Потребно време за читање: 10 минути

76. Критика

Не треба да се биде негативен спрема критиката или нејзин негатор. Можно во создавањето и создаденото да не го согледуваме-догледуваме недостатното, несоодветното, неприлежното, лошото.

Ама треба да се вардиме од недобронамерната, недоследната и злонамерната критика. Со еден збор, онаа што се препознава како искажана или напишана од инфериорност или од личен пораз.

Не е проблемот да се биде критичен, туку како да не се биде тенденциозен, малициозен, недостоен и неодговорен.

Македонски народни пословици и изреки

Кој го фрла валканото, секогаш паѓа на земја.

Немојте со секира да бркате мува од чело на пријател.

Лош орач се кара со волот.

Збориш лошо за чоек, а тој се сокрил во тебе и те слуша.

Писалката поеќе сечит од мечот.

Децата не ви чинат, а вие сте ги напраиле и сте ги израснале такви.

Пословици и изреки од народи во светот

Само со туѓи очи можат да се видат сопствените недостатоци. (Кинеска)

Не повикувај алигатор додека не ја прејдеш реката. (Белиски; Белиз-држава во Средна Америка)

Не осудувајте никого ако месец дена не сте прошетале во негови мокасини. (Индијанска)

Полесно е да се критикува одошто да се направи подобро. (Швајцарска)

Човечкиот јазик е поотровен од убод на пчела. (Виетнамска)

Кошара од ратан (бамбусова трска) ја критикува длабката, но двете се полни со дупки. (Филипинска)

Безвредни луѓе ја обвинуваат својата карма. (Бурманска)

Латински изреки 

De gustibus non est disputandum. (За вкусовите не вреди да се расправа.)

Домисла, гесло, мисла водилка

А зошто гледаш трн во окото на братот свој, а во окото свое не чувствуваш? Или, како можеш да му кажеш на братот свој: застани да ти го извадам трнот од окото твое, а ете дрво во окото твое? Лицемерие! Извади го најнапред дрвото од окото свое, па дури тогаш ќе гледаш да го извадиш трнот од окото на братот свој.
Библија

Пријател е оној што те предупредува на грешка, а не оној што грешката ти ја разубавува за да го стекне твоето задоволство!
Анонимус

Стапчиња и камења можат да ми искршат коски, но имиња никогаш не можат да ме повредат.
Анонимус

Кога осудуваме или критикуваме друго лице, тоа ништо не зборува за тоа лице, туку само нешто за нашата сопствена потреба да бидеме критични.
Анонимус

Никогаш нема да направите ништо зад вас што нема да се појави пред вас.
Анонимус

Критиката е неодобрување на луѓе. Не поради тоа што имаат грешки, туку поради грешки што се разликуваат од вашите.
Анонимус

Незрела личност критикува, а зрела делува.
Анонимус

Рекле, издумале

Немам право со ништо што правам или кажувам да понижувам човечко суштество во сопствените очи. Важно не е она што јас го мислам за него, туку она што тој го мисли за себе. Да се поткопа човечкото самопочитување е грев.
Антоан д Сент-Егзипери

Да се критикува, тоа значи да му се докаже на авторот дека не работи онака како што јас би работел-кога би го знаел тоа!
Карел Чапек

Има критичари кои не можат да живеат, а од висина да не гледаат на луѓето кои се над нив.
Тенеси Вилијамс

Грубо е од гледачот да гледа само грди работи.
Вилјем Хазлит

Критиката можеби не е угодна, но е нужна. Исполнува иста функција како и болката во човечкото тело. Го свртува вниманието на нездрава состојба на нештата.
Винстон Черчил

Не ѝ забележувам на критиката дури ни кога поради острината за некое време се разделува со стварноста.
Винстон Черчил

Просечните духови осудуваат сè што го надминува нивниот дофат.
Франсоа Ла Рошфуко

Да не сме имале грешки, не би требало толку да уживаме кога ќе ги забележиме оние на другите.
Франсоа Ла Рошфуко

Воздржете се од критикување дури и во добра намера, зашто да се повредат луѓе е лесно, а да се исправат невозможно.
Артур Шопенхауер

Дури и кога нема сомнеж, нека вашиот збор не дава впечаток на лично мислење.
Ли-Ки

Оној што надолж и нашир расправа за добри или лоши особини на други, губи драгоцено време кое му треба за да се изгради себеси.
Сри Рамакришна

Не грижете се што за вас велат критичарите. Никогаш не бил подигнат споменик во чест на некој критичар.
Јан Сибелиус

Критичарите се направени од отпадоци кои настануваат во производството на уметникот.
Оливер Вендел Холмс

Кој е против карикатурата, се прави себеси смешен.
Шарл Де Гол

Негувајте го култот на критичкиот дух.
Луј Пастер

Луѓето бараат критика, а очекуваат пофалба.
Сомерсет Могам

Инсектите касаат не поради злоба, туку затоа што сакаат да живеат. Исто е и со критичарите: тие ја сакаат нашата крв, а не нашата болка.
Фридрих Вилхелм Ниче

Во пофалбата има повеќе наметливост одошто во покудата.
Фридрих Вилхелм Ниче

Критиката е данок кој зависта го собира за заслуга.
Дик Д Луис

Право на критика има само оној што има срце и да помогне.
Абрахам Линколн

Немојте да ги критикувате, тие се токму она што би биле ние во слични околности.
Абрахам Линколн

Критичарот е кокошка која кокодака кога друга ќе снесе јајце.
Ежен Јонеско

Човек кој не може да издржи грешките и недостатоците да му се изнесат на површина и да му се обзнанат, но се обидува да ги сокрие, неспособен е да оди по автопатот на вистината.
Џејмс Ален

Тешко е да се пишуваат сатири, уште потешко да се потпишат.
Жарко Петан

Ако немате критичари, веројатно ќе имате успех.
Малколм Икс

Функција на образованието е лицето да научи да размислува интензивно и критички. Интелигенција плус карактер-тоа е целта на вистинското образование.
Мартин Лутер Кинг

Светот секогаш го критикува она што би требало да го фали, а го фали она што би требало да го критикува.
Мартин Лутер Кинг

Критичарот е човек без нозе кој подучува трчање.
Аноним од Равена

Критичарот е човек кому му успева впечатокот на убавото да го изрази во некоја друга форма или да се обликува со помош на некоја нова материја. Највисокиот и најнискиот облик на критика е некој вид автобиографија.
Оскар Фингал Вајлд

Несогласноста на критичарите докажува дека уметникот е во согласност со самиот себе.
Оскар Фингал Вајлд

Критичарот мора да ја едуцира јавноста, а уметникот мора да го едуцира критичарот.
Оскар Фингал Вајлд

Критиката не смее да биде задоволна и разурнувачка. Голи ножеви и корнење на корени. Критиката мора да насочува, подучува, инспирира.
Ралф Валдо Емерсон

Никогаш да не паднам во вулгарна грешка сонувајќи дека сум прогонет секогаш кога ќе ми се противречи.
Ралф Валдо Емерсон

Што било да направите, ви треба храброст. Без оглед за кој пат ќе се одлучите, секогаш има некој што ви вели дека не сте во право. Секогаш се појавуваат тешкотии кои ве искушуваат да верувате дека вашите критичари се во право.
Ралф Валдо Емерсон

Луѓето ќе ја платат цената за ставање на политичката опструкција во текот на времето кое е толку критично и итно.
Тим Кејн

Лошите критики ги возат добрите критики од оптек. Вие едноставно не можете да критикувате ништо.
Ален Делон

Малкумина се оние што имаат да ги поднесуваат сопствените мани кај други луѓе.
Барух Спиноза

Не ми пречи кога ме критикуваат луѓе на кои им се восхитувам. Какво било да е, го ценам нивното мислење.
Карл Лагерфелд

Не можете да напредувате ако живеете како пустиник и поради тоа морате да имате допир со светот и парадите на неговите несреќи и критичари. Па сепак, на никому од нив не треба да му допуштите да ја расипат вашата парада.
Ог Мандино

Никогаш никого не сум чул дека додека бил дете рекол дека сака да порасне и да стане критичар.
Ричар Прајор

Од сите критичари најголем, најгенијален и најнепогрешлив е-времето.
Висарион Бјелински

Секоја будала може да критикува, да осудува и да се жали-а повеќето будали тоа и го прават.
Бенџамин Франклин

Толку е лесно да се критикува светот. Толку е тешко да се пружи макар и мала помош.
Шри Чинмој

Во критиката ќе бидам храбар, а како непоколеблив апсолутно само со пријател и непријател. Од оваа намера ништо нема да ме одврати.
Едгар Алан По

За мене постои само еден начин да обезбедам да не го изгубам почитувањето на себеси: постојана критика.
Кристијан Моргенштерн

Човек убеден против својата волја и натаму има исто мислење.
Лоренс Џонстон Питер

Секоја будала може да критикува, да осудува и да се жали, но е потребен карактер и самоконтрола за да има разбирање и простување.
Дејл Карнеги

Задоволството што го чувствуваме критикувајќи ни одзема да нè допрат многу убави нешта.
Жан Д Ла Бриер

Критиката е нешто што можеме да го избегнеме не зборувајќи ништо, не работејќи ништо и не правејќи ништо.
Аристотел

Не можете да допуштите да ве фалат или критикуваат. Слабост е да се фатите во кое било од двете.
Џон Вуден

Критиката е индиректна форма на самофалба.
Емет Фокс

Кога прво ќе се истакнат добродетелствата, недостатоците се чинат помалку ненадминливи.
Џудит Мартин

Неволја кај повеќето од нас е во тоа што порадо би биле упропастени со пофалба одошто спасени со критика.
Норман Винсент Пил

Многу е повредно да се бара сила во други. Со критикување на нивната несовршеност не можете да добиете ништо.
Даисаку Икеда

Уметникот нема време да слуша критики. Оние што сакаат да бидат писатели читаат критики, оние што сакаат да пишуваат немаат време за читање критики.
Вилијам Фокнер

Ако се судиме себеси според своите стремежи, а сите останати според нивното однесување, наскоро ќе дојдеме до мошне лажен заклучок.
Келвин Кулиџ

Јас не сум пронашол човек, без оглед колку бил возвишен во својата средина, кој не работел подобро и вложил поголем напор во духот на одобрување одошто во духот на критика.
Чарлс Шваб

Критикувам со создавање, а не со пронаоѓање грешки.
Марко Тулиј Цицерон

Критиката како дожд би требало да биде доволно нежна да го негува човечкото растење без уништување на неговите корени.
Френк А. Кларк

Не го критикувај она што не го разбираш, синко. Никогаш не сте оделе во чевлите на тој човек.
Елвис Присли

Не постои одбрана од критика, освен нејаснотија.
Џозеф Адисон

Многу повеќе сакам најостра критика на поединец интелигентен човек од непромислено одобрување на толпа.
Јоханес Кеплер

Конечен доказ на големина лежи во можноста од поднесување на критика без огорченост.
Елберт Грин Хабард

Луѓето имаат тенденција најгласно да се критикува сопружник на подрачјето во кое тие сами имаат најдлабока емоционална потреба.
Гари Чепмен

Не критикувајте го она што не можете да го разберете.
Боб Дилан

Со кого го минуваш времето? Критичари или поттикнувачи? Опкружете се со оние кои веруваат во вас. Вашиот живот е премногу важен за што било помалку.
Стив Гудиер

Сторете го она што го чувствувате во своето срце за да бидете во право-зашто и онака ќе бидете критикувани. Ќе бидете проклети ако го сторите тоа, а проклети ако тоа не го сторите.
Елеанор Рузвелт

Големите умови расправаат за идеи; просечните умови расправаат за настани; малите умови расправаат за луѓе.
Елеанор Рузвелт

Не смееш да критикуваш други луѓе врз основа на тоа што сам не можеш да стоиш исправено.
Марк Твен

Ако немате волја да го промените, немате право да го критикувате.
Марк Твен

Тоа е извонредно забележено, велам јас кога прочитав одломка од еден автор во која неговото мислење се согласува со моето. Кја што се разликуваме, таму го прогласувам за погрешно.
Џонатан Свифт

Колку е полесно да се биде критичен одошто да се биде точен.
Бенџамин Дизраели

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Полесно е да се критикува одошто да се биде во право.
Бенџамин Дизраели

Да се праша работен писател што мисли за критичарите е исто како да се праша светилка какво е чувството спрема кучињата.
Кристофер Хамптон

Ласкај ми и можеби ќе ти поверувам. Критикувај ме и можеби нема да ми се допаднеш. Игнорирај ме и можеби нема да ти простам. Охрабри ме и нема да те заборавам. Сакај ме и можеби ќе бидам принуден да те сакам тебе.
Вилјем Артур Вард

На децата им требаат модели, а не критичари.
Жозеф Жубер

Искрената критика е тешко да се поднесе, посебно од роднини, пријатели, познајници или странци.
Франклин П. Џонс

Ако ви е многу болно да ги критикувате своите пријатели-на сигурно сте во тоа. Но, ако во тоа уживате и најмало уживање, време е да го задржите јазикот.
Алис Милер

Ништо не е целосно и поради тоа ништо не е исклучено од критика.
Џејмс Лутер Адамс

Прогонот е првиот закон на општеството зашто е секогаш полесно да се убие критиката одошто да ѝ се удоволи.
Хауард Мамфорд Џонс

Успешна личност е онаа која со тули што други ги фрлаат врз неа може да постави цврсти темели.
Дејвид Бринклеј

Не барај пофалба. Барај критика.
Пол Арден

Сендвич од малку критика меѓу два слоја пофалба.
Мери Кеј Аш

Нека не ве одврати критиката. Запомнете, единствен вкус на успех некои луѓе имаат кога ќе ве загризат.
Зиг Зиглар

Критиката би требало да биде лежерен разговор.
Вистан Хју Одн

Потребни ни се многу јаки уши за да слушнеме како искрено нè осудуваат. Бидејќи се малкумина оние што можат да издржат искрени критики, а тоа да не ги заболи, оние кои се осмелуваат да нè критикуваат нас извршуваат извонредно пријателство. За да се обврзите да раните или да навредите човек поради негово добро е да имате здрава љубов спрема него.
Мишел д Монтењ

Запомнете дека сè е мислење.
Марко Аврелиј

Никогаш не си толку добар како што ти велат сите кога ќе победиш и никогаш не си толку лош како што велат кога ќе изгубиш.
Лу Холц

Потсмевањето е оружје на слабите.
Џејмс Расел Лоуел

Кој било шегаџија може да урне стаја, но за нејзина изградба е потребен столар.
Сем Рејбурн

Кога мажи лошо зборуваат за тебе, живеј така што никој да не им верува.
Платон

Стравот од критика е смрт на гениј.
Вилјем Гилмор Симс

На повеќето луѓе им е испран мозокот верувајќи дека нивната работа е да го копираат светот, а не да го дизајнираат.
Сет Годин

Критичарот е човек кој го знае патот, но не знае да вози.
Кенет Тинан

Искрено верувам дека најдобра е онаа критика што е забавна и поетична, а не онаа што е студена и алгебарска; онаа што под изговор дека сака да објасни сè, нема ни омраза ни љубов. И доброволно се лишува од разновиден темперамент. Но, бидејќи една убава слика е всушност природа што ја осмислил уметникот, значи јас сум за критика која ќе биде иста слика осмислена од некој интелигентен и чувствителен дух. На тој начин, најдобар приказ на една слика би можел да биде еден сонет или една елегија.
Шарл Бодлер

Сетете се: кога луѓето ви велат дека нешто не е в ред или не работите тоа да го поправите, речиси се секогаш во право. Кога ви велат точно што мислат дека е погрешно и како тоа да се поправи, речиси секогаш грешат.
Нил Гејман

Кога зборуваме за туѓи зла, воопшто се осудуваме себеси.
Публилиј Сириј

Креативниот живот не може да се одржи со одобрување, туку може да се уништи со критика.
Вил Селф

Работата без поголеми тешкотии да се приговори против прорекување на друг човек-мошне е лесно Но, да се создаде подобро на свое место дело е крајно проблематично.
Плутарх

Поединецот не смее само да чека и да критикува, мора да ја брани работата најдобро што може. Судбината на светот ќе биде таква каква што светот ја заслужил.
Алберт Ајнштајн

На крајот, здодевноста е облик на критика.
Вендел Филипс

Секое човечко битие има право на љубезност и обзир. Конструктивната критика не е само за очекување, туку и за барање.
Маргарет Чејз Смит

Пречесто се оние што викаат најгласно за американизмот, оние што…игнорираат некои основни принципи на американизмот-правото на критика, правото на непопуларни убедувања, правото на протест, правото на независна мисла.
Маргарет Чејз Смит

Ако сме доволно храбри да укажеме на проблеми, мораме да бидеме доволно храбри да се обидеме да ги решиме.
Роберт Алан Силверстејн

Еден од критериумните на националното водство би требало да биде талентот за разбирање, охрабрување и конструктивно користење на силни критики.
Карл Саган

Не дозволувајте комплименти да ви се удрат од глава и не допуштајте критика да ви падне на срце.
Лиса ТерКеурст

Размислете пред да проговорите, е мото на критиката; говори пред да помислиш, креација.
Е.М. Форстер

Анализите на други се всушност изрази на наши сопствени потреби и вредности.
Маршал Розенберг

Ако вашето срце стекне сила, ќе можете да ги отстраните флеките од други, а на нив да не мислите зло.
Махатма Ганди

Моето мислење и принципите се предмет на праведна критика.
Викторија Вудхал

Она што ја разликува модерната уметност од уметноста на другите доба е критиката.
Октавио Паз

Ми се чини дека критичарите понекогаш им се обраќаат на нечии дела што ги пишувам.
Џојс Келор Оутс

Ценете го конструктивното; игнорирајте го деструктивното.
Џон Даглас

Тоа веќе го решив така шти ласкањето и критиката одат на исто место, а јас сум сосема слободен.
Џорџија О`Киф

Критичарот е човек без нозе кој учи да трча.
Ченинг Полок

Но наместо својот живот да го минуваме трчајќи кон своите соништа, често бегаме од страв од неуспех или страв од критика.
Ерик Врајт

Загриженоста поради критика ја затнува креативноста.
Дуан Алан Хаху

Не мислете на оние верни што ги фалат сите ваши зборови и дела; но оние што љубезно ги забележуваат твоите грешки.
Сократ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here