Потребно време за читање: 3 минути

25. Алчност/Лакомост

Пословици од народите на светот

Оној со чие срце завладеала алчноста, бескрајно е сиромашен, макар бил и богаташ. (Јапонска)

Не оној што е алчен со малку, туку оној што сака повеќе. (Руска)

Алчноста на последниот ум лишува. (Руска)

Алчноста турка кон подлост. (Руска)

Има многу, но сака повеќе. (Руска)

Алчен како мечка и кукавица како зајак. (Кинеска)

Не можам да јадам, па ќе го земам со мене. (Кинеска)

Латински изреки

Avaritia omnia vitia habet. (Лакомоста ги има сите пороци.)

Avaritia copia non minuitur. (Богатството не ја намалува алчноста.)

Avaritia scelerum mater. (Алчноста е мајка на криминалот.)

Домисла-Гесло-Мисла водилка

Не ги собирајте за себе богатствата на земјата, кај што молецот и `рѓата расипуваат, и кај што крадци поткопуваат и крадат. Туку собирајте го богатството на небото, кај што молецот и `рѓата не расипуваат, и кај што крадци не поткопуваат и не крадат. Зашто, каде е вашето богатство, таму ќе биде срцето ваше.
Библија

Спрема мајката Земја и спрема братот Небото белиот човек се однесува како спрема нешта што можат да се купат, да се ограбат и продадат како стока или блескав накит. Неговата лакомост ќе ја уништи Земјата и зад себе ќе остави само пустош.
Поглавица Сиетл

Рекле, идумале

На сиромавиот му недостасува многу, а на лакомецот сè.
Хорациј

Мала паричка пред окото може да засолни голем рид.
Раби Нахман од Брацлав

Кога човек ќе совлада неволја, сака удобности, од удобности преминува на излишност, од излишност на раскош, од раскош на престап.
Наполеон I Бонапарта

Лакомоста ги опфаќа сите мани.
Аул Гелиј

Дури и боговите се придобиваат со дарови.
Овидиј

Лакомоста за уживање во својот општ облик и шкртост се два посебни облика на ненаситност.
Карл Маркс

Лакомоста е најголема сиромаштија. Задоволството со она што го имаш е најголемо богатство.
Ал-Катаб

Земјата овозможува доволно за да ги задоволи сите човечки потреби, но не и сите човечки алчности.
Махатма Ганди

На алчноста ништо не ѝ е доста, а на природата ѝ е доволно и малку.
Луциј Анеј Сенека

Проклета глад за злато, на што сè не ги наведуваш човечките срца!
Вергилиј

Алчноста за пари е извор на сето зло.
Џорџ Бернард Шо

Вечна војна се води помеѓу оние што се на светот за од него да извлечат што поголема корист и оние што се за животот на Земјата да го направат што поудобен за сите луѓе.
Џорџ Бернард Шо

Лакомоста е природна последица на ориентацијата на имање. Лакомиот, без оглед што е содржината на неговата лакомост, никогаш нема да има доволно, ниту ќе биде задоволен. Секоја лакомост е ментална, макар да ја задоволуваме по телесен пат-нема точка на заситеност зашто внатрешната празнина, здодевноста, осаменоста и потиштеноста, кои би требало да преовладеат, не можат да бидат отстранети со задоволување на дотичната лакомост.
Ерих Фром

Лакомоста е „дупка без дно“ која го исцрпува човека во бескраен обид да ги задоволи своите потреби, без конечно задоволство.
Ерих Фром

Човекот е самиот на себеси најголем непријател, зашто речиси на сето зло, како и на опасностите и многуте неволји единствена причина е лакомоста.
Франческо Гичијардини

Мое. Твое.-Ова е мој пес, зборуваа кутрите деца; овде е моето место под Сонцето. Еве го почетокот и сликата на присвојување на целата земја.
Блез Паскал

Најголема добивка е кога им даваш на други; најголема загуба е кога лакомо примаш без благодарност; најдобра заштита е трпението; најдобро оружје е мудроста.
Буда

Најостар меч е зборот изговорен во бес; најсилен отров е лакомоста; најжежок оган е омразата; најтемна ноќ е незнаењето.
Буда

Нека благоста победи лутина, нека доброто совлада зло, нека лакомиот го посрамотат дарови, нека лажливецот го победи вистина, а нека на омразата по патот на љубовта ѝ дојде крај.
Буда

Никогаш немој да ги броиш кокошките пред да ги уловиш.
Езоп

Сите оние што неприродно копнеат за нешто, често го губат и она што го поседуваат.
Езоп

Зауздете ги своите апетити, драги мои, и вие сте ја победиле човечката природа.
Чарлс Дикенс

Лакомиот човек секогаш има двојна мака: како да натрупа пари и како да ги потроши.
Лао Це

Робот има само еден господар; на лакомиот човек господари му се сите кои би можеле да му користат во неговото напредување.
Ла Бриер

Коњот на соседот е подобар од мојот затоа што не е мој.
Мишел д Монтењ

Замолчи ја својата вообразба; воздржи ги своите желби; угасни ја распламтената лакомост. Нека твојата душа биде само своја и единствено своја.
Марко Аврелиј

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here