Потребно време за читање: < 1 минута

94. Излеана

Се излеа река
од своето корито
што го длабела
илјадници години
со говор и писмо
во свеста, во мислата,
во душата, во срцето.

Не запре пред
длабоки корени
на сенки од
незнајно колку
поколенија;
колку да здивне,
сила неизмерна
да устреми кон
стари планини
со млади врвови;
па по ниедно време
да станат нејзини
нови брегови.

Има недоброј
болни предавства
на голи коски;
нема ни виделина,
нема ни мрачнина
над неа,
ни бран во неа
што копнежи и сништа
ќе бранува.

Минува низ разурнати
живеалишта,
низ неродна земја;
понира пред
диви ѕверки ослободени
од нивни сомисленици
кон својот подземен свет.

Знам дека на крајот
од играта,
со која народот ја кроти
нејзината сила
за да си го продолжи
опстојот во достојност,
пак ќе се излее
од своето корито
што го длабела
со говор и писмо
во свеста, во мислата,
во душата, во срцето.

Прочитај и за ... >>  СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Неволен, поетска студија за беспаќата во човекот

За потомства
да ја прекажуваат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here