Потребно време за читање: 2 минути

11. 2. 24. Образовен систем

Образовниот систем (процес) со својот методолошко-едукативен инструментариум е насочен пред сè кон индивидуата, нејзините предиспозиции, нејзината психофизичка и интелектуална конституција, а неговото функционирање се одвива и на општ план.

Интелектуалното оформување на личноста, усвојувањето на системот и методот на образованието, учењето и навиките, развивањето на сознајните сили и способности, примената на знаењето во практиката, професионалната дејност и способноста за самообразување-сè е тоа дел од образовниот процес кој создава научен поглед на светот.

Од друга страна, поврзаноста со воспитанието на образовното ниво му нуди побогата содржина и вредност (едукација) бидејќи интеракциите помеѓу образованието и воспитанието не само што овозможуваат совладување на научните сознанија за стварноста, природата и општествените односи, за производниот процес, технолошкиот развој на општеството, уметничките вредности и културниот живот, за параметрите на тоталитетот на животот, туку ги овозможува личните сознанија, ставови и критериуми, овозможува дефинирање на сопствена филозофија на животот.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Исто значење имаат воспитните, моралните, естетските и други критериуми кои ги потврдуваат вистинските вредности на човековата личност и нејзиниот активитет.

Образовниот систем (процес) се следи во сите негови фази: основното, средното и високото (академско, високошколско) образование. Според тоа, секое изделување, одделен пристап на некоја од нив не може да има валиден третман и не овозможува критичка валоризација на системот како комплексен механизам.

Во развојот на нашиот образовен систем токму таквиот, во основа ненаучен пристап, ги „изроди“ дефектите кои тешко се надминуваат, а директно влијаат врз интелектуалното ниво на човекот како единка и врз средината во која тој се движи и егзистира (насочено, применето образование итн., реформирање и пререформирање, недозволиво заостанување во развојот на методите и инструментите на образованието и воспитанието и сл.). Тоа, пак, од своја страна предизвика вистинско осиромашување и на општото и на стручното образование чија подвоеност, без оглед на демократизацијата на образованието и воспитанието кај нас, е сè уште мошне присутна и треба да има соодветен програмско-уредувачки третман. Особено затоа што процесот на „политехнизација на општото и депрофесионализација на стручното образование“ го нема нужниот интензитет.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Следствено на тоа, законитоста на процесот на образованието-да почнува со стекнување на општото, а да заврши со професионалното оспособување, односно стекнување на звање и специјализација, е наша реалност на сегашното севкупно развојно ниво и не треба да се пренебрегнува.

Општото и стручното образование како „природна“ потреба на човекот си имаат свои цели и содржини: општите знаења, умеења и навики потребни за секој човек, независно од знаењето и подрачјето на дејноста, кои му помагаат не само да го разбира светот околу себе, туку и да влијае врз него, да го прилагодува на себеси и на тој начин активно да се вклучи ви неговата изградба и напредок; стручното образование како оспособување на единката на професионален план, а за конкретни професионални, специјализирани задачи од неговото пошироко или потесно занимање.

Сето тоа овозможува и богат и разновиден содржински пристап во презентацијата на оваа материја: афирмација на личноста (личности), конкретни акции за модернизација и практична валоризација на образовниот систем (на пример акција за компјутеризација на предметната настава, набавување на аудио-визуелни помагала, натпревари во знаење, конкурси за иноваторски решенија итн.), критичка валоризација на воспитно-педагошките методи и елаборација на предметната материја и др.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here