Потребно време за читање: 6 минути

86. Разум-Разумност-Разбраност

Со разум секогаш, свој или од други. Без него никогаш. Со разум секаде, свој или од други, без него никаде. Па и во љубовта-откако ќе се случи. А таа, пак, никогаш не се раѓа од неразумност, туку од убавина, чувство, страст и инстинкт.

Разумот владее кога вреди да се живее, кај што вреди животот.

Разумно да живееш, тоа најпрвин значи да го живееш животот во сета негова полнота, а потоа да ги разбираш состојбите за да ги прифаќаш, за да им се прилагодуваш или за да ги менуваш.

Разум меѓу разбрани луѓе, со разбирачка за заедничка живеачка.

Македонски народни пословици и изреки

Има у мнозина ум, ама у малцина разум.

Со ум и разум пари не добиваш, а со права вера во рај влегуаш.

Ум има, ама разум нема.
Прос.

Попеј ми една лепа песна/колку да е песна гласовита/и две толку да е разборита.
Народна поезија

Господ да го разуми и да го прости од гревот.

Разумот му попушта.

Пословици и изреки на народи во светот

Блазе си му на оној кому разумот во срце му почива. (Српска)

Жална убавина која разум нема. (Чешка)

Ако се обидете разумно да размислувате за љубовта, ќе изгубите разум. (Француска)

Кој има среќа не му е потребен разум, кој има разум не му е потребна среќа. (Германска)

Ретко успева љубов со која разумот управува! (Германска)

Виното ги отвора сите прозорци во главата за разумот да не може да одлета. (Германска)

Не може да се сака и да се биде разумен. (Шпанска)

Латински изрази

Кој разборито разговареа, постигнува сакано.

Добро учи оној кој добро разликува.

Домисла, гесло, мисла водилка

Мудроста е главно; прибави мудрост и за сиот имот свој прибави разум. Подигни ја и таа ќе те возвиши, ќе те прослави кога ќе ја прегрнеш.
Библија

Рекле, издумале

Оние што се служат со ум, владеат со оние што се служат само со раце.
Конфучиј

Кога на земјата сè би било разумно, ништо не би се случувало.
Фјодор Михајлович Достоевски

Разумот и постои за човек да го постигне она што го сака.
Фјодор Михајлович Достоевски

За да се постапи разумно-малку е да се има само разум.
Фјодор Михајлович Достоевски

Никој не знае колку е старо човештвото, но на сите им е јасно дека е доволно старо за да може да покаже повеќе разум отколку што го прави тоа.
Бертранд Расел

Пред силата разумот молчи.
Жорж Фејдо

Не е доволно да се има здрав разум-тој треба и да се примени.
Рене Декарт

Разумноста е божји дар, но тоа се и страстите; разумноста исто така греши како и страстите.
Кардинал Џон Хенри Њумен

Кој својот разум не го избрал за водич, тој со своите дела ќе си го парчоса срцето.
Фирдуси

Здравиот разум е само грст предрасуди што сме ги усвоиле до осумнаесеттата.
Алберт Ајнштан

Ако човекот дваесет и четири часа порано од сите други е во право, тогаш дваесет и четири часа го сметаат за човек кој нема здрав разум.
Антоан де Риварол

Разумот се состои од вистина која треба да се каже и вистина која треба да се премолчи.
Антоан де Риварол

Кога љубовта сака да зборува, разумот мора да молчи.
Барух Спиноза

Кој живее според водството на разумот, му посакува исто така на друг добро кое за себе го жедува.
Барух Спиноза

Јас верувам во разум.
Бертолд Брехт

Срцето има свои причини кои разумот не ги познава.
Блез Паскал

Ниедно разумно суштество не било предмет на култ, не станало славно, не оставило свој печат на ниеден настан.
Емил Сиоран

Разумот е прва жртва на силни чувства.
Франк Херберт

Секој поседува токму онолку суетност колку што му недостасува разум.
Фридрих Вилхелм Ниче

Блазе тебе ако разумот секогаш во срцето ти престојува.
Фридрих Шилер

Многумина не го губат разумот само затоа што и го немаат.
Балтазар Моралес и Грацијан

Не може да се живее без разум, било сопствен или позајмен.
Балтазар Грацијан и Моралес

На разборитиот човек она што го знае и што вреди нека му се испита до дно, ако сака сите да го почитуваат.
Балтазар Грацијан и Моралес

Секој има толку среќа и несреќа, колку што има разборитост и неразборитост.
Балтазар Грацијан и Моралес

Имај храброст да се служиш со сопствениот разум.
Имануел Кант

Просветителството не барало ништо друго, туку слобода на човекот, и тоа онаа нерасипаната слобода, пред сè што било слободата да значи во тој контекст; имено, онаа слобода која со својот здрав разум може да ја употреби во сите делови на јавниот живот.
Имануел Кант

Човек без разум е исто така без волја. Кој нема разум дозволува да биде заведен, заслепен и од други да се употреби како средство. Слободен е и незавиен само оној што мисли.
Лудвиг Андреас Фоербах

Зло е кога силата живее без разум, но не е добро ни кога разумот живее без сила.
Максим Горки

Има луѓе чиј разум свети и луѓе чиј разум блеска. Првите ја осветлуваат својата околина, другите ја замрачуваат.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Ништо не може да ја излечи душата освен разумот, како што ништо не може да го излечи разумот освен душата.
Оскар Фингал Вајлд

Каде што верата е господар, таму разумот е слуга чија должност е да молчи.
Шандор Петефи

Човечкиот закон има дотолку својство на закон, доколку е во согласност со здравиот разум. Напротив, кога еден закон е спротивен на здравиот разум се нарекува неправеден закон; во таков случај, престанува да биде закон и повеќе станува чин на насилство.
Тома Аквински

Најголемата слабост на разумот се состои во недоверливоста спрема силата на разумот.
Висарион Бјелински

Што е човекот ако му се препушти само на студениот пресметан разум? Злосторник, тежок злосторник.
Уго Фосколо

Ние се жениме според инстинктот, а се разведуваме според разумот.
Луциј Анеј Сенека

Бистрата река на разумот не ја губи својата насока во сувиот песок на навиките.
Рабиндранат Тагоре

Разумот не ме научи на ништо; сè што знам ми го дало, ми го открило срцето.
Лав Николаевич Толстој

Кога е виното внатре, разумот е надвор.
Френсис Бекон

Кој го води кон разум оној што мисли дека има разум, залудно се труди.
Демокрит

Нашите предрасуди се наши љубовници; разумот во најдобар случај е наша жена, мошне често потребна, но ретко приврзана.
Филип Дормер Стенхоуп Лорд Честерфилд

Сочувството е поважно од интелектот за да ја повика љубовта која е потребна за мировна работа, а интуицијата е понекогаш подобар рефлектор во темна ноќ отколку здравиот разум.
Бети Вилијамс

Разумот може да замени речиси секој степен на образование, но образованието не може да го замени разумот.
Артур Шопенхауер

Ако човештвото било отсекогаш разумно, историјата не би била долга хроника на глупости и злосторства.
Артур Шопенхауер

Според глупаците и лудаците може да се покаже разборитост само на еден начин: со нив да не се разговара.
Артур Шопенхауер

Подобро разборитоста да се покаже со она што се премолчува, одошто со она што се кажува.
Артур Шопенхауер

Истакнувањето на духот и разборитоста е само еден начин со кој сите други се прекоруваат за неспособност и тапоглавост.
Артур Шопенхауер

За малку луѓе ќе кажеме дека имаат здрав разум ако не се согласуваат со нас.
Франсоа Ла Рошфуко

Сите се согласуваат на слабо паметење, а никој на слаб разум.
Франсоа Ла Рошфуко

Мудроста куќа гради, а разумот ја одржува.
Соломон

Тешко е да се следи гласот на разумот ако е човек мошне богат и моќен, или ако наспроти тоа е премногу сиромашен, слаб и без каков било углед.
Аристотел

Разумниот човек му се прилагодува на светот, неразумниот човек упорно се обидува светот да го прилагоди на себеси. И така, целокупниот прогрес зависи од неразумниот човек.
Џорџ Бернард Шо

Самоодрекувањето не е добродетел; тоа е само победа на разборитоста.
Џорџ Бернард Шо

Човек кој го слуша разумот е изгубен: разумот ги сопира сите оние чиј дух не е доволно силен за да се спротивстави.
Џорџ Бернард Шо

Кој разборито гледа на светот, него светот го гледа разборито.
Георг Вилхелм Фридрих Хегел

Сите разборити луѓе се со иста вера.
Бенџамин Дизраели

Има луѓе кои мислат дека е разборито сè што се чини со сериозно лице.
Георг Кристоф Лихтенберг

Не барај разговор со мртовец, ни добродетелства од шкрт.
Сократ

По бисерите и дијамантите на светот најредок е разборитиот дух.
Жан д Ла Бриер

Молзи крава која е покрај тебе. Зошто да се трча по онаа што бега?
Теокрит

Кој не може што сака, мора да сака што може, зашто би било лудо да се сака што не се може.
Леонардо да Винчи

Не треба да се игра карти со оној што ги држи само адутите.
Кристијан Фридрих Хебел

Имајте на ум дека јас кој говорам и вие кои судите сме смртни луѓе; и ако јас ви пружам веројатгности, не барајте ништо повеќе.
Платон

Почеток на разборитоста е: од добро мора да дојде добро, од зло мора да дојде зло. Тоа е прв закон на животот и со сè што живее тој управува.
Буда

Секој човек како и секоја книга има свои добри страни-треба само да се прескокнат оние што не се добри.
Џавахарлал Нехру

Секој поседува токму онолку суета колку што му недостасува разум.
Фридрих Вилхелм Ниче

Кога мозокот би бил толку едноставен за да би можеле да го разбереме, тогаш ние би биле толку едноставни што тоа воопшто не би го можеле.
Емерсон В. Пуг

Страста мора да му се покорува на разумот.
Марко Тулиј Цицерон

Разумот е господар и крал на сè.
Марко Тулиј Цицерон

Разумот не може да востанови вредности, а неговото верување дека тоа може е најглупава и најкобна илузија.
Алан Дејвид Блум

Нека секогаш те води разумот, а не страстите.
Дон Боско

Моцарт: „Без грижа, го завршив Реквием“. Салиери: „Да? Можам ли да го видам?“. Моцарт: „Не. Сè уште е во мојата глава“.
Питер Шафер („Амадеус“)

Редот е веселба на разумот, но нередот е сласт на фантазијата.
Пол Клодел

Ниеден човек никогаш досега не бил толку без разум за да се двоуми за правото на самоодбрана.
Даниел Дефо

Подобро е да се разбира малку одошто да се разбира погрешно.
Анатол Франс

Во сè што се презема треба да се остават две третини разум, а една третина случај.
Наполеон I Бонапарта

Ако разумот го праи човекот, чувството го води.
Жан-Жак Русо

Луѓето со незначителна разборитост не можат да бидат одлучни. Тие можат во тешки случаи да дејствуваат без двоумење, но тогаш тоа го прават без премислување.
Карл фон Клаусевиц

На подрачје кое бара најголема разборитост-во политиката-беснеат обично најжестоки страсти.
Сигмунд Граф

Никогаш не донесувајте важна одлука ако не сте разгледале барем две можности за избор.
Ли Јакока

Слободни сме толку повеќе, колку што дејствуваме разборито, а слуги толку повеќе, колку што повеќе допуштаме со нас да владеат страстите.
Готфрид Лајбниц

Страстите не се лечат со разборитост, туку само со други страсти.
Карл Лудвиг Борн

Во ненадејни несреќи надмениот човек не ја губи само храброста, туку и разборитоста.
Франческо Гвичардини

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here