Потребно време за читање: 2 минути

6. Грев

Голем грев му чинат на народецот оние на кои им се дало за себеси да прават сè , а за него ништо. Или само нешто што ни со грам не се мери. Ај што за него не прават ништо, ами и од него за него направеното го расипуваат, го дорасипуваат да не може никогаш да се поправи.

Та народецот си живее со надевање дека кога-тогаш гревот ќе го наплати по своему, како што си знае и умее, па ќе стави на чело такви што ќе прават за себеси, ама многу повеќе за него.

Во секого многу гревови за простување, ако има кој да ги прости до проштевањето од Бога. Најмалку за простување, најчесто за непростување гревови спрема други.

Непростени гревови како планини со немерливи тежини.

Македонски народни пословици

Бега од арното, та отива на грево.

Болнио во болеста најмногу за грео се сеќаа.

Дај милостина, за гресите да ти се проста.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Дај милостина лебец и чаша студена вода, за поеќе греси да ти се простат.

Да му бере грео, да му јаде мео.

Да не даваш милостина вино и ракија, оти грео не ти се проштаа.

Исповедан грев не ет грев.

Ни од бога го грев, ни од чоека го страм.

Тој што кради-еден грев, а тој што губи-два.

Чоек знаит оти ако згреши, грев ќе му се пишит.

Пословици од народите на светот

Гревот бара затворени очи. (Полска)

Гревот сака темнина. (Чешка)

Гревовите доаѓаат смешкајќи се, а заминуваат плачејќи. (Германска)

Стари гревови, нова срамота. (Германска и данска)

Крај на гревот, почеток на каењето. (Германска)

После гревот следи злото, како што по кромидот следат солзи. (Германска)

За јавен грев, јавно каење. (Германска)

Каде што гревот е гостин, заедно со него и казната седнува на маса. (Германска)

Кога би ги имале само оние гревови што ги признаваме, речиси сите би биле светци. (Руска)

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Повеќе вреди грешник подготвен на покајание отколку десет светци кои никогаш не дошле во искушение. (Руска)

Латински изреки

Бездната предизвикува бездна, т.е еден грев предизвикува друг (Abyssus abyssum invocat.)

Го вдвојува гревот оној што од грев не се срами. (Geminat peccatum, quem delicti non pudet.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Цени го човекот кој ти говори за твоите грешки како да ти открил богатство. Цени го мудрецот кој ти укажува на животните опасности.
Дхаммапада

Не мисли на грешките на други, на она што го сториле или не. Подобро мисли за сопствените грешки, за работи кои ти си ги сторил или не.
Дхаммапада

Ви велам дека така ќе биде поголема радоста на небото за еден грешник кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници на кои не им треба покајување.
Библија

Рекле, издумале

Ако погрешен човек користи вистински средства, вистинските средства ќе функционираарт погрешно.
Анонимус

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here