Почетна Дела во создавање ДУМА, ОПИТ, УКА ДУМА, ОПИТ, УКА, 127

ДУМА, ОПИТ, УКА, 127

74
0
Потребно време за читање: 4 минути

127. Услов(е)ност-Причина-Последица

Услов(е)носта е нужна кога е поврзана со знаењето, опитноста и мудроста. Таа со нив е докра, а може да се престори во зависност, па и во меѓузависност. Услов(е)носта од сила, моќ, власт и властољубие, пак, смислата ја ништи наметнувајќи ја бесмислата.

Причинско-последичните врски и разврски се дел од секојдневната живеачка на човекот, сеедно дали дејствува и создава самостојно или во заедница. Посебно, пак, специфично, на своевиден начин кога и дејствувањето и создавањето ја условуваат неговата егзистенција. Човек со причина се раѓа и опстојува со оголед на последиците.

Услов(е)носта, причината и последицата го затврдуваат постоењето на човекот и светот.

Услов(е)носта е нужна кога е поврзана со знаењето, опитноста и мудроста. Таа со нив е докра, а може да се престори во зависност, па и во меѓузависност. Услов(е)носта од сила, моќ, власт и властољубие, пак, смислата ја ништи наметнувајќи ја бесмислата.

Причинско-последичните врски и разврски се дел од секојдневната живеачка на човекот, сеедно дали дејствува и создава самостојно или во заедница. Посебно, пак, специфично, на своевиден начин кога и дејствувањето и создавањето ја условуваат неговата егзистенција. Човек со причина се раѓа и опстојува со оголед на последиците.

Услов(е)носта, причината и последицата го затврдуваат постоењето на човекот и светот.

Македонски народни пословици и изреки

Зорт голем му дадов, да така парите му `и зедов.

Коа ќе си го видам тило, тогај ќе ти видам аирот.

Ако ти ја клаат алката на носот, како мечка ќе ми те водат.

Ако немаше темница, ич не ќе се милуаше виделината.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА, 163

Дури би жив, и би здрав.

Вати бестрага откоа му изеде на свето стоката.

Резил се стори со тие пусти лаги негоји.

Кој не есапи, тој нема да касапи.

Коа ќе те сака к`смето, и од баџа ќе ти  дојди арното.

Пословици и изреки од народи на светот

Ако сееш кактус, не очекувај грозје. (Арапска)

Какво ѕвоно, таков глас. Какво жито, таков клас. Какво дрво, таков клин. Каков татко, таков син. (Српска)

Оној што себеси се правда, не е познат надалеку. Оној што себеси се слави, нема долго да издржи. (Српска)

Подобро е со мудар да се плаче, одошто со луд да се пее. (Српска)

Ако не си наковална, биди трпелив. Ако си чекан, биди јак. (Турска)

Скршена гранка дава скршена сенка. (Јапонска)

Ако глумиш сениште-сениште ќе станеш. (Еврејска)

Кога капка вода ќе падне на вжештено железо, ќе испари; истата капка, ако падне на лотосов цвет, ќе заблеска како перла, а ако падне на школка, ќе стане бисер. Така и човекот станува она со што се здружува. (Индиска)

Латински изреки

Нема последица без причина. (Nullus effectus sine causa.)

Мед никому не му се дава без жолчен сок.

Кој со волк се дружи, мора да завива.

Зборувај за ангел и ќе го слушнеш треперењето на неговите крилја. Зборувај за ѓаволот и ќе се појават неговите рогови.

Домисла, гесло, мисла водилка

Ако плеснеш со една рака, ќе има ли звук?
Зен изрека

За одлучен човек алтернатива е: или да стои на чело на сè или да се засолни во шума.
Индиски мислител

Во извесни случаи подобар е оној што својата жртва веднаш ја проголтува, одошто оној што долго ја џвака.
Индиски мислител

Рекле, издумале

Кој може да пие од извор, нека не пие од сад.
Фридрих Вилхелм Ниче

Оној што стои на врвовите на прстите, не стои цврсто. Оној што гази со крупен чекор, не оди добро.
Лао-Це

За иста битка на облаци глувите дознаваат преку блесок на молња, а слепите само преку грмотевица.
Џорџ Сантајана

Не му е познато слаткото на оној што не вкусил горчливо.
Катон

Како што медот зависи од пчелите, така и пчелите зависат од медот.
Вилхелм Мулер

Како ќе посееш, така и ќе ожнееш.
Цицерон

Доколку еден заб се расипе побрзо, дотолку побрзо станува златен.
Ханс Вагнер

Микробот не е ништо, теренот е сè.
Луј Пастер

Ако наградата е цел на религијата, ако патриотизмот му служи на личниот интерес и ако образованието е само поради лично напредување, тогаш повеќе сакам да сум неверник, непатриот и мал човек незнајко.
Калил Џибран

Ние сме практични ако е тоа во наш интерес, а идеалисти кога се однесува на други.
Калил Џибран

Оној што ти го проколнуваш, тебе ќе те проколне. Она што ти го благословуваш, тебе ќе те благослови.
Роберт Ентони

Ако судиш-истражувај, ако владееш-наредувај.
Луциј Анеј Сенека

Плашливецот себеси се нарекува претпазлив, а шкртиот штедлив.
Публилиј Сириј

За да се стигне до извор, треба да се плови против струја.
Станислав Јержи Лец

Соништата зависат од положбата на оној што спие.
Станислав Јержи Лец

Кај што има многу светлина, тука и сенката е длабока.
Јохан Волфганг Гете

Ако не си кадарен да истураш молњи, батали го грмењето.
Емануел Гејбел

Бидете подготвени да прифатите. Прифаќањето на она што се случило е прв чекор до надминување на последиците од каква било несреќа.
Вилијам Џејмс

Токму нашиот однос на почетокот на некоја тешка задача го одредува резултатот, повеќе од што било друго.
Вилијам Џејмс

Само затоа што сме поразени сто години пред да почнеме, не е причина да не се обидеме да победиме.
Харпер Ли

Човекот е лековерно животно и мора да верува во нешто; во недостиг на добри причини за вера, ќе се задоволи со лоши.
Бертранд Расел

Не менувај ја својата природа. Некои јурат по среќа, други ја создаваат. Кога животот ќе ти создаде илјада причини за плачење, покажи им дека имаш илјада причини за насмевка.
Меша Селимовиќ

Љубовта е веројатно единствена ствар на светот која не треба да се објаснува ни да ѝ се бара причина.
Меша Селимовиќ

Јас сум видел во што е таканаречената борбеност на некои „борбени“ луѓе. Тие измислуваат своја „борба“, насила ѝ наоѓаат причини, ќе ѝ наденат име и се борат, без ризик и резултат, се борат-само за да не мораат да мислат и работат.
Иво Андриќ

Секогаш треба да се биде вљубен. Тоа е причина зошто никогаш не треба да се венчаме.
Оскар Фингал Вајлд

Најдобрите околности им се случуваат на оние што најдобро искористуваат секоја околност.
Џон Вуден

Не постои апсолутна добродетел-постојат околности.
Оноре де Балзак

Волјата е моќ на сопствената каузалност наспроти надворешниот свет.
Рудолф фон Јеринг

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here