Потребно време за читање: 4 минути

67. Искуство-Опитност-Вештина

Искуството и вештината се многу важни и драгоцени? Како за кого!

За никого не се ниту едното, ниту другото, доколку не се сака да се исползуваат, да се вградат во знаењето, работната и творечката енергија. Доколку се оставаат настрана од случувањата, од состојбите и процесите, доколку се отфрлаат на буништето на минатото како непотребни, излишни.

Кому му требаат нечие лично искуство и вештиона? Да не секому сечии?

Му требаат на оној што не сака постојано да почнува. Не затоа што секогаш почетокот е најтежок, туку оти со само почнување се негира самиот себе, самиот на себеси е потребен сега и овде. А вчера не, а утре нема.

Му требаат на оној што знае колку знае и секогаш му фалат искусено и вешти, обете за едно, за друго.

Му требаат секому сечие искуство и вештина на оној што ја знае тежината на животот со години непрегор и непремолк.

Македонски народни пословици и изреки

Не прашај старца, ами паталца.

Не учи старца да мака јајца.

Пилците си ведат пилиња и `и ранат без да се надеат оти на старос ќе `и гледаат.

Го најде мајсторот. (Удри на опитен човек.)

Пословици од народите на светот

Лесно е да се фаќа змија со туѓа рака. (Турска)

Кој краде минаре, знае каде ќе го сокрие. (Турска)

Едно корисно искуство повеќе вреди од сите правила на мудроста. (Арапска)

И на драгоцениот камен му е потребна рака на вешт мајстор. (Кинеска)

Зеленото дрво дава повеќе дим одошто оган. (Данска)

Латински изреки

Да му се става самар на вол. (Bovi imponere clitellas.)

Денот на денот му е поука. (Dies diem docet.)

Ја учиш рибата да плива. (Piscem natare doces.)

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА, 164

Од постар вол помладите се учат да ораат. (A bove maiori arare minor.)

Денот на денот му е поука. (Dies diem docet.)

Домисла- Гесло- Мисла водилка

Искуството е она што ни останува кога ќе ни исчезне сè.
Анонимус

На некому плутата му тоне, а на некому тони му плутаат.
Непшабадсаг

Само глупак седи со скрстени раце за време на работа. Паметниот повеќе сака да ги прекрсти нозете.
Литературнаја газета

Здравиот разум доаѓа од искуството, а искуството од недостиг на здрав разум.
Анонимус

Секој ден се богатиме со искуства и осиромашуваме со илузии.
Анонимус

Рекле, издумале

Искуството на смртниците е учител на сè.
Еврипид

Искуството не е она што му се случува на човекот; тоа е она што човекот ќе го направи кога нешто ќе му се случи.
Алдоус Хаксли

Кога човек живее долго, сознава дека глупаците можат да бидат во право, а паметните можат да прават глупости.
Винстон Черчил

Јас денес добро знам дека ситничарењето и великодушноста, злобата и милосрдието, омразата и љубовта можат да опстојат едно покрај друго во исто човечко срце.
Сомерсет Могам

Искуството е само половина искуство.
Јохан Волфганг Гете

Никој не знае до каде допираат неговите моќи, сè додека не ги искуси.
Јохан Волфганг Гете

Искуството е збир на наши разочарувања.
Емил Ожиер

Ако не знаеш како треба да живееш, отстапи им го местото на искусните.
Хорациј

Искуството поучува.
Вергилиј

Искуството е најдобар учител.
Цицерон

Искуството нема етички ведности; тоа е само име со кое луѓето ги нарекле своите грешки.
Оскар Финланд Вајлд

На човештвото повеќе не му се доволни стекнатите искуства; тоа мора да прибави нови, а тоа ќе го чини скапо.
Бертранд Расел

Искуството е немилосрден учител: прво ни дава „пацки“, па дури потоа учи како треба да постапиме.
Бертранд Расел

Продуховен човек е оној што ги искусил сите земни работи и стои наспроти нив.
Калил Џибран

Некои луѓе се како сунѓери: од нив не можете да исцедите ништо, освен она што тие го исцедиле од вас.
Калил Џибран

Ни зборуваат да извлечеме поука од туѓо искуство. Тоа е исто како кога би сакале да бидеме сити од ручек што го изел некој друг.
Наполеон I Бонапарта

Секоја доба на животот нè затекнува како деца и ние се покажуваме неискусни и покрај бројот на годините.
Франсоа Ла Рошфуко

За добро да се поставите во светот, треба да се држите како да сте поставени.
Франсоа Ла Рошфуко

Суверената вештина се состои во добро познавање на цената на стварите.
Франсоа Ла Рошфуко

Голема вештина е да се знае да се сокрие својата вештина.
Франсоа Ла Рошфуко

Повеќе сторила вептината отколку силата, и почесто умни надвладеале силни отколку обратно.
Балтазар и Морале Грацијан

Кажи ми и јас ќе заборавам. Подучи ме и јас ќе се сетам. Вклучи ме  во работа и јас ќе научам.
Бенџамин Франклин

Кој е навикнат на апсурдност, тој може да се најде во секое време.
Ежен Јонеско

Кој нема подобри докази за себе, докажува дека другите се полоши од него.
Душан Радовиќ

Во лизгањето на мраз нашата сигурност е во нашата брзина.
Ралф Валдо Емерсон

Не може сите врати да се отворат со клуч-некои мораат и со глава.
Влада Булатовиќ-ВИБ

Кај некои дрскоста ја заменува величината, нечовечноста цврстината, а препреденоста паметта.
Ла Бриер

Најголема вештина е кога ловец ќе улови ловец.
Роберт Мајнард Пирсиг

Искуството е дете на мислата, а мислата дете на акцијата. Не можеме луѓето да ги учиме од книги.
Бенџамин Дизраели

Искуството е најдобро школо, само школарината е многу скапа.
Сократ

Три патишта водат до мудроста: размислување-тоа е најблагородно; одгледување-тоа е најлесно; искуство-тоа е најнезгодно.
Конфучиј

Образувајте се колку сакате, но нема да имате корист од натрупано знаење додека во дело не го спроведете.
Мухамед

Практиката секогаш мора да биде градена на добра теорија.
Леонардо да Винчи

Мудроста е ќерка на искуството.
Леонардо да Винчи

Да се биде победен е болно, но корисно искуство без кое никогаш не се станува возрасен ни одговорен.
Ј. Р. Толкин

Кога од сопствено искуство ќе сознаете што значи ужас, вооружени сте против сè во животот.
Агата Кристи

Во љубовта искуството не значи ништо. Всушност, кога ќе собереме толку искуство за да можеме да бидеме совршени љубовници, тогаш сме веќе премногу стари за да можеме со него да се користиме.
Алфред Хичкок

Човековата надеж е посилна од искуството, па не може да ја поколеба туѓ неуспех.
Меша Селимовиќ

Видовме од искуство дека омразата спрема народите за Евреите е начело на одржување.
Барух Спиноза

Во време на брзи промени искуството може да биде ваш најголем непријател.
Џон Пол Гети

Сè што научив во животот научив или работејќи го тоа или посматрајќи ги промените кај други луѓе кои минуваат низ тоа.
Кес Елиот

Го тестирав животот и научив што успева во мојот случај.
Џо Намат

Постојат некои нешта кои можете да ги научите само низ искуство.
Џо Намат

Искуство-најбрутален од сите учители.
Клајв Стејплс Луис

Животот може да се разбере само наназад, но мора да се живее нанапред.
Серен Кјеркегор

Утре се надева дека сме научиле нешто од вчера.
Џон Вејн

Збор што е изречен врз основа на искуство задолжително прифаќај го, дури и ако оној што го изрекол не е писмен човек.
Исак Сирин

Единствена вистинска сигурност во денешниот свет на човек може да му пружат знаењето, искуството и способноста.
Хенри Форд

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here