго

Смртта мора да е убава. Да се лежи во некоја сива земја, со тревки што се нишаат над тебе и да се слуша тишината. Да се нема вчера ни утре. Да се заборави на времето, да му се прости на животот и да се биде на мира.
Оскар Фингал Вајлд

Чесната смрт е подобра од нечесен живот.
Тацит

Не е важно како човекот умира, туку како живее.
Семјуел Џонсон

Оној што сее смрт и болка, не може да ожнее среќа и љубов.
Питагора

Смртта е почеток на бесмртноста.
Максимилијан Робеспјер

Од смртта најмалку се плашат оние чиј живот има најголема вредност.
Имануел Кант

Смртта ги принудува луѓето подобро да го почувствуваат животот.
Пауло Коелјо

Секое дело што не е засновано на љубов носи во себе семе на смртта и оди во пресрет на својата пропаст.
Јохан Хајнрих Песталоци

Сите ќе умреме, секој од нас, каков циркус! Само тоа би нè натерало да се сакаме меѓусебно, но тоа не го правиме. Нè тероризираат и ја спуштаат тривијалноста, нè изеде ништо.
Чарлс Буковски

Подобро е да се умре ненадејно одошто да се стрепи од смртта цел живот.
Гај Јулиј Цезар

Повеќе го сакам името на честа отколку што се плашам од смртта.
Гај Јулиј Цезар

Кукавиците умираат многу пати пред нивната вистинска смрт.
Гај Јулиј Цезар

Подготви се за смрт пред нејзиното доаѓање.
Мухамед

Очекувај ја смртта секој час.
Мухамед

Луѓето спијат, а кога ќе умрат се разбудуваат.
Мухамед

Бесмртен сум. Мојата бесмртност е нужна со еден факт дека Бог не ќе сака засекогаш да го угасне пламенот на љубовта што се запалил за него во моето срце.
Фјодор Михајлович Достоевски

Ако е убеденоста за бесмртност толку потребна за човечкиот живот, тогаш тоа е нормална состојба на човештвото; а кога е така, тогаш бесмртноста на човечката душа несомнено и постои.
Фјодор Михајлович Достоевски

Кога кај човештвото би ја уништиле бесмртноста, во него веднаш би пресушила не само љубовта, туку и секоја жива сила да го продолжи животот на овој свет.
Фјодор Михајлович Достоевски

Човекот мора да знае дека смртта не се шегува со него.
Георг Вилхелм Фридрих Хегел

Намерата на моралот е да ве научи не да патите и да умрете, туку да уживате и да живеете.
Ајн Ранд

Животот не е избегнување на смртта.
Ајн Ранд

Патењето задава болка само затоа што се плашиш од неа. Таа те прогонува затоа што бегаш од неа. Не мораш да бегаш, не мораш да се плашиш. Мораш да сакаш. Значи, сакај го патењето. Не му се опирај, немој да бегаш од него. Вкуси колку е тоа во длабината слатко, предај му се и немој да го примаш со омраза. Твојата омраза е тоа што ти нанесува болка и ништо друго. Патењето не е патење, смртта не е смрт ако ти не ги направиш тоа.
Херман Хесе

Многумина луѓе не собираат доволно храброст да ги живеат своите соништа затоа што се плашат од смртта.
Лес Браун

Ќе живеам додека не умрам.
Френк Синатра

Немојте толку да се плашите од смртта, колку од несоодветен живот.
Бертолт Брехт

Клучот на бесмртноста е да се живее живот вреден за сеќавање.
Брус Ли

Смртта, прогонството и сите останати несреќи што ти изгледаат ужасни постојано нека ти бидат пред очи, а посебно смртта, и ти тогаш нема ништо да сакаш премногу огнено.
Епиктет

Животот ги изедначува сите луѓе; смртта ги открива истакнатите.
Џорџ Бернард Шо

Против болести наоѓаме заштита, но што се однесува на смртта ние луѓето живееме во град без ѕидини!
Епикур

Не сакам да постигнам бесмртност низ својата работа…Сакам да ја постигнам низ своето неумирање. Не сакам да живеам во срцата на луѓето што ме знаеле…сакам да живеам во својот стан!
Вуди Ален

Не ми е страв да умрам, само не сакам да бидам таму кога ќе се случи тоа.
Вуди Ален

Подобро е да се умре на нозе одошто да се живее на колена!
Емилијано Запата

Кога би знаеле до кога ќе живееме, би живееле и би работеле поинаку. Никој не сака да биде наивен и глупав и сите да му се смеат кога ќе умре.
Душко Радовиќ

Љубовта е посилна од смртта и од стравот пред смрт.
Иван Тургењев

Јас само се преправам дека сум мртов.
Ханс Кристијан Андерсен

Храбар војник никогаш не се плаши, иако смртта му е мниогу близу.
Ханс Кристијан Андерсен

Бидејќи поредокот во светот е регулиран со смрт, можеби ќе биде подобро за Бога да не веруваме во него и да се бориме со сите сили против смртта, не кревајќи го погледот кон небото кај што тој  молчи.
Албер Ками

Оддалеченоста помеѓу двете ништожности-раѓањето и смртта-човек брзо ја претрчува.
Албер Ками

Ништо не е да се умре. Страшно е да се живее.
Виктор Иго

Длабоко сум убеден дека мртвите живеат дотогаш, додека има живи што мислат на нив.
Виктор Иго

За човек кој ја исполнил својата цел, смртта е природна како сон.
Џорџ Сантајана

Оди напред, по смртта.
Меша Селимовиќ

Кога би бил бесмртен, би ја измислил смртта само за да се уверам во убавината на животот.
Жан Ришпен

Бесмртноста е во сеќавањето на другите и е дело кое го оставаме зад нас.
Хорхе Луис Борхес

Единствена погрешна работа кај бесмртноста е нејзината тенденција да трае вечно.
Херб Каен

На здраворазумен човек не му треба ниту Бог, ниту бесмртност.
Фридрих фон Шилер

Ако не постои бесмртност, неа сега или подоцна ќе ја пронајде величествениот човечки ум.
Антон Павлович Чехов

Ако човекот тежнее за бесмртност, ако чувствува волја за траење, тогаш ништожноста и смртта привлекуваат исто така; а тоа привлекување со текот на годините станува сè посилно.
Анджеј Вајда

Бесмртни се само мртвите ствари.
Тадеуш Котарбински

Венците на бесмртноста во наше време многу поскапеа.
Висарион Григориевич Бјелински

Една откриена вистина е бесмртна и на нејзиниот автор му дава право на бесмртност зашто како нова материја во природата не може да се уништи.
Вилијам Хазлит

Челниците доаѓаат и заминуваат, само луѓето се бесмртни.
Јосиф Сталин

Делете го Вашето знаење со другите. Тоа е начин на стекнување бесмртност.
Далај Лама

Играта е самоубиство без умирае.
Андре Малро

Не постои смрт. Постои само промена на световите.
Главатар на Сиетл, Суквамич (Индијанци)

Не се плашеше да умре, зашто љубовта е бесмртност.
Емили Дикинсон

По љубовта нема друго освен смрт.
Емил Зола

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here