Потребно време за читање: < 1 минута

22. Млади и надежни

Цветан Јанковски е млад и надежен човек, на прв поглед на дваесет и две-три години. Има завршено средно градежно, струка ѕидар специјалист. Работи во мала градежна фирма, но не е задоволен од плаќањето на неговиот труд и знаење. Како многумина нему знајни и незнајни млади, и тој се подготвува да замине во странство. Наскоро најверојатно во Германија.

Веќе три ипол години е во голема љубов со Вера Ѓорчевска, на прв поглед врсници, може и некој месец помлада од него. Таа има завршено средно медицинско, образовен профил медицинска сестра. Сè уште не е невработена, а нема амбиција да го продолжи образованието, да запише студии на Медицинскиот факултет. И таа, исто како Цветан, се подготвува да замине во странство. Наскоро најверојатно во Германија. Се надева заедно со него.

Обајцата воопшто не помислуваат на брак, на формирање семејство. Млади се, времето е пред нив. Прво да се обезбедат материјално, да заработат доволно за пристоен заеднички живот. Неважно им е каде во светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here