Потребно време за читање: < 1 минута

461. Болење

Сè појако го боли главата
од залудно промислување.

462. Сомненија

Он нема одговор зошто е сè
како што му било и ќе му е.

463. Сетила

Не се негови сите сетила,
но уште има доволно свои.

464. Прескокнат

Скокал, та прескокнал човечец
човек кој живее сал свој животец.

465. Преумора

Родливо бреме на човек
ноќ глува му завиделува.