Потребно време за читање: < 1 минута

145. Пеклени

Пеклени стануваат
беспаќава во човеков
кој никако да ги запре
своите походи на сни
на народ од дамнина,
вкоренет во мислата
дека за сечиј опстој
е суштествено
рамновесието
помеѓу природата
и непрестајната
животворност.

Пеклени стануваат
зашто се предолги
како последни,
пред исчезнување
или по конечно
себеобеснажување.

Човеков е пеклен
зашто не ги запира
своите походи на сни
на народ од дамнина,
а никако не успева
да се догледа себеси
во изгрев и залез
на сонце, на ѕвезди,
на месечина
или на хоризонт
меѓу
минато и сегашнина.

Пеклени се беспаќата
во него,
но којзнае дали
до умирачка ќе успее
да ги надмине,
а да остане само она
што е-човек.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here