Потребно време за читање: 4 минути

70. Амбиција-Стремеж

Таа е полезна кога е мерлива, дури неопходна само доколку е можно остварлива. Секако и поттикнувачка и конструктивна. Во спротивно, доколку е бесцелна, всушност бескрајна, всушност болна, доколку ги надминува личните способности, можности и знаења, а особено кога е вперена против други луѓе, групи, заедници, секако го разболува човека; дури го унижува пред други.

Нејзината сушност ја истакнува повеќе негативната одошто позитивната конотација. Имено, стремежот за истакнување, за успех, признание или слава многу почесто се поврзува со нездравоста и деструктивноста, а особено со безобѕирноста.

Кога е амбицијата на преден план, нужно е таа да се промислува во корелација со суетата (дали е и колку здружена со неа), емоционалната (не)зрелост, а над сè со самољубивоста и чувството на помала вредност.

Македонски народни пословици и изреки

Ако не можит чоек да бидит личен и богат, да за умен и чесен можит.

И од пиле млеко се наоѓа кога чолек да барат.

Мрза туку нема у чоека, мила му е работата.

Од чоека ништо не откинуа.
Човек сè може.

Побарај да најдиш.

Пословици и изреки од народи во светот

Амбициозната жена е поснажна од мажот. (Кинеска)

Латински изреки

Побрзо, повисоко, похрабро. (Citius altius, fortius.)
Гесло на Олимписките игри

Домисла- Гесло-Мисла водилка

Работеше за тројца, а потоа немаше ни еден.
Литературнаја газета“

Ги има кои непрестано се качуваат по општествените скалила, а никогаш не се жалат на задишеност.
„Непсабадшаг“

Рекле некои

Ништо така не ја поттикнува амбицијата како трубата која огласува слава на друг.
Балтазар и Моралес Грацијан

Не биди во ништо просечен.
Балтазар и Моралес Грацијан

Можеш да убиеш генерал во една армија, но не можеш да ја убиеш амбицијата во обичен човек.
Конфучиј

Живееме во желба да се богатиме или да стекнеме некое повисоко звање, но малку напор вложуваме за стекнување повеќе знаење.
Максим Горки

Секој сака да е некој; никој не сака да расте.
Јохан Волфганг Гете

Ако амбицијата и вредноста чекорат покрај вас, ќе станете некој.
Џорџ Сантајана

Амбицијата не оди обично; таа или оди на четири нозе или на прсти.
Лорд Џорџ Сарил Халифакс

Амбицијата знае да лета како и да ползи.
Едмонд Бурк

Потруди се да бидеш јавач, а не коњ.
Роберт Ентони

Амбицијата многумина луѓе принудила да бидат неискрени.
Гај Крисп Салустиј

Робот има само еден господар; амбициозниот човек ги има онолку колку што можат да влијаат врз неговиот успех.
Ла Бриер

Како што пожарот полесно зафаќа сламени колиби отколку камени палати, така и амбицијата ги зафаќа ниските попрво од возвишените духови.
Николас Себастијан Шамфор

Амбицијата доволно ги мачи своите приврзаници држејќи ги постојано на увид на јавноста како улични споменици.
Др Томас Фулер

Гробиштата се полни со незаменливи луѓе.
Жорж Бенжамин Клемансо

И амбицијата е некој вид работа.
Калил Џибран

Човекот се пробива додека е млад. Подоцна забележува дека младите не се пробиваат.
Пајо Канижај

Болната амбиција раѓа отровни цветови.
Сергие Лукач

Сите сакаат кон престолот, како среќата да седи на престолот. Калта често седи на престолот, а често престолот е на кал.
Фридрих Вилхелм Ниче

Мојата амбиција е во десет реченици да го кажам она што го кажуваат други во цела книга.
Фридрих Вилхелм Ниче

Интелигенција без амбиција е како птица без крилја.
Салвадор Дали

Во шестата година сакав да станам готвач. Во седмата година Наполеон. Мојата амбиција така растеше од година во година сè досега.
Салвадор Дали

Амбицијата е последно уточиште на неуспехот.
Оскар Фингал Вајлд

Жените што се стремат да бидат еднакви со мажите имаат недостиг на амбиција.
Мерлин Монро

Некои луѓе ги следат своите соништа, а некои ги ловат и потоа со тепање ги натеруваат на послушност.
Нил Кендал

Пофалбите на други не служат за ништо, освен да нè направат амбициозни и суетни.
Дон Боско

Лифтот до успехот е расипан. Ќе морате да се искачите до него скала по скала.
Џо Жирард

Треба да се знае да се постават граници на сопствената амбиција. Лудост е да се сака она што не може да се има.
Пиндар

Оние што се качуваат по скалите на успехот никогап не жалат дека останале без здив.
Пол Елијар

Вие ги гледате нештата и прашувате „зошто“, а јас сонувам за работи кои не биле и прашувам „зошто не“:
Џорџ Бернард Шо

Вообразеноста е разурнувачка, а претераната амбиција може да има исти последици. Само тенка линија ги дели вообразеноста од самосвеста.
Џек Велш

Идејата е како кога ќе седнете на игла-би требало да ве натера нагло да станете и да сорите нешто.
Е.Л. Симпсон

Акциите треба да бидат примерени на способностите на луѓето кои треба да ги реализираат.
Питер Дракер

Целетѕе високо, ццелете кон нешто што ќе донесе промена, а не кон она што е сигурно и што е лесно да се направи.
Питер Дракер

Кој нема крилја, и со лакти се служи да полета.
Лоренс Питер

Да,  вистина е дека јас секогаш преземам повеќ отколку што можам да остварам.
Никола Тесла

Подобро е да се работи со луѓе кои нешто сакаат, одошто со оние кои станале она што го сакале.
Френсис Бекон

Големата амбиција е страст на голем карактер. Луѓето надарени со неа можат да работат многу добри или многу лоши работи. Сè зависи од принципите што ги насочуваат.
Наполеон I Бонапарта

Многу животни промашувања се луѓе кои не сфатиле колку биле близу кога се откажале.
Томас Едисон

Успех е да го добиеме она што го сакаме. Среќа е да се сака она што ќе го добиеме.
Дејл Карнеги

Успехот не е никаква чудесна, несфатлива божествена работа што можат да ја достигнат само некои од нас. Тоа е нешто што навистина постои, во сите нас. Мошне е едноставно: „Тоа го сакам, и сум подготвен да умрам за тоа“. Точка.
Вил Смит

Никој не остварил сè што сакал и замислил. И што е најлошо, колку се помали силите амбициите се поголеми.
Матија Беќковиќ

Амбицијата нèра да почнеме, а навиката нè тера да одиме натаму.
Џим Рајан

Големи резултати бараат големи амбиции.
Хераклит

Останете гладни. Останете блесави.
Стив Џобс

Никој не може да напредува кога се колеба меѓу две нешта.
Епиктет

Отсекогаш знаев дека сакам да станам некој, но очигледно требало да бидам малку поодреден.
Лили Томлин

Амбицијата е всушност алчност за моќ.
Чарлс Калеб Колтон

Приликата им е наклонета само на оние што ѝ се додворуваат.
Шарл Никол

Никогаш не велам дека ќе биде лесно, но секогаш велам дека се исплати.
Ме Вест

Без ентузијазам не можете да добиете ниедна важна битка.
Џон Лорд О`Брајан

Секој има еднакви можности да биде онолку голем колку што сака.
Џереми Колиер

Најв ажен човечки стремеж е стремежот за моралност во нашето дејствување. Нашата внатрешна рамнотежа, дури и нашата егзистенција зависи од тоа. Единствено моралноста во нашето дејствување може да му дадат убавина и достоинство на нашиот живот.
Алберт Ајнштајн

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here