Потребно време за читање: 2 минути

11.2.34. Модерен живот

Разликата помеѓу современото и модерното е одамна согледана и дефинирана од многу истакнати естетичари, социолози и антрополози кај нас и во светот. Јас веќе се определив за модерното радио како радио на современата модерност, притоа користејќи ја Јаусовата синтагма.

Како област, модерниот живот е близок на областа социјална и културна антропологија, но едновремено имајќи ги предвид разликите помеѓу нив.

Се чини дека тешко може да се дефинира кои прашања, проблеми, какви теми се обработуваат во негови рамки бидејќи нивниот опфат е речиси неограничен. Меѓутоа, дистинкцијата помеѓу современото и модерното сепак го прави тоа разграничување.

Современото живеење е времето во кое живееме, тн. жив живот, во сите негови пројави, со своето секојдневје. Со други зборови, современиот живот ги поставува пред човекот појавите и проблемите кои се повеќе или помалку блиски на духот на времето. Денешниот живот е секогаш современ во однос на вчерашниот.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

На радио програмата современиот живот во најопшта смисла се третира како „дневен ритам“. Поимот современ го содржи сегашниот момент, што значи актуелноста која, пак, во себе има еден мошне битен елемент што посочува и на разликата во однос на терминот модерно: елементот на привременото.

Поимот модерно е многу поширок од поимот современо. Некои теоретичари го акцентираат неговото траење како „траење на епоха“, додека современото може да се ограничи на времетраење од 20-30 години.

За новинарската практика прифатливи се ставовите дека модерното не е временски и историски прецизно одредена категорија, но секогаш значи надминување на традицијата и донесување на нешто ново, некоја иновација, нешто трендовско. Токму тоа, новото (поимот мода е многу тесен за да го изрази трендовското), трендот во нашето севкупно живеење, во сите сфери на животот е посебен интерес во рамките на оваа област.

Конкретно тоа значи: ги согледува, забележува, ги посочува сите промени и специфики кои го придвижуваат и продолжуваат современото живеење напред, и тоа од секојдневните однесувања и појави кај единката, разни социјални слоеви, семејниот живот, општествената организираност итн.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

На пример, плурализмот се третира не само како политички тренд, туку како процес кој длабоко задира во сите сфери на животот; демократијата не се „обработува“ само како борба за права и слободи на човекот, туку пред сè во нејзината суштинска опстојба со аргументи; подобрувањето на стандардот не се третира како „подобар живот“, туку како квалитет на животот, како цивилизациски тренд; модата не се следи како промена на животот, на секојдневјето, како стил или умереност, животен дизајн, туку како нов ритам на животот (музиката што ја обработуваат и презентираат музичките новинари).

Статистичките истражувања се мошне значаен извор на податоци за истражување на манифестациите на модерниот живот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here