Потребно време за читање: < 1 минута

54. Тој и таа и тој и таа

Чудно е нивното пријателство. Прво затоа што е просто невозможно да се одговори на прашањето дали е возможно, а второ бидејќи нивното минато како заеднички именител на соживотот денес е во голема мера нереално.

Може да се раскаже во два-три збора:

Тој и таа пред точно шест години и три месеци беа во љубов точно четири години и осум месеци. (Не е ли „точно“ првата релативизација?!) А од пред точно шест години и три месеци до денес се големи пријатели; според сопствени убедувања, нивното пријателство е нераскинливо.

Пред точно десет години и седум месеци, цели две години и девет месеци тој со неа беше во голема љубов, секогаш придружена со страстен, жесток, огнен секс. Таа, пак, со него во истиот период одвреме-навреме, најмалку еднаш неделно, во зависност од приликите, доживуваше страстен, жесток, огнен секс. Како со никој друг пред него.

Прочитај и за ... >>  ТЕКОВИ, раскази/ескизи

Нужно е да се повтори дека тој и таа и тој и таа сега се во големо и според нив, нераскинливо, трајно пријателство. Тоа го тврдат и сите нивни блиски и познајници. Без исклучок!

Праша некој какво конкретно?

Пријателството на тој и таа најмногу се изразува и докажува со меѓусебно разбирање и толеранција, со меѓусебно споделување и помагање, со меѓусебна  доверба и почитување, но и со непорекливо и неприкосновено лично достоинство.

Точно, нивното пријателство може просто да се прикаже со разграничување на минатото од сегашното. Како што обично се вели: што било-било, што е-нека е. Од друга страна, секој оној што ги знае релациите меѓу минатото, сегашноста и иднината, има право да заклучи дека нивното пријателство не е, ниту може да биде нераскинливо. Особено не трајно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here