Филмска камера

Потребно време за читање: 3 минути

Основата на филмската техника ја чинат филмската камера (апарат за снимање) и филмска лента.

Камерата, која во 1894. година ја конструира Огист Лимиер и со чија помош една година подоцна ги прикажа првите филмови, имала двојна функција: со неа се снимало и се проектирало. Набрзо тие две фунцкии се раздвоиле и посебно се усовршиле- постојано се усовршуваат техниките на снимање и техниките на проектирање.

Базата на филмската камера ја сочинуваат објективот и нејзината подвижност. Претставите снимени со камера битно зависат од објективот, односно од системот на леќи монтирани на нејзиниот преден дел. Откритието на тн. широкоаголен објектив, употребен во 1941. во филмот на Орсон Велс „Граѓанинот Кејн“, кој овозможува острина на сите планови, предизвика пресврт во разбирањето на техниката на снимање.

Првите филмови се снимани со статична камера, но набрзо се утврдило дека камерата објектот на снимање може да го опфаќа од различни страни; може да го панорамизира, да го врти околу сопствената оска, неговата поожба може да биде „во висина на очите“, може да биде над нивото на снимање на предметот или под неа, а може и да се преместува со помош на разновидни колички, значи да се доближува или оддалечува од објектот.

Прочитај и за ... >>  Геотермалната енергија и нејзиното искористување

Во 1895. година браќата Лимиер за своите први филмови употребувале ленти со широчина од 42 мм. Во 1906. во промет влегла целулоидната лента со широчина од 35 мм, која 16 години порано ја изумил Томас А. Едисон и која станала темелно средство на филмската уметност.

Потрагата по филм во боја е стара колку и филмската уметност. Во 1903. се јавува бојосувањето на секоја копија посебно (на франц. „couleures au pochoir“), а во 1906. филмот „во природни бои“ (кинемаколор на Г.А. Смит и Урбан).

Во 70-тите и 80- тите години на 20. век во практика беа две постапки: адитивна (rouxcolor, franciacolo) и суптрактивна (technicolor, agfacolor, ferraniacolor, sovcolor, eastmancolor).Се употребуваат ленти од различен формат (тесни од 8 и 16 мм, нормални од 35 мм и широки од 70 мм).

Во камерата се вметнува тн. негатив (црнобел или колор), од кого по развивањето се изработува позитивна лента. Од негативот може да се изработат голем број на позитивни ленти, а само во исклучителни случаи позитивната може да послужи за директно снимање, но тогаш од неа повеќе не може да се изработуваат копии, таа е уникатна.

Прочитај и за ... >>  Дали сте подготвени за мал бизнис?

Еден метар на стандарден формат има 52 сликички, а на секоја сликичка се наоѓаат по 4 перфорации. Од левата страна, со широчина од 2,54 мм, е обезбеден простор за звучен запис.

Одреден приказ може да се сними звучно и незвучно: под звучно (тонско) снимање го подразбираме синхроното снимање на слика и звук, а под незвучно (нетонско) посебни снимања на тие два елемента. Тонското снимање е изводливо со магнетофон, кој функционира синхроно со моторот на камерата, благодарение на работата на посебна магнетна глава.

Низ проекторот, кој служи за репродукција на филмот на екран, минува лентата со брзина од 24 сликички во секунда. Утврдено е дека тој број, во комбинација со физиолошко- оптичкиот феномен на перзистенција на окото, создава свршена илузија на филмското движење.

Проекторот најнапред се наоѓал во салата, заедно со гледачите, но набрзо добил изолиран, посебен простор- кабина. Сепарирањето на кино- салите, просторот во кој се сместени гледачите, од проекторот е само дел од низа на технички иновации, поради создавање на што поподобни услови за целосно доживување на филмската претстава.

Прочитај и за ... >>  Мамутите повторно на Земјата?!

Филмската камера содржи дури 45 дела- од плочка за оптегнување на филмот во касета, покажувач за количеството на филмот, до штитник на објективот, придвижувачко копче за држач на филтерот, држач на филтерот, кожен мев на комендиумот и маска.

Се разбира, како и во се друго, развојот на технологијата и посебно компјутеризацијата- дигитализацијата навлезе и во производството на филмската камера, особено во однос на нејзината големина.

 

Leave the first comment