ДУМА, ОПИТ, УКА 25

Потребно време за читање: < 1 минута

25. Алчност/Лакомост

Пословици од народите на светот

Оној со чие срце завладеала алчноста, бескрајно е сиромашен, макар бил и богаташ. (Јапонска)

Не оној што е алчен со малку, туку оној што сака повеќе. (Руска)

Алчноста на последниот ум лишува. (Руска)

Алчноста турка кон подлост. (Руска)

Има многу, но сака повеќе. (Руска)

Алчен како мечка и кукавица како зајак. (Кинеска)

Не можам да јадам, па ќе го земам со мене. (Кинеска)

Латински изреки

Avaritia omnia vitia habet. (Лакомоста ги има сите пороци.)

Avaritia copia non minuitur. (Богатството не ја намалува алчноста.)

Avaritia scelerum mater. (Алчноста е мајка на криминалот.)

Домисла-Гесло-Мисла водилка

Не ги собирајте за себе богатствата на земјата, кај што молецот и `рѓата расипуваат, и кај што крадци поткопуваат и крадат. Туку собирајте го богатството на небото, кај што молецот и `рѓата не расипуваат, и кај што крадци не поткопуваат и не крадат. Зашто, каде е вашето богатство, таму ќе биде срцето ваше.
Библија

Спрема мајката Земја и спрема братот Небото белиот човек се однесува како спрема нешта што можат да се купат, да се ограбат и продадат како стока или блескав накит. Неговата лакомост ќе ја уништи Земјата и зад себе ќе остави само пустош.
Поглавица Сиетл

 

Leave the first comment