Потребно време за читање: < 1 минута

11. Жена

За жената и со жената секогаш сè убаво. Кога е со други да е и со тебе, и за арно и за лошо. Кога е со тебе, нека е со други, ама само за тебе.

Жената е лична, та прелична. Kога е грда, грда е за други. Личбата на жената не е минлива, ниту менлива. Уште ако се негува и чува, уште ако без запир се продолжува следејќи ги годините, таа восхитува со својата постојаност.

Жената е и прва и последна во животот на човекот со род и пород. Кого го извишува до самосвест.  

Маж без жена како куќа без темел. Жена без маж како куќа без покрив, а поначесто растурикуќа.

Секогаш треба да се има предвид дека мажот без темел е и секаде и никаде, за секаде и за никаде, а жената како куќа без покрив сепак издржува долго и под ведро и под облачно небо, и на виделина и во мрак. Сè додека куќата не добие покрив. Растурикуќа е кога нема сила да издржи, кога нема опит и кога не е кадарна за маж и домаќинлак.

Прочитај и за ... >>  ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 27

Жената е жена и нема кому да му се докажува како жена. Особено не на маж.