Потребно време за читање: 6 минути

124. Слава

Не стекнуваш слава ако ти е до слава. Ако ти е до неа, нема ни сам да ја стекнеш со дело или добродететлство, ниту ќе ти ја даде некој.

На славниот славата ништо не му значи. Му значи она што го направила славен.

Не ти треба слава во неславно време. Во нego таа е лажна и спротивна на вистинските вредности. Во славно време, пак, славата ја стекнуваш сам, и тоа кај оние што знаат да ги препознаваат вистинските вредности.

Македонски народни пословици и изреки

Славата никој не можи да му ја одземи.

Му удрила славата во глава.

За чест и слава.

На стара слава.

Му го скрши шанот.

Му се скрши шанот.

Уште му го слават негоото јунасто, како што го слават јунастото од Марка Кралета.

Пословици и изреки од народи на светот

Големите бродови длабока вода газат. (Англиска)

Не живеел оној што не живее по смртта. (Африканска)

Длабоката река бесшумно тече. (Корејска)

Оддалечените светци изгледаат семоќни. (Ерменска)

Врв совладува оној што оди. (Казахстанска)

Името на Бога е поголемо и од него самиот. (Бенгалска)

Немој да се качуваш кога друг паѓа. (Еврејска)

Нека не се смее горниот лист кога долен лист опаѓа. (Малајска)

Само височина има сенка. (Бурманска)

Стара школка бисер дава. (Виетнамска)

Кој не го знае своето место, ќе остане без него. (Арапска)

И најголемите кули се подигаат од земја. (Кинеска)

Не те прашувам колку си скокнал, туку колку скокаш. (Кинеска)

Сенка се гледа таму кај што сака сонцето. (Кинеска)

Латински изреки

Чувај се славата да не те заведе.

Sic transit Gloria mundi. (Така минува славата на светот.)

Per aspera ad astra. (Низ трње до ѕвезди.)

Gloria discipuli, Gloria magistri. (Славата на ученикот е слава на учителот.)

Ad astra. (Кон ѕвездите-Во височини.)

Ad augusta per angusta. (Низ тешкотии до возвишеност.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Луѓе со малку ум и знаење стануваат славни личности во јавниот живот зашто е тој безвреден.
Анонимус

Избегнувај ја срамотата, но не барај слава зашто ништо не е така скапо како славата.
Анонимус

Рекле, издумале        

Славата е нешто што треба да се стекне; честа е нешто што не смее да се изгуби.
Артур Шопенхауер

Славата им доаѓа само на оние кои за неа секогаш сонувале.
Шарл Де Гол

Славата е шарена закрпа на трошната облека на поетот.
Александар Сергеевич Пушкин

Славата е отров кој треба да се зема во мали дози.
Оноре Де Балзак

Славата е сонце на мртвите.
Оноре де Балзак

И тоа ми е нешто-Слава! Скапо ја плаќаш, а не можеш да ја задржиш. Не е ли таа егоизам на големите луѓе, како што среќата е е егоизам на будалите?
Оноре де Балзак

Славољубивиот човек е секогаш лош.
Петар Илич Чајковски

Вистинска слава ќе стекне оној што ќе ја презре.
Тит Ливиј

Старата слава се губи ако не дојде нова.
Публилиј Сириј

Славата ја следи завист.
Гај Криспиј Салустиј

Кревка е славата на богатството и златото.
Гај Криспиј Салустиј

Чудно е како луѓе со малку вистинска интелектуална супериорност можат да станат славни личности во јавниот живот.
Семјуел Џонсон

Луѓето се загрижени за својата слава. И колку им е поголема, толку повеќе се плашат да не ја изгубат.
Семјуел Џонсон

Прекрасна предност на славата! Да се има име кое се провлекува низ устите на глупаците.
Жил Барфбе д`Орвили

Што значи да се биде славен? Да се постигне со многу лаги и глупости да се зборува на ваша сметка.
Гистав Флобер

Не, јас не ја презирам славата, зашто човек не го презираа она што не може да го дочека.
Гистав Флобер

Трагедија на славата е што мораш да изгубиш премногу време за да станеш славен.
Пабло Пикасо

Треба да се одмориш кога ќе дојдеш до врвот.
Пабло Пикасо

Потешко е да се задржиш на врвот, отколку да стасаш на него.
Чезаре Канти

Славата е мошне променлива: кој седи само на ловорови венци, набрзо тие ќе му се претворат во кактуси.
Питер Устинов

Преку ноќ станува славен само оној што со денови работел неуморно.
Хенри Фонда

Добриот глас е суетна и лажна илузија која често ја стекнуваш без заслуга, а ја губиш без вина.
Вилијам Шекспир

Славата е како кругови на вода, силата им се намалува сè додека не се изгубат.
Вилијам Шекспир

Да се прими ловор, значи да се предаде размерот на својата глава.
Станислав Јержи Лец

Славата често ја изедуваат молци.
Карло Доси

Славата ѝ дава сила на одважноста.
Овидиј

Будали се оние што сметаат дека славата се заснова единствено на добродетелства.
Шарл Бодлер

Патот кој води до славата никако не е посипан со цвеќе.
Данте Алигиери

Славата е моќен афродизијак.
Греам Грин

Славата на големите луѓе треба да се мери според средствата со кои се служеле за да ја здобие.
Франсоа Ла Рошфуко

Славен човек е некој што многу се трудел да стане познат, а потоа носи темни очила за божем да не го препознаат.
Фред Ален

Нашата најголема слава не е во тоа никогаш да не паднеме, туку секогаш кога ќе паднеме да се кренеме.
Конфучиј

Нас, кои еднаш сме го минале полето на славата, нè имаше многу, па што остана? Само ритче земја на кое се жари црвен плевел секоја пролет.
Конфучиј

Славата денес е гадно, мошне гадно нешто. Да се биде прочуен не е да се биде познат според славни свои дела. Напротив. Славен денес значи да се биде секој ден фотографиран однапред и отстрана, да се пушти публиката во интимноста на својот стомак, своето срце, својата маса, својот дом и својата постела.
Антун Густав Матош

Слава, тоа е единствена човекова среќа која не е спокојна и која е најскапо платена.
Јован Дучиќ

Бродот на Времето во секое пристаниште истоварува по една слава. Но, се случува во идното пристаниште пак да ја натовари.
Фирмин ван ден Бош

Стремежот за слава не им припаѓа на сите, но оној што ѝ е достоен, тој мора да работи за неа.
Паоло Мантегаца

Таква е славата: доаѓа и проаѓа. Таков е светот: го издигнува човекот до слава само за да има кого да заборави.
Шандор Петефи

Најмногу свет им припаѓа на децата на Славата.
Франце Прешерн

Не може да има слава кај што нема добродетелство.
Алфонс де Ламартин

Славата брише сè…сè…освен злосторство!
Алфонс де Ламартин

Славата за една жена е само величествен погребна среќа.
Мадам де Стал

Славата и мирот се нешта кои не можат заедно да опстојуваат.
Георг Кристоф Лихтенберг

Славата е како река која носи предмети лесни и надуени, а ги потопува оние што се цврсти и тешки.
Френсис Бекон

Славата се безвредни и лажни пари.
Микел Ејкем де Монтењ

Ви велам дека ми се чини оти славата е маштеа на смртта, а амбицијата измет на славата.
Пјетро Аретино

Светската слава е како ветришта што дуваат сега одовде, сега одонде и своето име го менуваат според насоката на струјата.
Данте Алигиери

Патот кој води до слава никако не е посипан со цвеќе.
Данте Алигиери

Човечката слава не е ништо друго освен големо напрегање на сите видови ветришта.
Анициј Манлиј Северин Беотиј

Ако Троја беше среќна, кој би знаел за Хектор?
Публиј Овидиј Назон

Среќата е награда прва,
а гласот добар плата друга.
Кој среќа и глас добар доживеал,
тој венец на слава најубав свил.
Пиндар

Падот не мора да ни ја однесе славата што подемот ни ја донел.
Педро де ла Барка Калдерон

Славата е само сенка на делото; ако дело не го осветлува сонце, секако нема да ја видиме ни сенката.
Фридрих Хебел

Избегнувај срамота, но не барај слава зашто ништо не е толку скапо како слава.
Фридрих Хебел

Со славата ви е како и со јадењето: никогаш не треба да се гледа како се подготвува.
Госвин-Жозеф барон де Стасарт

Живеев доволно долго за да ги задоволам природата и славата.
Јулиј Цезар

Највисока форма на суетата е љубовта спрема славата.
Џорџ Сантајана

Ништо не може да го разбуди честољубието како звукот на туѓата слава.
Балтазар Грацијан и Моралес

Хероите се разликуваат според своите достигнувања, а славните луѓе според своите заштитни знаци. Хероите се создаваат самите себеси, а славните луѓе ги создаваат медиумите. Хероите се големи луѓе, а славните луѓе се големи имиња.
Даниел Џозеф Бурстин

Славата е минлива, но непознатоста е засекогаш.
Наполеон I Бонапарта

Лошата страна на славата се луѓе кои не ве познаваат, а осудуваат.
Ана Курникова

Сите сакаат внимание, само славните во тоа понекогаш немаат мера.
Ал Пачино

Многумина луѓе угледни и славни личат на јајце: надвор е лушпа бела и чиста, а однатре-маток.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Ако некој може да ги урамнотежи мојата слава и мојата двојна кариера во музиката и филмот, тогаш тоа сум јас. Не се чувствувам исплашено, туку предизвикувачки.
Џенифер Лин Лопез

Ако живеете за почетна фаза на слава и за добивките на минатото, запомнете дека не сте што сте. Ако живеете и покрај тоа, тогаш имате надеж дека можеби ќе научите како се пишува зборот уметник.
Патрик Свејзи

Подобро е да се мине ќелав низ тој друг свет во полна слава на некоја страст, одошто да се исчезне и да се овене тажно со годините!
Џемс Џојс

Човек не може да ја намали Божјата слава така што одбива да Го слави повеќе отколку што лудак може да го изгасне Сонцето така што ќе го напише зборот „темнина“ на ѕидовите на својата ќелија.
Клајв Стејплс Луис

Ниедно разумно суштество не било предмет на култ, не станало славно, не оставило свој печат ни на еден настан.
Емил Сјоран

О, колку е кратка светската слава!
Томас А Кемпис

За својата сопствена книга можам да мислам едно, а некој друг нешто друго. Дури и кога ја живее својата книга, писателот со неа се оградува. Не е ли тогаш славата и познатоста писателов парадокс?
Неџад Ибришимовиќ

Победата без ризик е како триумф без слава.
Пјер Корнеј

Славата е минлива, срамот е вечен.
Хенри Милер

Славата е постојан напор.
Пјер-Жил Ренард

Животот на мажот е славата, животот на жената-љубовта.
Иво Андриќ

Славата им припаѓа на оние што се на себеси доволни.
Аристотел

Мудреците се ослободуваат од страста за слава.
Публиј Корнелиј Тацит

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here