Потребно време за читање: 5 минути

118. Безработност-Мрзливост

Безработноста која е последица на собитија кои никако и никого не водат напред мора да е грижа на сите, а најнапред на оние што презеле одговорност да му овозможат секому еднакви и рамноправни права на животворење. Колкава да е таа, резултат е на неодговорност насспоредна со незнаење и неспособност.

Личната безработност која е последица на состојби, положби, неможности и нерасположби прави човек самиот да се обезвреднува и да се обезличува себеси. Но, попрво од сè го доведува дури до неизлечива разболувачка и бавна и мачна или брза и ненадејна умирачка.

Безработноста и мрзеливоста се блиски, па и нераскинливо поврзани? Во извесна мера да, особено кога од предолга безработност човекот се пасивизира дотолку, што од мрза не сака ни снага да исправи ни на свои нозе да застане. Повеќе се блиски одошто поврзани.

Најважно од сè:

Работливиот човек не си дозволува ниту мигум да ѝ се препушти на мрзеливоста, ниту може да му се случи и џабе да работи само џабе да не седи.    

Македонски народни пословици и изреки

Кој се надева на небото, останува без леб.

Кој не работи, не јаде.

Бадијала да работиш, откоа не те брка работата, нема што да спечалиш.

Гледај си работата, а не гледај кај што течит реката.

Гулаби рани, работа губи.

Дните в торба не влегоа, да што се стегаш за работа.

Играчките за децата, а за мажите работата.

Ја тиква ја лубеница ќе му излезит работата.

Кој оди по ѓаола, ќе му ја работи работата негоа.

Трудот се храни, а мрзеливоста се брани.

Јадиш, пиш, легниш, спи-така си праат мрзливите жени.

Мрзата е краста.
Лоша навика

Мрзата си ја носит сиромаштијата по себе.

Мрза туку нема у чоека, мила му е работата.

Од голема мрза му капи капката на куќата.

Остај ја мрзата, вати ја брзата.

Работата го краси чоека, а мрзата го гнаси.

Сув леб да јадам, ама мрза да немам.

Ајмана си оди; од пуста мрза невиден ќе умри.

Газо не си го мрднуа од пуста мрза.

Бадијала ја гази земјата мрзливио.

Безбели го мрзи што неќи да работи.

Вели си на мрзла да работи, тој пак си седи.

Глаата ќе му тргат од пустата мрза.

Голо, босо, ами пуста мрза што го навјасало.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Дојди мрзо, попошти ме, оти вошки аздисале.

Зборуј и работи, нека мрдаат и рацете како што мрдат устата.

Кинисал ѓоа на работа, арно ама мрзата назад го трга.

Ништо нема поблаосоено од работа и ништо нема поколнато од мрза.

Од мрза потешко нема.

Од пуста мрза црви зовре со опашки.

Пес нема од алиштата да вати, го мрзи да се закрпи.

Пуста мрза што го ватила, леб го мрзи да јади.

Речи, одречи, пак мрзата го гмечи.

Пословици и изреки од народи на светот

Безработниот човек има три работи: да јаде, да спие и вешто да се потсмева. (Бенгалска)

Ништо не доаѓа без мака, освен сиромаштијата. (Англиска)

Безработен е и оној што може да биде подобро вработен. (Англиска)

Подобро е да се работи бесплатно одошто да не се работи ништо. (Персиска)

Не бидете мрзеливи зашто мрзеливоста е најголем непријател на крепоста. (Кинеска)

Кој не сака да побара поклопец за лонец, тој јаде несварен ориз. (Кинеска)

Кај што се зборува многу, малку се работи. (Српска)

Бескорисната работа е исто што и неработа. (Руска)

Без работа одморот не е сладок (Руска)

Не можев да шијам со злато, па удрив со чекан. (Руска)

Без работна сила ни риба не можете да извадите од бара. (Италијанска)

Без работа нема плод. (Турска)

Безработноста е мајка на сите пороци. (Француска)

Во куќата на мрзеливиот се множат само соништа. (Корејска)

Утре е секогаш ден кога мрзливоста има најмногу работа. (Норвешка)

Латински изреки

Labor omnia vincit. (Работата победува сè.-Во работата е спасот.)

Ora et labora. (Моли и работи.)

Quae hodie facere potes, in posterum ne distuleris. (Што можеш да направиш денеска, не оставај за утре.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Оди кај мравата, мрзливецу, гледај ги патиштата нејзини и промислувај.
Библија

Рекле, издумале

Безработицата е извор на сите мани, круна на сите добродетелства.
Франц Кафка

Мозокот на безработниот човек е омилено престојувалиште на ѓаволот.
Лав Толстој

Човек не треба да се срами од никаква работа, па ни од најодвратната; треба да се срами само од безработен живот.
Лав Толстој

Има само два извора на човечките пороци: мрзеливост и празноверие, и само двајца добродетели: работа и ум.
Лав Толстој

Безработниот е како часовник кому му недостасуваат обете сказалки: еднакво бескорисен било да оди или да стои.
Вилијам Коупер

Оние што сакаат да научат нешто, никогаш не се безработни.
Шарл Монтескје

Богат или сиромав, моќен или слаб-секој безработен граѓанин е крадец.
Жан-Жак Русо

Кога ситни луѓе имаат многу слободно време, секако ќе измислат секакви валканици.
Чуанг Це

Невозможно е сосем да се ужива во безработност сè додека постои некој што мора да работи за тебе.
Јероним Стридонски

Безработен живот не може да биде честит.
Антон Павлович Чехов

Слободното време и безработноста го менуваат човекот во друг субјект.
Карл Маркс

Безработноста без книга е смрт и погреб на жив човек.
Луциј Анеј Сенека

Бескорисниот живот е исто што и рана смрт.
Јохан Волфганг Гете

Секој сака да биде некој. Никој не сака да се потруди околу тоа.
Јохан Волганг Гете

Безработноста предизвикува меланхолија.
Изабел Аљенде

Подобра е мала заработка денес одошто голема утре.
Езоп

Кај што се потребни раце, зборовите се одвишни.
Езоп

Говорниците не се добри работници.
Вилјем Шекспир

Кога не работам ништом, се чувствувам како да плутам во топла вода. Угодно, совршено.
Ава Гарднер

Не ги разбирам луѓето кои сакаат да работат и да зборуваат за тоа како да е тоа некој вид проклета должност.
Ава Гарднер

Кој лаже, не знае со какава работа се зафатил зашто мора да измисли дваесет други лаги за да ја одржи првата.
Александер Поуп

Мрзливци не се само оние што не работат, туку и оние што можат да работат подобро.
Сократ

Мравата работи, тегне и од неа не станало ништо, а мајмунот се зезал по дрвја и од него станало човек.
Брана Црнчевиќ

Најмалку работа за учењето е направена во училница.
Томас Мертон

Невработеноста е еден од нашите најголеми проблеми.
Ангела Меркел

Ништо не доаѓа во право време, животот ништо не ни дава во оној момент кога сме подготвени. Поради таа безработност, поради тоа доцнење се долготрајни нашите болки. Мислиме дека некој се поигрува со нас. Но, еден ден забележуваме дека во сето тоа сепак постои чудесен ред и поредок.
Шандор Марај

Оној што се досадува е сигурно неработник. Таквиот може да умре и од многу поглупави ствари.
Фернандел

Кој е замислен не е безработен. Работата може да биде видлива и невидлива.
Виктор Иго

Уметноста е ништо без дарба, но дарбата е ништо без напорна работа!
Емил Зола

Успехот е збир на мали напори-се повторува од ден во ден.
Роберт Колиер

Нема посрамотен занает од денгубење, безработност и мрзливост.
Доситеј Обрадовиќ

Како што железото `рѓосува ако не се употребува, а водата се расипува и кога ја следи зима, така и човечката способност се уништува без вежба.
Леонардо да Винчи

Нема поголеми аскети од мрзливите луѓе. Од што сè се одрекле тие, во што сè не учествувале, какви сè задоволства си ускратиле-само затоа што ги мрзело.
Душко Радовиќ

Постои само една валидна причина за прекин на врската и престанок на работниот однос-неможност од личен раст во дадени околности.
Михаил Литвак

Сè што еден човек може да замисли, друг може да оствари.
Жил Верн

Мрзливоста толку бавно чекори, што сиромаштијата брзо ја стасува.
Бенџамин Френклин

Срамете се ако се фатите себеси дека сте безработни.
Бенџамин Френклин

Работливоста е мајка на среќата.
Бенџамин Френклин

Заспана лисица нема да фати кокошка.
Бенџамин Френклин

Секогаш сè се чини неможно додека тоа не го сторите.
Нелсон Мандела

Работата му го продолжува животот на човекот, а неработата му го скратува животот на неработникот.
Хипокрит

Една од најдобрите и најчистите радости е одмор по работа.
Имануел Кант

Мрзливата младост прави стар просјак.
Алехандро Гиљермо Ромерс

Која е најдобра храна? Онаа што сами сте ја заработиле.
Мухамед

Или работи, па имај, или исчезни да те нема.
Алексеј Јевдокимов

Не се соборува секое дрво со прв удар.
Адам Палмер

Секој голем успех е триумф на упорноста.
Џон Дики

Нема повработени луѓе од оние што не сакаат да работат ништо.
Молиер

Мрзливоста е праоснова на секоја среќа и завршување на секоја филозофија.
Ерих Марија Ремарк

Во безработноста владее лош дух.
Фридрих Шилер

Малото знаење што дејствува е бесконечно повредно од големото знаење што е мрзливо.
Калил Џибран

Мрзливиот и работниот не можат да живеат сложно, зашто мрзливиот премногу го презира работниот.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Инспирацијата е таква гостинка која не сака да посетува мрзливци.
Максим Горки

Со мрзливост никој не станал бесмртен.
Салустиј

Многумина очекуваат цел живот да вплови нивниот брод. Проблемот е во тоа што никогаш не испловиле.
Роберт Ентони

Не работејќи ништо, луѓето се учат да прават зло.
Луциј Јуниј Модерат Колумела

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here