Потребно време за читање: 6 минути

4. Животот

Македонски народни пословици

Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам.

За едно зрно пченица врапчето се ваќа во склупцата и си придаа животта.

Пусти пчошки живот што живеит.

Поарно чесна смрт отколку нечесен живот.

Мала вечеричка, долга живеачка.

Животот е сладок ако е и горчлив.

Пословици од народите на светот

Живеј да учиш, учи да живееш. (Данска)

Треба да се живее така да можеме да живееме и утре. (Германска)

Знај да живееш, но знај и да умреш. (Руска)

Плод на човековиот живот е неговото име. (Арапска)

Три работи го продолжуваат животот: пространа куќа, брз коњ и послушна жена. (Арапска)

Доволно знае оној што знае да живее и да молчи. (Француска)

Половина живот ни минува додека сфатиме што е животот. (Француска)

Тешко е да се бориш против оној кому му е тежок животот. (Холандска)

Брз живот, краток живот. (Германска)

Лесно е да се живее, но тешко е добро да се живее. (Полска)

До смртта сè е живот. (Шпанска)

Многу знае оној што знае да живее. (Италијанска)

Сите живееме сто животи, но само еден е вреден. (Кинеска)

Животот е само еден мост: не гради куќа на него. (Кинеска)

За да живееш долго чувај ја главата ладна, а нозете топлии. (Јапонска)

Ако сакаш својот живот да го земеш в раце, мораш истовремено да градиш и брод и пристасниште. (Еврејска)

Рекле, издумале

Животот ги изедначува сите луѓе; смртта ги открива истакнатите.
Џорџ Бернард Шо

Не можете да научите да се лизгате, а понекогаш да не паднете: животниот мраз е лизгав.
Џорџ Бернард Шо

Она што минало веќе не постои; она што ќе биде сè уште не дошло. Па тогаш што постои? Сам онаа точка во која се состануваат минатото и иднината. Ете, во таа точка е сиот наш живот.
Лев Николаевич Толстој

Животот треба да се исполни со согорување, а не со гниење.
Лев Николаевич Толстој

Сета разновидност, сета драж и сите убавини во овој живот се состојат баш од светлина и сенки.
Лев Николаевич Толстој

За полесно да се живее со секој човек, мисли за она што те соединува со него, а не што те разделува.
Лев Николаевич Толстој

Животот е краток, а стекнувањето знаења долго, искуството, искуството измамничко, а поволната прилика моментна.
Хипократ

Животот ги учи само оние што го проучуваат.
Василиј Осипович Кључевски

Неиспитаниот живот не е вреден за живеење.
Сократ

Добриот живот треба да има три фази: стремеж, учење и стекнување.
Боб Морлеј

Животот е прекраток за да се сознае всушност за што станува збор.
Бертранд Расел

Стварниот живот за повеќето луѓе е вечен компромис помеѓу идеалното и можното.
Бертранд Расел

Сите прави животи се убави и тешки.
Иво Андриќ

Животот ни го враќа само она што ние на други им го даваме.
Иво Андриќ

Бескорисен живот е исто што и рана смрт.
Јохан Волфганг Гете

Само невољите на животот нè учат да го цениме добриот живот.
Јохан Волфганг Гете

За животот не е неопходно човек да биде особено храбар; низ светот може да се мине и со помош на истоштина и ползење.
Јохан Волфганг Гете

Човвечкиот живот е како железо: ако го користиш ќе се излиже, ако не го користиш `рѓа ќе го изеде.
Гелиј Михајлович Коржев

За одважните животот е докажување на неговата сила во борба.
Џозуе Кардучи

Животот на луѓето не им дал ништо големо без труд.
Хорациј

Всушност, уметноста на живеењето е непрестано прилагодување на условите и околината.
Анонимус

Животот е она што ти се случува кога имаш сосема други планови.
Анонимус

Најдолго живеат оние што не се предаваат.
Анонимус

Животот е дар на природата; убавиот живот е дар на мудроста.
Анонимус

Да се живее-значи да се надева, да се сака, да се одушевува, да се прават добра. Најдолго живеел оној што со својот дух, срцето и постапките тоа го потврдувал.
Анонимус

Тргнете без страв по животната надолнина ако таа ве води по нагорнина.
Андре Жид

Животот ни вреди онолку колку што ни требало напор.
Пол Моријак

Животот е промашување ако не сме го проживеале онака како што сме сакале.
Михај Еминеску

Да се живее, значи да се биде постојано во опасност.
Фридрих Ниче

Животот е врело на радост, но кај што пие и џган тука се сите кладенци отруени.
Фридрих Ниче

Животот е спортски натпревар кој треба да се игра фер.
Џером Дејвид Селинџер

Овој живот не го сфаќај сериозно, ако сакаш од него да се извлечеш жив.
Антон Павлович Чехов

Животот е патување во неизвесност.
Вилјем Шекспир

Да се биде роден, значи да се биде осуден на смрт со неодредено одложен рок.
Виктор Иго

Сиот човечки живот не е ништо друго, освен пат во смрт.
Сенека

Не треба да се грижиме да живееме долго, туку доволно.
Сенека

Уживај го животот и замислувај дека секој ден е еден посебен живот.
Сенека

Луѓето се жалат дека животот е краток, а некои максимално се залагаат да го направат таков.
Жан-Жак Русо

Треба да се живее така што секој проживеан ден да изгледа нов.
Сергеј Тимохеевич Коњенков

Како што добро искористениот ден дарува удобен сон, така и добро проживеан живот дарува убава смрт.
Леонардо да Винчи

За жалење е оној што стгоел пред престолот на животот и заминал од него со празно срце и раце.
Калил Џибран

Без оглед колку бил јак некој филозофски систем или нашата вера во него, голиот живот сепак ќе биде појак и ќе победи.
Тин Ујевиќ

А што се однесува на тебе, Животе, сметам дека си остаток од многу смрти.
Волт Витмен

О Боже, дај да живеам подолго отколку што можам!
Микеланџело

Ако твоето денес е исто како и твоето вчера, во твојата природа нема ни една искра живот.
Мохамед Икбал

Убавината на проживеаниот живот е права мера, а не должината на неговото траење.
Плутарх

Животот се мери според делата, а не според деновите.
Пјетро Метастазио

Попрво почнуваш да умираш одошто да сознаеш што е животот.
Франсиско де Кеведо

Живееме на овој свет додека го сакаме.
Рабиндранат Тагоре

Човековиот живот не е само негов; кој сака да го обликува, мора да има помош од околината или нема да успее.
Рабиндранат Тагоре

Животот е краток, но сепак сладок.
Еврипид

Животот-тоа е уметност во сè да се најде убавина и радост.
Максим Горки

Она што најмногу ни недостасува во животот, тоа е некој кој би нè принудувал да го правиме она што го можеме.
Ралф Валдо Емерсон

Не е важна должината, туку длабочината на животот.
Ралф Валдо Емерсон

Трагедијата на животот не е во тоа што луѓето ќе го пропатат, колку што е во тоа што го промашуиваат.
Томас Карлајл

Животот е бескрајна низа од експерименти.
Махатма Ганди

Нема спас од раѓањето и смртта; внимавај да го сочуваш меѓувремето.
Џорџ Сантајана

Животот не треба да биде роман кој ни се случил, туку роман што сами сме го создале.
Новалис

Да се биде она што сме и да се стане за што сме способни да станеме, цел е на животот.
Роберт Луис Стивенсон

Нашиот живот се движи помеѓу она што го сакаме и она што го мораме.
Јозеф Чапек

Не примај ништо трагично, зашто животот им става премногу тешки товари на оние кои го сфаќаат сериозно.
Хафиз

Ништо не го скратува животот како залудните чекори, празните зборови, некорисните мисли…
Пол Седир

Не е паметно да се зборува: ќе живеам-зашто утре ќе биде веќе доцна; туку: живеам денес!
Квинт Гаргилиј Марцијалис

Ако е животот беден, тешко е да се поднесува; ако е среќен, тешко е да се изгуби.
Жан де Ла Бриер

Животот е трагедија за човек кој чувствува, а комедија за човек кој мисли.
Жан де Ла Бриер

Половина живот ни е даден за да уживаме, а половина да се каеме.
Шираз Саади

Првите четириесет години животот ни дава текст; останатите триесет го дополнува со коментари.
Артур Шопенхауер

Секој човек игра улога во голема трагикомедија на светот.
Жан Батист Поклен Молиер

Славата, виното, љубовта и златото, тоа е сè за што мечтаат луѓето и народите. Кога животот би го немал тој сок колку суво и јадно би било неговото дрво!
Џорџ Гордон Бајрон

Иако човечкиот живот претставува непроценлива вредност, ние секогаш постапуваме како да е нешто друго повредно од него.
Сент-Егзипери

Животот е премногу краток за човек да може на свој грб да ги земе и туѓите гревови.
Оскар Вајлд

Вредноста и убавината на живеењето се состои во постигнување на согласност на својата природа со избраниот животен позив.
Сомерсет Могам

Животот се состои од непрестано прилагодување на надворешниот и внатрешниот свет и само тогаш е успешен, кога ова прилагодување е совршено ускладено.
Херберт Спенсер

Латински изреки

Добро проживеал оној што добро се прикрил. (Bene vixit qui bene latuit.)

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Не живеам за да јадам, туку јадам за да живеам. (Non ut eadem vivo, sed ut vivam edo.)

Прво да се живее, потоа да се филозофира. (Primum vivere, deinde philosophari.)

Ако бидеш во Рим, живеј на римски начин, ако бидеш на друго место, живеј како таму. (Si fueris Romae, Romano vivito more, si fueris alibi, vivito sicut ibi.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Нестабилностите се постојана храна на животот кој се одвива помеѓу непостојанио правила.
Градина на лотоси

Животот им изгледа лесен на луѓето кои се бесрамно дрски и се грижат само за себе, за луѓето кои навредуваат и кои се горделиви, на луѓето кои се гнили од расипаност.
Дхаммапада

Дали човек живеел или не, ќе се утврди дури по неговата смрт.
Литературнаја газета

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here