Потребно време за читање: 4 минути

50. Ука-Учење-Наука-Знаење

Македонски народни пословици

Без мака нема наука.

Како што се арџат пари за вино и ракија, така да се арџеа и за наука, не ќе тргаа сиромасите мака.

На наука имат и одука.

Ум со пари не се купуат, ами со мака по наука.

Пословици од народите на светот

Науката, богатството и позицијата во рацете на човекот се како меч во рацете на друмскиот разбојник. (Германска)

Кога науката ќе заспие-се разбудува темнината. (Руска)

На науката и љубовта им се потребни страсти. (Руска)

Науката му дава крилја на умот. (Руска)

Наука што не донесува корист личи на лек што не го лечи болниот. (Арапска)

Учење во старост, тоа е пишување по песок; учење во младост, тоа е делкање камен. (Арапска)

Прави го она што ти го кажува учителот, а она што тој го прави. (Турска)

Кај што нема леб, нема образование, а ако нема образование, нема ни леб. (Еврејска)

Домисла, гесло, мисла водилка

Не треба да се зафатиш со помагање во управувањето со луѓе, пред сам да се оствариш во вистината и знаењето. Инаку, тоа би било како еден слепец да води други слепци.
Бхагавад дита

Учителот не треба да прими каква било награда од секој ученик ако докрај не го подучил.
Упанишади

Ако си учител на деца, или можеби татко, биди им учител со своето однесување и животот.
Фацетус, збирка сентенции

Латински изреки

Не за училиште, туку за живот учиме. (Non scholae, sed vitae discimus.)
Она што штети (наштетува), често учи (поучува). (Quae nocent, saepe docent.)

Рекле, издумале

Науката е позитивно незнаење.
Карло Доси

Науката ни ветува вистина…Таа никогаш не ветила ниту мир, ниту среќа.
Гистав Ле Бон

Светот на науката не знае за граници.
У Ну

Нема патриотска уметност, ниту патриотска наука.
Јохан Волфганг Гете

Би морале секој ден да прочитаме неколку добри стиха, да видиме една убава слика, да слушнеме една умилна песна или со пријател да размениме некој срдечен збор за да го образоваме поубавиот дел од нашето битие.
Јохан Волфганг Гете

Земете ја природата за учител, чувството за водич и големи учители за советници.
Родолг Тоффер

Колку ученикот го смета за поголем својот учител, самиот ќе стане поголем.
Сатјананда Сарасвати

За да бидеш добар учител, мораш и самиот постојано да учиш.
Џорџ Чепмен

Нуката го учи човекот на љубов и почитување на вистината, на чувство на потреба и должност за работа, но не како казна, туку како највисока задача на нашата активност.
Марселин Бертелот

Иако се чини парадоксално, со секоја егзактна наука доминира идејата на апроксимативноста.
Бертранд Расел

Голема трагедија на науката: грдиот факт ја убива прекрасната хипотеза.
Алдоус Хаксли

Науката врши самоубиство кога ќе присвои една религија.
Алдоус Хаксли

Образованието треба да почне од самиот себе.
Лудвиг Фоербах

Очите и ушите се лоши сведоци ако духот не ти е образован.
Хераклит

Секој човек треба да се образува до својот последен ден.
Масимо д`Аѕелјо

Науката е организирано знаење.
Херберт Спенсер

Единствен учител достоен за тоа име е оној што го побудува духот на слободното мислење и кој развива чувство на лична одговорност.
Јан Амос Коменски

Ситни се оние луѓе кои работата на учителот ја сметаат за ситна.
Доситеј

Оној што ја сака науката, никогаш не е заситен.
Френсис Бекон

Лукавите луѓе ја презираат науката, припростите ѝ се восхитуваат, а мудрите со неа се користат.
Френсис Бекон

Проблем што е решен изгледа многу едноставен.
Анри Бејл Стендал

Да се работи и да не се води грижа ако друг добие признанија-тоа е чиста наука. Во науката мораме да се занимаваме со ствари, а не со личности.
Марија Склодовска Кири

Вистинскиот научник не подлегнува на аргументи на авторитет.
Феликс Л Дантек

Ние не треба да сме горчливи поради достигнувањата на науката, туку треба и да ја сакаме како една од најголемите врски што ги обединува луѓето.
Феликс Л Дантек

Науката без религија е саката; религијата без наука е слепа.
Алберт Ајнштајн

Доколку се шири полето на науката, дотолку стануваат сè помногубројни доказите за постоење на семожна творечка Премудрост.
Вилјам Хершел

Задача на учителот е во својот ученик да го разбуди учителот.
Жозеф Мари Девондел

Само незнајковците се непријатели на науката.
Луј Арагон

Ние вредиме повеќе и помалку според тоа колку длабоко сме влегле во науката.
Емил Зола

Во науката нема широк друм: до нејзините сјајни градини стасува само оној што, не стравувајќи од умор, се искачува по нејзините карстни патеки.
Карл Маркс

Науката е ствар на големите. Малите добиваат поуки.
Станислав Јержи Лец

Добро поставен проблем е наполу решен.
Пол Херни де Круиф

Тајната моќ на големите научници се наоѓа во слободата од предубедување.
Екатерина Шаховскаја

Во геометријата нема секти.
Франсоа Волтер

Теоријата, како и глувците, минува низ сите дупки, но запира во десетата.
Франсоа Волтер

Науката е проклета надмоќ кога се користи за подли дела. Наука без разум е двојна лудост.
Балтазар Грацијан

Случајот во науката му вреди само на оној што со него умее да се користи.
Иван Ѓаја

Вистинскиот учител ги штити своите ученици од своето лично влијание.
Амис Бронсон Алкот

Многу научив од моите учители, повеќе од моите колеги, а најмногу од моите ученици.
Мајмонидс

Науката се прекинува таму кај што се прекинува нужната поврзаност.
Фридрих Енгелс

Науката, правилно сфатена, го лечи човекот од неговата ароганција. Имено, таа му ги покажува неговите граници.
Д-р Алберт Швајцер

Сите други науки се попотребни од филозофијата, но ниедна не е подобра од неа.
Аристотел

Нема наука кај што нема законитости на појавите.
Георги Плеханов

Најдобро образование не е она што ни го пружа самата информација, туку она што нашиот живот го усогласува со сеопштото постоење.
Рабиндранат Тагоре

Образованието е капитал кој е исто така корисно да се стекне, како и материјалните добра.
Иполит Тен

Има смисла да се образуваат само паметните; образованите без памет се голема заблуда и опасност.
Душан Радовиќ

Мораш да бидеш научник џентлмен, а не научник ситничар.
Конфучиј

Ученикот кој има намера да оди по вистината, а се срами од својата сиромашна облека и бедната храна, не заслужува со него да се зборува.
Конфучиј

Ученик кој ја сака животната удобност не заслужува да се нарече учен.
Конфучиј

Вистина, јас ви советувам: оддалечете се од мене и бранете се од Заратустра! И уште подобро: срамете се од него. Можеби ве измамил. Човек кој бара знаење, не треба само да умее да ги сака своите непријатели, туку и да ги мрази своите пријатели. Човек малку го запознава својот учител ако му остане ученик засекогаш. И зошто не сакате да го раскинете мојот венец? Вие ме обожувате; но што ќе биде ако вашето обожување еден ден се урне? Чувајте се да не загинете од една статуа. Вие себеси сè уште не сте се барале: тогаш сте ме нашле. Така прават сите кои веруваат; и затоа верата значи толку малку. Сега ви заповедам да ме изгубите и да се најдете себеси; и дури тогаш кога ќе се одрекнете од мене, јас ќе ви се вратам.
Фридрих Ниче

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here