fbpx Прескокни до главната содржина

ТЕКОВИ, раскази/ескизи, 75

75. Знак

Радомир Пламеноски тврди дека секој жив човек се раѓа со единствен и неповторлив знак што го носи до смрт. Кај некој видлив, кај некој невидлив за друг, но секако докажан или докажлив. Образложува:

„Велиме дека на светот ниту се родиле, ниту ќе се родат двајца исти луѓе. Нема такви ни меѓу близнаци, ни меѓу повеќе еднојајчени. Токму затоа што секој има свој, единствен и неповторлив знак. На снагата, на силата, во исправеноста или свитканоста, во мислата, во говорот…Може видлив за секого, но може и невидлив за никого. Може самиот човек да не го забележува, па и да не може да го догледа“.

На оној што го слуша внимателно, зашто му е поради што било важно неговото промислување и мислење за човекот, особено за неговото постоење и неговиот опстанок, Радомир Пламеноски му дообјаснува:

„Треба многу внимателно да се проучува знакот на човекот, сеедно дали ни е близок или далечен, односно какви се нашите врски со него. Притоа, посебно да се знае да се разликува добар од лош, што изразува, дали нешто докажува и дали претпоставува односно навестува нешто во блиска или далечна иднина. Доколку не се знае тоа, може да му се случи воопшто да не обрне внимание на него, па задоцнето или отпосле да бара некаква поврзаност со нешто што му се случило, па и да се обвинува себеси зошто не го открил совреме…Само ќе потсетам на важноста на знаците за навремено откривање на болест, за превентивно дејствување или лечење, како и на добрите и лошите знаци кои навестуваат вакви или онакви времиња и невремиња“.

Прочитај и за ... >>  ТЕКОВИ, раскази/ескизи

Ретки се оние што сомничаво го следат неговото излагање за знаците, а да не го прашаат:

„Кои знаци ти си научил да препознаваш на човекот, во него, во неговата природа, во неговото однесување, како бележење на состојба, можеби и како предзнак?“

Им одговара: „Сум открил и проучил само еден знак различен во секој човек. Најчесто е меѓу неговиот воздив и неговиот издив, а ја докажува рамнотежата или нерамнотежата меѓу душата и срцето

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.